Достапни линкови

Регионален напредок кон ЕУ


Конференција на министрите за евро интеграции во Скопје
Конференција на министрите за евро интеграции во Скопје

Во Скопје се одржува втората конференција на министрите за европски прашања од земјите од процесот за стабилизација.

Земјите од регионот во изминатиов период остварија значаен напредок кон интегрирањето во Европската Унија, заклучи вицепремиерот за Евроинтеграции на денешната Втора регионална конференција на министрите задолжени за европски прашања на
Напредокот на сите држави од регионот се зголемува секоја наредна година. Залагањето на граѓаните и нивната волја за обединување со граѓаните на заедницата е олицетворено во успешно спроведените задачи.
земјите од Процесот за стабилизација и асоцијација.

„Напредокот на сите држави од регионот се зголемува секоја наредна година. Залагањето на граѓаните и нивната волја за обединување со граѓаните на заедницата е олицетворено во успешно спроведените задачи.“

Според Наумовски, македонските граѓани се детерминирани да станат дел од европската заедница

„Република Македонија е првата држава во регионот што ја потпиша спогодбата за Стаблизизација и асоцијација што е потврда за европскиот дух на македонскиот народ и граѓаните.“

На денешната конференција присуствуваа претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора.
Српскиот вицепремиер Божидар Џелиќ рече дека Србија ја подржува Македонија на патот кон ЕУ:

„И да ги потсетам сите граѓани на Македонија дека Србија ја призна земјава под името Република Македонија, под уставното име. Во таа политика нема никакви промени. Се надеваме дека Македонија и Грција ќе дојдат до зеднички став. Ако се одреди друго име, република Србија ќе постапува во согласност со тој договор.“

Џелиќ изрази разочарување од односот на Македонија со Косово.

„Србија изразува длабоко жалење за признавањето на Косово. Сметаме дека било каков договор околу границите со Република Србија, без учеството на единствената легитимна српска влада, е неважечки и неприфатлив. “

Државнуиот секретар во Хрватското министерство за надворешни работи Давор Божиновиќ нагласи дека напредокот на Македонија е во интерес на Хрватска. Запрашан дали Хрватско - Словенечкиот модел е применлив за Грчко - Македонскиот Спор, Божиновиќ одговара :

„Моделот е очигледно тој. Државите кои имаат спор треба сами преку интензивен и отворен дијалог да бараат решение. Никој вон кругот на заинтересирани, во нашиот случај тоа беа Хрватска и Словенија - на нас никој не ни дојде со решение.“
XS
SM
MD
LG