Ситуацијата на Балканот не е перфектна, но се движи во вистинска насока. Ова е оценката на врховниот командант на НАТО адмирал Џејмс Ставридис која бара намалување на силите на Алијансата на Косово. Во моментот на Косово има 15 илјади војници, а интенција е таа бројка да биде намалена на 10 илјади. Адмирал Ставридис не ја исклучува можноста до крајот на годинава бројот на НАТО силите на Косово да изнесува само 5 илјади.
Деновиве, Советот за безбедност на Обединетите нации расправаше за својата мисија на Косово. Во редовниот тримесечен извештај шефот на УНМИК Ламберто Заниер оцени дека ситуацијата на Косово е стабилна, но и потенцијално кревка. Според него, недостигот на помирување меѓу заедниците и натаму е предизвик кој е интензивиран со економските тешкотии.
На Косово, пак, мислењата на албанските и на српските политичари за УНМИК се разликуваат. Претставниците на Албанците сметаат дека станува збор за завршена мисија и оти не треба да и се даваат нови мандати како највеното посредување во евентуалните разговори меѓу Белград и Приштина.
„УНМИК не може да има улога на посредник. Ние сега сите знаеме дека таа мисија веќе не е одржлива“, вели заменик премиерот на Косово Раме Манај.
И потпретседателот на Алијансата за ново Косово Ибрахим Миколи е на став дека косовските институции треба да бараат завршување на мисијата на УНМИК.
„Крајно време е УНМИК да престане да се меша во внатрешните работи на Косово. Што се однесува до можните разговори меѓу Косово и Србија условот треба да биде српското признавање на косовската независност.“
Од друга страна, косовските Срби велат дека и покрај тоа што УНМИК не направил доволно за нив, сепак е неопходно да остане, па дури и да зајакне неговиот мандат.
„Треба да се ревитализира мисијата на УНМИК и да згасне мисијата на ЕУЛЕКС која е пристрасна и која работи според планот на Ахтисари“, вели претседателот на Српскиот национален совет за северот на Косово Милан Ивановиќ.
Тој додава дека и УНМИК им бил наклонет на Албанците, но оти за разлика од ЕУЛЕКС е легитимна мисија на Обединетите нации.
Лидерот на Србите од централниот дел на Косово Рада Трајковиќ го дели мислењето дека УНМИК, како и резолуцијата 1244 не биле многу од корист на Србите.
„Тој како гарант на таа резолуција или како гарант на институцијата која сепак покажува оти не е дефиниран статусот на Косово е навистина потребен. Но, суштински УНМИК е целосно ирелевантен.“
Етничките Албанци кои се мнозинство на Косово прогласија независност од Србија во февруари 2008 година. Независноста досега ја признаа 68 земји, вклучувајќи ги и Соединетите Држави и повеќе членки на Европската унија, но не и Србија која сè уште смета дека Косово е нејзина јужна покраина.

УНМИК не може да има улога на посредник. Ние сега сите знаеме дека таа мисија веќе не е одржлива.
На Косово, пак, мислењата на албанските и на српските политичари за УНМИК се разликуваат. Претставниците на Албанците сметаат дека станува збор за завршена мисија и оти не треба да и се даваат нови мандати како највеното посредување во евентуалните разговори меѓу Белград и Приштина.
„УНМИК не може да има улога на посредник. Ние сега сите знаеме дека таа мисија веќе не е одржлива“, вели заменик премиерот на Косово Раме Манај.
И потпретседателот на Алијансата за ново Косово Ибрахим Миколи е на став дека косовските институции треба да бараат завршување на мисијата на УНМИК.
„Крајно време е УНМИК да престане да се меша во внатрешните работи на Косово. Што се однесува до можните разговори меѓу Косово и Србија условот треба да биде српското признавање на косовската независност.“
Од друга страна, косовските Срби велат дека и покрај тоа што УНМИК не направил доволно за нив, сепак е неопходно да остане, па дури и да зајакне неговиот мандат.
Треба да се ревитализира мисијата на УНМИК и да згасне мисијата на ЕУЛЕКС која е пристрасна и која работи според планот на Ахтисари.