Достапни линкови

Белград и Приштина пред разговори?


Косово, Митровица
Косово, Митровица

Во изминативе денови се интензивираа сигналите од меѓународната заедница дека се можни разговори меѓу Белград и Приштина. Тамошните власти на ваквите најави гледаат како на обид за релаксирање на односите меѓу двете страни. Сепак, и во Србија и на Косово велат дека разговорите би требало да бидат само за решавање на некои практични проблеми.

Зачестија оценките за потребата од разговори меѓу Белград и Приштина, а тамошните медиуми пренесуваат дека неодамнешните посети на високи европски и американски претставници на регионот даваат поттик за нивно започнување.

Има и најави дека разговорите за отворените прашања би можело да почнат на лето, односно веднаш по конференцијата за Западен Балкан во Сараево.
Нам тоа не треба да ни го кажат ни Брисел, ни Вашингтон. Едноставно имаме проблем со струјата, со телефонијата, со повратниците. Тоа се прашања кои лесно можат да се политизираат.

„Нам тоа не треба да ни го кажат ни Брисел, ни Вашингтон. Едноставно имаме проблем со струјата, со телефонијата, со повратниците. Тоа се прашања кои лесно можат да се политизираат, но всушност тоа се технички прашања. Прашањето за статусот за нас останува отворено и тоа не е решено“, вели државниот секретар во министерството за Косово и Метохија, Оливер Ивановиќ.

Белград
Можноста за разговори, аналитичарот Милан Пајевиќ ја толкува како созревање на логичниот став дека односите во регионот не можат да се нормализираат без дирекно договорање:

„Мислам дека воопшто нема друг пат отколку отворање на сите видови директни преговори меѓу Белград и Приштина. За Белград е најважен квалитетот на живеење на српското население и мислам дека на тие прашања не им е посветено доволно внимание.“

Пајевиќ додава дека времето сега главно се троши за таканаречена висока политика. Има наводи дека во почетокот разговорите ќе бидат посредувани од италијанскиот амбсадор Мајкл Џифони, кој е наименуван за пратеник на Европската унија за северниот дел на Косово.

При неодамнешната посета на Белград и на Приштина, шефот на италијанската дипломатија Франко Фратини изјави дека е потребно воспоставување посебен канал за дијалог што двете страни ќе ги води до Европската унија. На сличен став е и членот на претседателството на Собранието на Косово Ечерем Крезиу:
Разговорите за различни прашања, како две соседни земји се дел од меѓународните обврски на Косово и на Србија. Тоа многу не зависи од нашата волја, туку од нашиот пат кон Европската унија.


„Разговорите за различни прашања, како две соседни земји се дел од меѓународните обврски на Косово и на Србија. Тоа многу не зависи од нашата волја, туку од нашиот пат кон Европската унија.“

Со Крезиу се согласува и политичкиот аналитичар Дритон Љајчи кој вели дека разговорите се се поизвесни:

„Тоа е резултат на одлуките на меѓународните организации и фактори кои се вклучени во прашањето за Косово. Обединетите нации, Европската унија, Соединетите Држави, Франција, Италија се едногласни дека меѓу Косово и Србија треба да постојат контакти.“

Љајчи прецизира дека на таквите средби не смее да се разговора за политички прашања, како што е на пример статусот на Косово, бидејќи, како што вели, тоа веќе е затворено за Приштина.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG