Достапни линкови

Косово - Тензии по исклучувањето на српските мобилни оператори


Властите во Белград најавуваат дека проблемот со исклучувањето на мобилните оператори од Србија на Косово ќе го подигнат на највисоко меѓународно ниво. Не се исклучува ни можноста од подигање на тензиите.

На Косово и натаму се заострува ситуацијата со српските мобилни оператори, а од владата на Србија велат дека ќе сторат се што е можно за решавање на проблемот. Премиерот Мирко Цветковиќ вели дека со планот на Белград се предвидува широка дипломатска акција:

„Ние тоа го сметаме како еден многу сериозен проблем и ќе направиме буквално се за да им помогнеме на тие луѓе. Единствно нема да користиме насилни средства, но сите други кои ни стојат на располагање ќе ги употребиме.“

Најголема можна меѓународна акција поради отстранувањето на базните станици на српските мобилни оператори, со што Србите кои живеат јужно од Ибар останаа без сигнал, претходно најави и претседателот Борис Тадиќ.

Државниот секретар во Министерството за Косово Оливер Ивановиќ вели дека претстојат тешки разговори со мисијата на Еулекс која
Белград од немањето струја на србите на Косово со години правеше хуманитарна катастрофа, а во суштина ги бранеше интересите на еден од трговците од Србија. Мислам дека и сега ќе се повтори истото, бидејќи Белград нема можност да го реши и овој проблем и очигледно повеќе има желба да прави политичка бука, отколку да им помогне на Србите.
ја поддржа акцијата за исклучување на српските провајдери, бидејќи, како што оцени, станува збор за воспоставување на законитост на телекомуникацискиот пазар.

„Со Еулекс разговорите ќе бидат многу тешки со оглед на тоа што никој не е задоволен од нивното игнорирање на фактот дека на ваков начин се кршат човековите права и се доведуваат во опасност животите на луѓето во енклавите.“

Решавањето на проблемот со паралелните оператори на Косово е дел од техничкиот дејалог меѓу Белград и Приштина. Првиот обид за тоа пропадна пред седум години кога Белград остана на ставот дека српските провајдери можат непречено да работат на Косово бидејќи тоа е дел на Србија, а Приштина бараше и тие да ја минат тендерската процедура.

Во острите изјави на српските власти, аналитичарот Душан Јањиќ гледа злоупотреба на конкретните проблеми на србите и потсетува на сличната ситуација со електричната енергија.

„Белград од немањето струја на Србите на Косово со години правеше хуманитарна катастрофа, а во суштина ги бранеше интересите на еден од трговците од Србија. Мислам дека и сега ќе се повтори истото, бидејќи Белград нема можност да го реши и овој проблем и очигледно повеќе има желба да прави политичка бука, отколку да им помогне на Србите.“

Јаниќ им порачува на властите во Белград да ја смират ситуацијата. Србите веќе протестираа во Грачаница, а со експлозии се уништени антените на два легални косовски оператори во Лепосавиќ и Звечани.

На протестот во Грачаница, Рада Трајковиќ изјави дека косовските власти веќе подолго време ја користеле инфраструктурата за политички цели.

„Никој нема право на таков начин да си игра со животите и егзистенцијата на луѓето од кои наводно се бара да станат конструктивен дел на едно мултикултурно општество.“

Во меѓувреме, во Приштина е потврдено дека успешно биле елиминирани 26 од 28-те станици на нелагалните провајдери на мобилна телефонија од Србија.

„Работата не е завршена до детали, но целта е постигната. Ќе продолжиме да ги утврдуваме ефектите на преземените мерки“, изјави директорот на Косовскиот регулатор за телекомуникации Екрем Хоџа.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG