Во Куманово обединет невладин сектор

Куманово

Во Куманово е формирана асоцијација на невладините организации со цел подобар развој на локалната самоуправа.
На иницијатива на Здружението на армиски и полициски ветерани и на Чувари на традицијата „Коледари“, во Куманово е формирана асоцијација на невладините организации. Асоцијацијата за сега брои 22 членки, активни во сите сфери, вели Киро Соларски од Здружението „Коледари“. Тој објаснува дека обединет невладиниот сектор ќе биде од полза и за подобар развој на локалната самоуправа. Меѓутоа, Соларски смета дека ова ќе биде добар пример за здружување и на останатите во државава, со интенција да има здружување и на државно ниво.
Имаме контакти со институциите на ЕУ за користење фондови. За југоисточна Европа се планирани околу 6,7 милиони евра за такви активности. Се надеваме дека дел од тој износ и ние ќе обезбедиме.


„Во Куманово има претставнции од српската, албанската, ромската, хрватската и влашка етничка заедница. Пријавени се и Децата Егејци.“

Соларски додава дека Асоцијацијата очекува резултати бидејќи:

„Имаме контакти со институциите на ЕУ за користење фондови. За југоисточна Европа се планирани околу 6,7 милиони евра за такви активности. Се надеваме дека дел од тој износ и ние ќе обезбедиме.“

Според договорот, сите членки во Асоцијацијата ќе бидат рамноправни. Со Асоцијацијата ќе претседава секои шест месеци по еден од членовите. За почеток:

„Претседавач е најстариот член од ветераните, Драган Стојановски-Млекце.“

Членовите на Асоцијацијата, освен одделните активности, ќе формираат комисии за заеднички акции, вели Соларски.

„За 1 Мај да направиме пикник за Студена Вода, еколошки, крводарителски акции.“

Асоцијацијата ќе издава и весник во кој ќе бидат објавувани сите информации за активностите, плановите и резултатите.

„За она што секоја организација го направила, за плановите и за активностите, како и за работата на локалната самоуправа и стручен дел како што се зачленување во НАТО, ЕУ“, вели Соларски.