Дали државата одвојува премногу пари за економските промотори чија цел е да привлекуваат странски инвестиции во државата? Власта вели резултатите ќе дојдат.
Работа во странство со 2000 евра месечна плата обезбедена од парите на граѓаните на Република Македонија. Ова е сосема субјективна претстава за економските промотори чија задача е да ја рекламираат земјава како атрактивна локација за странски инвестиции. За нив догодина од народната каса ќе се издвојат 15 милиони евра, а дополнителна задача ќе им биде промоција на македонските извозници. Што велат промоторите за нивните ангажмани?
„Во однос на резултатите и фирмите кои што се дојдени овде, од еден до десет јас сум на некое скалило од осум, тоа е моја лична проценка.“
„Не можам да ви кажам за тоа. Не е почнато. Дел од темите што ги разговараме сега е баш извозот.“
„Јас не добив возило, платено ми е сместување со семејството.“
„За Индија не се битни.“
„Јас донесов поголем број конкретни можности за инвестирање. Очекувам во 2011 година да дојдат. Она што јас го мерам како сопствен резултат е вредноста на тие потенцијални инвестиции.“
Дали ова значи дека со државни пари се плаќаат луѓе кои со своите семејства живеат во странство само за некој да се заинтересира за Македонија, а не и реално да инвестира? Дури и државниот ревизор ги оспори трошоците за промоторите. Првиот човек на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции Виктор Мизо реагира:
„Процесот на трошење на парите или користење на средствата за ангажирање и работата на промотерите и резултатите не соодветствуваат во еден временски период кој бил разгледуван дали од ваша страна или од страна на ревизор.“
За вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски важно е работите непречено да се одвиваат:
„Се менува и составот на промотерите, се менува малку и моделот на мерење на нивните перформанси, значи правиме прилагодување. Но, она што е важно е да не се стои во место.“
Дали промоторите се соодветен инструмент за повлекување странски пари во земјава. Професорот Ванчо Узунов одговара:
„Прво додека научат таму што е странска инвестиција и како работи другата економија им треба две до три години на секој од нив.“
До почетокот на годинава за 18 промотори, потрошени се повеќе од половина милион или 584 илјади евра, покажуваат податоците на државниот ревизор.
Процесот на трошење на парите или користење на средствата за ангажирање и работата на промотерите и резултатите не соодветствуваат во еден временски период кој бил разгледуван дали од ваша страна или од страна на
ревизор.
„Во однос на резултатите и фирмите кои што се дојдени овде, од еден до десет јас сум на некое скалило од осум, тоа е моја лична проценка.“
Имате нова функција, да го промовирате извозот. Почнавте со обуки?
„Не можам да ви кажам за тоа. Не е почнато. Дел од темите што ги разговараме сега е баш извозот.“
Дали покрај европски прилагодената плата се предвидени и други бенефиции?
„Јас не добив возило, платено ми е сместување со семејството.“
Колку членството во ЕУ и НАТО се битни за инвеститорите?
„За Индија не се битни.“
Какви се резултатите?
„Јас донесов поголем број конкретни можности за инвестирање. Очекувам во 2011 година да дојдат. Она што јас го мерам како сопствен резултат е вредноста на тие потенцијални инвестиции.“
Прво додека научат таму што е странска инвестиција и како работи другата економија им треба две до три години на секој од нив.