Достапни линкови

Увозно зависнa


Земјоделските производи главен извозен продукт
Земјоделските производи главен извозен продукт

Македонската економија неможе да се пофали со развиен извоз, поради што години наназад имаме висок трговски дефицит. Според американската бизнис теорија, двата елементарни столбови за силна економија се странските инвестиции и конкурентниот извоз. Повеќе од очигледно е дека странските инвестиции на Македонија не и се силна страна, барем судејки по тоа што за странски капитал има само најави или преобразба на сопствеништво со купување акции. Останува отворено прашањето дали и извозот во иднина ќе „потфрли“ или, во најмала мера, ќе продолжи трендот на намалување на трговскиот дефицит.

Централизираното производство кое во целост не ги задоволува стандардите на странските пазари како и некоординираната поддршка на извозно-ориентираните компании и релативно слабата инфраструктура се причина за високиот трговски дефицит во Република Македонија, сметаат економисти и сопственици на приватни компании. Кажано на народен јазик, од земјава на странските пазари се пласираат само неколку видови производи. Тие не секогаш ги задоволуваат строгите пропишани стандарди. Македонија увезува повеќе одошто извезува и тоа во економијата е познато како раст на трговскиот дефицит. Компаниите се жалат на некоординирана поддршка и високи транспортни трошоци.

Без конкурентни производи нема извоз

Фактот дека производството е централизирано, економистите веќе неколкупати го посочија. Тоа неретко се посочуваше како една од главните причини за слабиот извоз, посебно додека земјава ја тресеа негативни влијанија од светската економска криза. Нереално е да се очекува Македонија да има разновидно производство, смета професорот Ванчо Узунов:
Кај малите економии е типично тоа што имаат релативно помал број на производи или извозни услуги, но суштината е во тие сегменти да бидат ,,топ" класа, светска лига. И тогаш е ситуацијата во поглед на извозот е во ред


,,Видете, како мала земја не би ни очекувал Македонија да има многу поголеми производни услуги кои што ќе бидат извозни производи и високо конкурентни. Кај малите економии е типично тоа што имаат релативно помал број на производи или извозни услуги, но суштината е во тие сегменти да бидат ,,топ" класа, светска лига. И тогаш е ситуацијата во поглед на извозот е во ред."

Во последно време се` поактуелни стануваат субвенциите. Навидум се чини дека тие се претворија владин одговор на речиси секоја ситуација на неконкурентност посебно во земјоделството. Трошоците за производство на грозје се премногу високи? Субвенции за земјоделците. Македонското вино не се продава во странство? Најави за промоција на производот со помош на Холандската влада. И тутунот е проблем? Субвенции. Но, дали видната детерминираност на власта да дава народни пари на приватни производители и промоцијата се доволни за подобрување на конкуретноста? Узунов повторува дека мора да се запази квалитетот:

,,Очигледно е дека само субвенции не се доволни за зголемување на извозот на Македoнија, очигледно се потребни многу други мерки, пред се квалитативно подобрување на извозните производи и услуги што е процес на технолошко унапредување, унапредување на работната сила, на видот на производи, дизајн, начинот на дистрибуција, се она што го нарекуваме конкурентност на извозот. Но, тоа многу малку го прави Македoнија, ако воопшто и прави нешто на тој план."
Очигледно е дека само субвенции не се доволни за зголемување на извозот на Македoнија, очигледно се потребни многу други мерки, пред се квалитативно подобрување на извозните производи и услуги што е процес на технолошко унапредување, унапредување на работната сила, на видот на производи, дизајн, начинот на дистрибуција, се она што го нарекуваме конкурентност на извозот...

И земјоделските производи оспорени


Евидентно е дека земјоделството е една од главните бранши од кои „излегуваат“ почесто суровини, а во последно време и готови производи за странските пазари. Сепак, фактот што деновиве Европа го оспори квалитетот, посебно на органските земјоделски производи фрла сенка на перспективноста на извозот на свежи прехрамбени производи. Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци вели дека органското производство за Mакедонија за сега се чини неисплатливо:

,,Цената на органското производство е скоро иста како конвенционалното меѓутоа цената на чинење на органското произвоство е многу поголема, и условите што се бараат за да произведеш еден производ и да добие етикета дека е органско произведено, се многу тешки и специфични и има свој начин како тоа треба да се произведе за да може да се извезе во странство."

Еден пример за илустрација на очекувањата на Европските пазари -Унијата предлагаше да се воведе посебен стандард за увоз на градинарски култури, инсистирајќи воведување на забрана за влез и продажба на криви краставици на европските тезги.

Потребна поголема поддршка од владата

Како стојат работите во земјава? Дали државата и останатите институции го помага извозот. Според првиот човек на УСАИД Мајкл Фриц, владата за догодина не одвоила доволно пари за таа цел.

,,И сега слушнавме дека Агенцијата за привлекување странски инвестиции која има владин мандат за помагање не само на странските инвестиции туку и со извозот, има буџет за следната година од 50 илјади евра за таква поддршка. Неможете ништо да направите со 50 илјади евра, невозможно е за власта вистински да го стимулира извозот без да го зголеми буџетот и ресурските на Агенцијата."
Поврзувањето со светот би сакал да кажам дека имаме многу лоша авионска конекција и поврзувањето со светските бизнис центри и исто така проблем се прескапите авионски карти


Од Сојузот на стопански комори изразуваат надеж дека со владата ќе успеат да договорат посилна поддршка за извозно ориентираните компании во Македонија. Извршниот директор на Митко Алексов вели:

,,Очекуваме позитивен резултат и со активирање на економските промотори во делот на извозот на македонски производи согласно со законот од јули оваа година, така што гледам дека Агенцијата за странски инвестиции се подготвува интензивно во тој дел."

Што мислат компаниите? Горан Антевски, директор на приватна извозно ориентирана компанија вели дека генерално е задоволен од придобивките и подршката кои неговата фирма ги добива од стопанската комора во која членува. Сепак, тој забележува на слаба координација меѓу владините и невладините институции

,,Да, има недостакот на координација, посебно сега последниот пат во Украина имаше навистина лоша координација помеѓу двете Стопански комори и владата. Имаше во Украина еден бизнис форум каде што беше многу лошо организирано сето тоа, порано беше подобро организирано, но во овој случај организацијата беше многу лоша. Незнам од која причина, но не е убаво за имиџот на Македонија и за нас како компании."

Проблем е и инфраструктурата, смета Антевски:

,,Поврзувањето со светот би сакал да кажам дека имаме многу лоша авионска конекција и поврзувањето со светските бизнис центри и исто така проблем се прескапите авионски карти."

Дополнително и власта треба да се ангажира за поддршка на перспективните фирми, смета директорот:
Треба Агенциите, Владата, Стопанските комори, малку повеќе да размислуваат и за презентација на компаниите што имаат потенцијал за извоз, не само компаниите загубари за кои се бара продажба

,,Треба Агенциите, Владата, Стопанските комори, малку повеќе да размислуваат и за презентација на компаниите што имаат потенцијал за извоз, не само компаниите загубари за кои се бара продажба."

Од останатите поголеми компании во земјава се воздржуваат од официјални изјави. Металопроизводителите сепак зад микрофон коментираат дека не им е потребна директна поддршка во форма на субвенции, како што тоа е случај со земјоделците. За нив побитно е овозможување на поповолни услови за работа, имено поевтина струја и посилна инфраструктура за извоз. Со тоа ќе падне цената на производите, со што истите ќе бидат поконкурентни во странство, коментира директор на металопроизводна извозно ориентирана компанија кој инсистира на анонимност.

И натаму висок трговски дефицит

Токму металопроизводителите го зауздaа трговскиот дефицит годинава, кој претходно бележеше галопирачки раст. Дефицитот се проценува на близу 1,5 милијари американски долари. Како што покажуваат официјалните податоци, покриеноста на увозот со извозот е благо подобрена и во периодот јануари-септември изнесува 61, 2 отсто, наспроти 54,8 отсто, колку што било регистрирана лани. Македонија остварила извоз на стоки и услуги во вредност од 2,32 милијарди долари, а увозот изнесувал 3,8 милијарди долари.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на производите од железо и челик (валани производи), облеката, фероникелот и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени
Ако имаме несоодветен однос меѓу увоз и извоз, како што е во Македонија во последно време повеќе сме зависни од увозот и сите пари што се во оптек во Македонија се прелеваат надвор од државата
суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија, покауваат податоците на Државниот завод за статистика. Оваа тема беше актуелна во речиси сите едкономски вести во македонските медиуми. Видливо е дека и економистите му придаваат големо значење на трговскиот дефицит, но прашањето е зошто? Зошто е толку битна покриеноста на увозот со извоз и дали тоа што сега го гледаме претставува подобрување. Економскиот аналитичар Висар Адеми вели дека токму растот на трговскиот дефицит подразбира излевање на пари надвор од земјава:

,,Ако имаме несоодветен однос меѓу увоз и извоз, како што е во Македонија во последно време повеќе сме зависни од увозот и сите пари што се во оптек во Македонија се прелеваат надвор од државата, а доколку имаме добра индустрија и организиран сектор и ако имаме суфицит во овие држави, тогаш Македонија има позитивен биланс."

Гастербајтерите, со тоа што внесуваат пари во Македонија, успеваат да го „испеглаат“ дефицитот, појаснува Адеми:

,,Но, гледам дека и таму например има се повеќе криза и се повеќе пари се трансферираат од западноевропските земји во Македонија, затоа што и тие и нивната работа зависи од тие компании."

Според американската бизнис теорија, двата елементарни столбови за силна економија се странските инвестиции и конкурентниот извоз. Повеќе од очигледно е дека странските инвестиции за сега не ни се силна страна, барем судејќи по тоа што за странски капитал има само најави или преобразба на сопствеништво со купување акции. Останува отворено прашањето дали и извозот во иднина ќе „потфрли“ или, во најмала мера, ќе продолжи трендот на намалување на трговскиот дефицит.
XS
SM
MD
LG