Стечајните работници и оние кои се прогласени за технолошки вишок со над 15 години работно искуство не се откажуваат од своите барања се додека не добијат од државата месечен надоместок по 100 евра до следното вработување или пензионирање. Претседателката на здружението УНИТ, Лилјана Ѓорѓиевска вели дека ќе протестираат се додека не им се остварат нивните права, бидејќи досега и предложиле на власта два предлог закони од кои ниту еден не бил усвоен.
„Кај нас има желба, ама кај владата, слабо. Еднаш не признава, еднаш не не признава, не вика хулигани, како сакаат така си играат.“
Претседателот на ССМ, Живко Митревски вели дека сите синдикати се обидуваат да го решат нивното прашање и секогаш им се на располагање во рамките на можностите. Митревски, кој е дел и од новоформираниот Економско социјалниот совет, во кој членуваат и неколку министри одвладата вели дека тие ќе се обидат и преку оваа институција да им помогнат.
„Нашата идеја беше дека сите здруженија во Македонија треба да направат заеднички состанок, да ги утврдат своите заеднички ставови и официјално, бидејќи веќе го формиравме Економско-социјалниот совет, да упатат едно барање за решавање на проблемот до Советот.“
Само отпуштените работници со над 25 години стаж успеаа од државата да добијат месечно по 5000 денари. Нивниот лидер Стојан Стојанов вели дека тие ги подржуваат барања и на овие стечајци и работници прогласени за технолошки вишок и смета дека владата треба да ги реши и нивните проблеми.
„Никој пат не сме рекле нешто против, секогаш сме за да се решат сите аномалии што настанале во претходниот период, сега да се исправат. Е сега како ќе исправат, тоа е на инсититуциите.“
Од УНИТ не ја исклучуваат можноста повторно да бараат да се видат со премиерот Никола Груевски или некој друг од владата.
„Кај нас има желба, ама кај владата, слабо. Еднаш не признава, еднаш не не признава, не вика хулигани, како сакаат така си играат.“
Претседателот на ССМ, Живко Митревски вели дека сите синдикати се обидуваат да го решат нивното прашање и секогаш им се на располагање во рамките на можностите. Митревски, кој е дел и од новоформираниот Економско социјалниот совет, во кој членуваат и неколку министри од
Никој пат не сме рекле нешто против, секогаш сме за да се решат сите аномалии што настанале во претходниот период, сега да се исправат. Е сега како ќе исправат, тоа е на инсититуциите.