Достапни линкови

Стечајци - мост до власт за политичарите


Со јајца по владата - стечајците на вчерашниот протест
Со јајца по владата - стечајците на вчерашниот протест

Секоја политичка партија во опозиција не поддржува, велат стечајците и додаваат дека не веруваат во политичарите, но нивното појавување на протестите сепак буди надеж дека има некој што ќе ги реши нивните проблеми. Според аналитичарите, стечајците се повод да редовен политички маркетинг.

Стечајците им се мост на политичарите до фотеља, вели Љиљана Ѓоргиевска преставник на стечајците од Куманово. Аналитичарите велат дека стечајците се претвараат во повод за редовен политички маркетинг. Секој протест, штрајк и секое нивно незадоволство,
И кога се во опозиција, секогаш имаме, било која политичка партија, имаме поддршка. Како што знаете, стечајците се во една рака како мост до фотеља на политичарите. Да веруваме многу, не веруваме во политичарите, затоа што имаме горко искуство – еве каде сме со верување.
политичарите не го пропуштаат. Им ветуваат помош , им нудат подршка, купуваат гласови. Стечајците пак велат дека ја изгубиле вербата во политичарите.

„И кога се во опозиција, секогаш имаме, било која политичка партија, имаме поддршка. Како што знаете, стечајците се во една рака како мост до фотеља на политичарите. Да веруваме многу, не веруваме во политичарите, затоа што имаме горко искуство – еве каде сме со верување.“

Љиљана Ѓоргиевска вели дека сепак секое појавување на политичарите на протестите им е трошка надеж дека се уште има некој кој сака да им помогне. И луѓето кои ги анкетиравме ја изгубиле вербата во народните пратеници, во луѓето од власта, во сите оние кои ветуваат, а ништо не исполнуваат.

„Партиски не сум определена, мислам дека оваа влада не прави ништо. Јас сум технолошки вишок, сама со две деца. Никогаш не било полошо.“
„Собираат само поени за гласови.“
„Го шиканираат овој народ, ама нема уште долго.“
„Многу сум разочаран да ви кажам право.“
Моралните норми се девалвирани и веќе нема некоја морална граница до каде се оди, а политичарите од тоа сакаат да извлечат политички профит


Аналитичарите велат дека одамна политичарите заборавиле на етика и морал и дека секое нивно појавување во јавност го користат за лични цели.

„Моралните норми се девалвирани и веќе нема некоја морална граница до каде се оди, а политичарите од тоа сакаат да извлечат политички профит,“

вели социологот Хисен Јашари.

Стечајците се свесни дека нивната мака ја користат политичарите. Тие се лути што се претвараат во фронт на меѓупартиско препукувања и апелираат до политичарите да не ја користат нивната состојба за политички поени.
Стечајци на протест пред Владата
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:34 0:00
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG