Според експертите, сиромаштијата во јавното здравството е се поочигледна. Паѓаат покриви, умираат родилики, недостигаат лекови, докторите си заминуваат...
Паѓаат покриви на болници и убиваат пациенти, умираат родилки, возилата на брза помош се расипуваат на половина пат, има повремени недостатоци на лекови, а докторите од јавното здравство си заминуваат во приватните клиники.
Опозицијата континуирано обвинува дека здравствениот систем е пред колапс, додека власта се фали со рекордни инвестиции во здравството и се брани дека не може за четири години да го порави тоа што е руинирано со децении.
Претседателката на одборот за здравство во ЛДП и претседателка на здружението за права на пациентите, доктор Весна Велиќ Стефановска вели дека сиромаштијата во здравството, од ден на ден, е се поочигледна.
Ние не добивме ветување дека состојбата одреден период ќе биде никаква поради неколкудецениска запоставеност, па дури потоа ќе биде подобро, вели таа.
,,Ветувањата во моментот на преземањето на проблемите во здравството беа дека едноставно ќе гледаме подобрување. Она на што сме сведоци е дека подоборување во тој правец нема."
Дел од медиумите, минатата недела објавија документ на Фондот за здравството во кој се вели дека до крајот на годинава, институцијата ќе биде во загуба од 16 милиони евра. Поради тоа нема да бидат исплаќани трудничките и другите боледувања и рефундациите, а на здравствените установи ќе им бидат одложени плаќањата.
Во Фондот енергично ги демантираат овие наводи. Велат документот е подготвен пред ребалансот на буџетот, со кој Фондот доби зголемување на буџетот од пет отсто. Порптаролот на Фондот Бранко Аџигогов вели дека Фондот нема проблем со пари, а за догодина е предвиден рекорден буџет на оваа институција од 354 милиони евра.
,,Со тоа се очекува да има доволно пари во здравството за покривање на новите услуги кои се предвидуваат, инсталирање на новата медицинска опрема, како и зголемување на правата на осигурениците и нормално тука е и исплатата на боледувањата и лековите."
Доктор Велиќ Стефановска вели дека, ако е точно дека здравството има доволно пари, а фактичката состојбата го покажува спротивното, се наметнува прашањето, дали тогаш парите се усмерени во вистинска насока. Корисниците на здравствените услуги се основен индикатор за состојбата во која се наоѓа здравствениот систем, посочува таа.
,,Со оглед на тоа дека кај нив постои големо незадоволство очигледно е дека е потребно да бидат направени ревизии, сериозно да се размисли во кој правец ќе се движат понатамошните постапки."
За само неколку дена се урнаа покривите на тетовската и на гостиварската болница, а претходно прокисна покривот и се поплави дел од поликлиниката Јане Сандански во Скопје.

Ветувањата во моментот на преземањето на проблемите во здравството беа дека едноставно ќе гледаме подобрување. Она на што сме сведоци е дека подоборување во тој правец нема
Претседателката на одборот за здравство во ЛДП и претседателка на здружението за права на пациентите, доктор Весна Велиќ Стефановска вели дека сиромаштијата во здравството, од ден на ден, е се поочигледна.
Ние не добивме ветување дека состојбата одреден период ќе биде никаква поради неколкудецениска запоставеност, па дури потоа ќе биде подобро, вели таа.
,,Ветувањата во моментот на преземањето на проблемите во здравството беа дека едноставно ќе гледаме подобрување. Она на што сме сведоци е дека подоборување во тој правец нема."
Дел од медиумите, минатата недела објавија документ на Фондот за здравството во кој се вели дека до крајот на годинава, институцијата ќе биде во загуба од 16 милиони евра. Поради тоа нема да бидат исплаќани трудничките и другите боледувања и рефундациите, а на здравствените установи ќе им бидат одложени плаќањата.
Во Фондот енергично ги демантираат овие наводи. Велат документот е подготвен пред ребалансот на буџетот, со кој Фондот доби зголемување на буџетот од пет отсто. Порптаролот на Фондот Бранко Аџигогов вели дека Фондот нема проблем со пари, а за догодина е предвиден рекорден буџет на оваа институција од 354 милиони евра.
Со оглед на тоа дека кај нив постои големо незадоволство очигледно е дека е потребно да бидат направени ревизии, сериозно да се размисли во кој правец ќе се движат понатамошните постапки