Од здруженијата на пациенти засега немаат став околу предлогот се додека не добијат анализи кои се тие лекови. Нивното размислување е дека никој не смее да остне без терапија. Предлогот е пациентите да се откажат од лековите кои чинат 25 денари кои би ги плаќале во целост:
„Одземањето на правото на лек на некое лице, не мора да значи добивање на правото на друг. Од таа причина ние бараме точен одговор од Министерството, кои лекови ќе бидат симнати, колку пари ќе се заштедат и каде тие пари и за кои лекови ќе бидат употребени?“, вели Зоран Митев е од Здружението за превенција од кардиоваскуларни заболувања.
Ова е иницијатива за која сепак последен збор треба да даде Министерството, каде што е и комисијата за проширување на позитивната листа.
Нејасно е зошто оваа иницијатива ја даде Фондот, а не Министерството. Според Фондот ова не е одземање на правото на пациентите да се лекуваат со најевтините лекови на товар на државата за сметка на болните кои имаат потреба од скапи лекови, туку само солидарност на пациентите. Предлогот се уште се разработува, наидува на пречки, но има и размислувања од типот дека е подобро да се задржи континуитетот на снабденост на лекови отколку да ги нема. Доколку државата беше во поинаква социјална можност ќе се решаваше поинаку, но тие се можностите, коментира доктор Драган Поповиќ претставник на фармацевтскиот сектор.
„Можностите на Фондот се толкави, нема друг начин за решавање на тоа прашање. Во секој случај е потребно лековите барем да постојат во аптеките, пациентот да ги добие и да ги купи.“
Се чини дека сепак предложената цена не претставува некој многу поголем проблем во однос на буџетот на семејството. 25 денари е прифатливо решение, а од друга страна тоа значи решавање на буџетските можности на Фондот. Но, од друга страна познато е дека и поефтините лекови се користат повеќе од поскапите поради материјално финансиските можности на граѓаните, предочува Митев:
„Има да речеме различни лекови, и во секој случај поефтините лекови повеќе се користат“, вели тој.
Предлогот кој треба да го афирмира Министерството, според неофицијалните информации, содржи 160 лекови кои треба да бидат симнати од позитивната листа. До предлогот дојде во ситуација кога здравството се соочува со дефицит од околу 50 милиони евра поради намалениот здравствен придонес.
Одземањето на правото на лек на некое лице, немора да значи добивање на правото на друг. Од таа причина ние бараме точен одговор од Министерството, кои лекови ќе бидат симнати, колку пари ќе се заштедат и каде тие пари и за кои лекови ќе бидат употребени?
„Одземањето на правото на лек на некое лице, не мора да значи добивање на правото на друг. Од таа причина ние бараме точен одговор од Министерството, кои лекови ќе бидат симнати, колку пари ќе се заштедат и каде тие пари и за кои лекови ќе бидат употребени?“, вели Зоран Митев е од Здружението за превенција од кардиоваскуларни заболувања.
Ова е иницијатива за која сепак последен збор треба да даде Министерството, каде што е и комисијата за проширување на позитивната листа.
Нејасно е зошто оваа иницијатива ја даде Фондот, а не Министерството. Според Фондот ова не е одземање на правото на пациентите да се лекуваат со најевтините лекови на товар на државата за сметка на болните кои имаат потреба од скапи лекови, туку само солидарност на пациентите. Предлогот се уште се разработува, наидува на пречки, но има и размислувања од типот дека е подобро да се задржи континуитетот на снабденост на лекови отколку да ги нема. Доколку државата беше во поинаква социјална можност ќе се решаваше поинаку, но тие се можностите, коментира доктор Драган Поповиќ претставник на фармацевтскиот сектор.
Можностите на Фондот се толкави, нема друг начин за решавање на тоа прашање.