Достапни линкови

Нема цитостатици во Битолската болница


Медицински Центар Битола
Медицински Центар Битола

Неколку десетици пациенти во Битола заболени од рак, десет дена се оставени без потребните лекови.

Се продлабочува кризата со недостиг на цитостатици во битолската клиничка болница. Неколку десетици пациенти заболени од канцер, десет дена се оставени без потребните лекови. Цитостатици недостигаа и на почетокот на овој месец поради што пациентите обвинуваат за несериозен пристап на одговорните лица кон нивната болест, а нередовниот третман може да ги чини живот.
На 13 овој месец со една поголема група на пациенти кои истиот тој ден беа закажани да примат терапија бевме вратени зашто лекарствата ги немаше. Отидовме во болничката аптека да прашаме што е проблемот, зошто нема лекарства. Рекоа дека биле нарачани, но не знаат кога ќе стигнат. Така десет дена сме без терапија.


„Се рече дека е распишан тендер и дека се чекаат лековите, кај се тие лекови да пристигнат? Ги фатија поплавите во Хрватска и Словенија или штрајкот на камионџиите во Грција? Значи се работи за несовесно работење на некои структури. Карциномот не е болест која трпи два, три, седум дена за примање на терапија.“


„На 13 овој месец со една поголема група на пациенти кои истиот тој ден беа закажани да примат терапија бевме вратени зашто лекарствата ги немаше. Отидовме во болничката аптека да прашаме што е проблемот, зошто нема лекарства. Рекоа дека биле нарачани, но не знаат кога ќе стигнат. Така десет дена сме без терапија.“

„Знаеме дека министерот Османи кажа дека болните од карцином се ослободени од секакви давачки. Но, во Здравствениот дом комплетната крвна слика од вената се наплаќа од 400 до 500 денари, а такви анализи се вршат секој месец, а понекогаш и два пати во месецот. Од каде тие пари да ги најдат овие пациенти“, велат заболените од рак во Битола.

На состанокот на болните свикан за изнаоѓање излез од ситуацијата не присуствуваа директорите од битолската болница. Тие испратија соопштение со објаснување дека добавувачите Зегин и Фарматрејд веќе ги испратиле лековите.

„Писмата кои се доставени се со денешен датум, тоа значи дека по нашето известување за средбата со медиумите тие реагираат, пуштаат писма што мислиме дека не е коректно“, изјавија од Лигата за бораба против ракот, која ги штити интересите на заболените од канцер во Битолскиот регион и пошироко.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG