Достапни линкови

Ребаланс на буџетот


Зоран Ставрески
Зоран Ставрески

Обвинувања на релација власт-опозиција ја одбележаа собраниската дебата за новиот ребаланс на буџетот. Опозицијата најмногу реагира на кратењето на капиталните расходи, додека власта се брани дека дури и со одреденото намалување капиталните инвестиции ќе бидат реализирани.

Ребалансот на буџетот, според власта, нема да ги зголеми даноците и нема да ги скрати пензиите, расходите на здравството и слично. Претставници на опозицијата, од друга страна, предлагаат доделување на „нобелова награда за не-економија“. Додека министерот за финансии потенцира дека Македонија има рекорно низок дефицит во Европа, од опозицијата забележуваат дека тековните расходи на
Со ребалансот се обезбедени дополнителни средства за здравството, социјалната помош, пензиите и зголемени дотации за плати за образованието, како и извршување на неколку одлуки на
Уставниот суд.
одредени места се зголемуваат, додека капиталните расходи се кратат. Според министерот за финансии Зоран Ставрески, предложениот ребаланс не ги кастри расходите за здравство и пензии:

„Со ребалансот се обезбедени дополнителни средства за здравството, социјалната помош, пензиите и зголемени дотации за плати за образованието, како и извршување на неколку одлуки на Уставниот суд.“

Пратеникот на СДСМ Марјанчо Николов
Пратеникот на опозицискиот СДСМ Марјанчо Николов забележува дека капиталните инвестиции во здравството се скастрени:

„Нема пари да платите на добавувачите на лекови, должите по сите основи, во болниците нема основни материјали.“

СДСМ нема да го подржи предложениот ребаланс, вели Николов:

„Капиталните расходи ги кратите за 23 отсто, а ги зголемувате непродуктивните расходи, тоа е антиекономска логика и антиекономска
Капиталните расходи ги кратите за 23 отсто, а ги зголемувате непродуктивните расходи, тоа е антиекономска логика и антиекономска политика. Да постоеше Нобелова награда за неекономија веројатно ќе бевме едни од сериозните конкуренти како влада.
политика. Да постоеше Нобелова награда за неекономија веројатно ќе бевме едни од сериозните конкуренти како влада.“

Министерот Ставрески со забелешки за однесувањето на опозицијата кога била на власт:

„Во времето кога вие го креиравте буџетот немаше ни позиција за изградба на амбуланти во руралните подрачја, ниту имаше субвенции за земјоделието, ниту компјутери за школите, ниту други проекти за коишто вие денеска од оваа говорница зборувате зошто биле намалени за 2, 5, или 10 милиони.“

Лидерот на Либерално-демократската партија Јован Манасиевски, меѓу другото, забележува дека во Македонија има раст на сивата економија:

„Како е возможно во услови кога имаме раст на вработеноста да опаѓаат приходите од персоналниот данок од близу 4 отсто, тоа говори само едно, дека ако навистина има раст на вработеноста, а пад на приходите од персоналниот данок дека се повеќе работодавци не ги пријавуваат своите вработени.“

Не треба да се апстрахира светската економска криза, вели Ставрески:

„Значи, ние со сите намалувања пак остануваме на ниво на капитални расходи кое што е повисок од колку во најдобрите години на светската економија и тогаш кога македонската економија требаше да ги реализира овие инвестици.“
XS
SM
MD
LG