Дали со отфрлањето на иницијативата на опозициските партии за донесување државна стратегија за името, владејачкото мнозинство покажува дека не му треба консензус за прашањето?
Македонија ќе ја продолжи својата конструктивна улога за да се наминат разликите во македонско-грчкиот спор. Дијалогот меѓу двете страни ќе продолжи со надеж дека ќе се постигне решение, велат од министерството за надворешни работи по вчерашната средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер Никола Груевски и Јоргос Папандреу. Нема најави за нови средби и контакти во блиска иднина. Од ресорното министерство се повикуваат на изјавата на нивниот шеф, министерот Антонио Милошоски кој вчера изјави дека самото продолжување на македонско-грчкиот дијалог е работа која дава позитивен тон во меѓусебната комуникација.
Од друга страна пак вчера Собранието ја отфрли иницијативата на НСДП, ЛП и НА за изготвување на државна стратегија за спорот со името. Дали со ваквиот потег владејачкото мнозинство покажува дека не му треба консензус за ова прашање? Опозицијата тврди дека власта не е подготвена за решавање на овој проблем.
„Очигледно е дека некој нема чувство за национаните интереси на државата“, изјави Андреј Петров од СДСМ.
Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека вакви чувствителни прашања на владејачката гарнитура и треба апсолутна и координирана поддршка од сите политички чинители, како и градење на силен, заеднички став.
„За овие прашања што се од витален интерес е неопходна, апсолутна меѓусебна коориднација помеѓу политичките чинители. Ако ваквите прашања станат дел од дневниот ред на Собраниска седница на некој начин се поддрива изнаоѓање на решение за проблемот“, изјави Петар Поп Арсов од ВМРО-ДПМНЕ.
Дел од експертите, пак, велат дека со постапките кои ги презема, владата покажува дека не сака да го реши спорот. Бројното мнозинство во парламентот за проф. Алајдин Демири е знак дека на владата не и треба поддршката од другите политички партии.
„Владата се однесува многу самоволно и арогантно во онаа смисла се што треба ние имеме, 63 пратеника, мнозинство и не не интересира многу демократија“, вели Демири.
Според Демири меѓусебните обвинувања дека едната или другата страна нема волја да се реши проблемот, се само фарса во јавноста. Преговорите треба да се водат на сериозно и решително ниво, вели тој, а владата според него мора да направи дистинкција меѓу античка и денешна Македонија, за да се постигне напредок во преговорите.
Очигледно е дека некој нема чувство за национаните интереси на државата.
Од друга страна пак вчера Собранието ја отфрли иницијативата на НСДП, ЛП и НА за изготвување на државна стратегија за спорот со името. Дали со ваквиот потег владејачкото мнозинство покажува дека не му треба консензус за ова прашање? Опозицијата тврди дека власта не е подготвена за решавање на овој проблем.
„Очигледно е дека некој нема чувство за национаните интереси на државата“, изјави Андреј Петров од СДСМ.
Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека вакви чувствителни прашања на владејачката гарнитура и треба апсолутна и координирана поддршка од сите политички чинители, како и градење на силен, заеднички став.
За овие прашања што се од витален интерес е неопходна, апсолутна меѓусебна коориднација помеѓу политичките чинители. Ако ваквите прашања станат дел од дневниот ред на Собраниска седница на некој начин се поддрива изнаоѓање на решение за
проблемот.