Некои од партиите на Албанците во земјава во последно време зачестија со политички активности кои ги користат да упатат радикални изјави на најразлични теми. Формирана е нова партија која отворено кажа дека се заложува за кантонизација на Македонија, а партијата на Мендух Тачи за нов договор меѓу Македонците и Албанците.
Се смета дека ваквите политики на одредени невладини кругови коипрераснаа во политичка партија и на кругови на ДПА, имаат врска со претходните најави дека Албанците како граѓани на Македонија не би чекале подолг процес отколку што тие мислат дека треба да трае тој процес за влез на Македонија во НАТО и ЕУ со оглед дека поставуваа рокови дека ако на Самитот на НАТО во Лисабон нема позитивно решение би го радикализирале тој курс. Сепак постојат гледишта дека ова е дел од активностите на опозицијата:
„Ова е инструментализирано од партиските политики, на прво место ДПА како опозициона партија и тие се сегмент на еден поширок став на поголем број партии од опозицијата што значи дека се вклопува во онаа програма за предвремени избори.“
На сличен начин размислува и политичкиот аналитичар Исмет Рамадани:
„Не би рекол некоја радикализација меѓутоа многу поголем ќе биде притисокот кон владата, многу методи на дејствување кои сепак ќе значат притисок и многу пожешка политичка ситуација.“
Професор Владо Поповски, кој е еден од креаторите на Охрдскиот Рамковен договор, сепак, потсетува дека постои уште една линија околу идејата за кантонизација, односно дека истата постои како амбиција од 90-те години кога се правеше Уставот.
„Што значи дека таа идеја постои и тлее во одредени кругови кај Албанците и се разбира таа не доби позитивен одговор во процедурите за политичките решенија за дражавата и за Уставот“, вели Поповски.
Инаку и ДУИ како политичка партија преку нивни функционери најавуваше дека ќе ја напуштат владата ако ништо не се случи на планот на евроинтеграциите.
Во меѓувреме во ДУИ изјавија дека без решавање на спорот за името не се заинтересирани за избори. Околу идејата за предвремени избори Поповски вели дека не е уверен дека тоа може да се случи, особено не на недемократски начин како што кажаа некои од опозиционерите, туку дека повеќе може да се каже дека опзоцијата тренира политичка кондиција.
Се смета дека ваквите политики на одредени невладини кругови кои
Ова е инструментализирано од партиските политики, на прво место ДПА како опозициона партија и тие се сегмент на еден поширок став на поголем број партии од опозицијата што значи дека се вклопува во онаа програма за предвремени
избори.
„Ова е инструментализирано од партиските политики, на прво место ДПА како опозициона партија и тие се сегмент на еден поширок став на поголем број партии од опозицијата што значи дека се вклопува во онаа програма за предвремени избори.“
На сличен начин размислува и политичкиот аналитичар Исмет Рамадани:
„Не би рекол некоја радикализација меѓутоа многу поголем ќе биде притисокот кон владата, многу методи на дејствување кои сепак ќе значат притисок и многу пожешка политичка ситуација.“
Не би рекол некоја радикализација меѓутоа многу поголем ќе биде притисокот кон
владата.