Министерството за здравство, започна реконструкција на прилепската болница во која со децении ништо не се реновирало.
Со средства од Министерството за здравство, започна реконструкцијата на прилепската болница, која е целосно руинирана и каде што со децении нема речиси никаква инвестиција. Одобрени се околу 860 илјади евра за санација на објектот во кој здравствена заштита добиваат повеќе од 200 илјади пациенти од регионот на Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Долнени и Кривогаштани.
„Прилепската болница во распаѓање. Отпочнати се работите на неколку проекти кои се одобрени од страна на Министерството за здравство во врска со реконструкцијата на прилепската болница, тоа се 5 проекти - санитарни јазли, надворешна дограма, пристап до новиот ургентен центар, самиот ургентен центар и централната гасна станица. Во моментов се работи на два ката, на петтиот и четвртиот кат“, истакнува директорот Илија Богатиноски.
Градежните работи треба да финишираат до крајот на мај, идната година. Но, сепак остануваат бројни нерешни проблеми. Ниту едно од шесте одделенија во болницата не се доволно кадровски екипирани. Вработени се стотина, но недостигаат уште 30 доктори специјалисти. Во моментов на специјализација се 15, но нивната едукација завршува дури по три години. Меѓутоа и под услов тие утре да започнат со работа, потребни се уште 15 други специјалисти за нормално функционирање на сите оддели.
„Во моментов настојуваме некако со крајни сили да ги покриеме, таа 24 часовна здравствена заштина, оној момент кога нема да можеме ќе постапиме согласно со Министерството, со околни болници дали можеме да најдиме начин да се покриеме, да обезбедиме сето. Меѓутоа, сепак ситуацијата е стварно алармантна, во моментов се уште држиме под контрола“, вели Богатиноски.
Состојбата е алармантна, вели Богатиноски, но најкритичниот период се очекува идната година, кога многу специјалисти одат во пензија. Иако дел од нив се сложиле да го продолжат работниот стаж, додека се надмине овој кадровски проблем, тоа не е можно. Директорот потенцира дека секој месец се испраќаат барања до Министерството и Фондот за здравство, од каде имаат разбирање за проблемот, што не е случај со Министерството за финансии.
„Меѓутоа треба да се обезбедат средства од буџетот, од Министерството за финансии, за жал од таму добиваме доста често негативен одговор на нашето барање.“
Од друга страна постоечкиот кадар не е доволно едуциран за работа на новата најсовремена опрема која за два месеца најдоцна треба да биде стане во функција. А, според проценките на раководството, новата опрема задоволува 80 отсто од потребите на болницата. И после се, останува проблемот со перманентен недостиг од 3 до 5 милиони денари месечно, кои не може да се надоместат, ниту со приходите кои се оставаруваат од сопственото работење.