Ќе се реши ли собраниската криза?

Собрание на РМ

Пратениците сметаат дека прво е потребен договор меѓу партиите, а дури потоа собраниска седница за формирање на Анкетна комисија и Деловник.
Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски најави дека оваа недела ќе свика седница на парламентот со две точки на дневен ред, формирање анкетна комисија и деловник за работа на законодавниот дом. Од кабинетот на Вељаноски појаснуваат дека тоа значи оти треба да се одржат минимум уште две кооординации и оти претстојните измени и дополнувања на деловникот и персоналниот состав
,Ваквата најава не само што не е во прилог на подобрување на односите, туку кажува уште повеќе дека тие без воопшто да ја консултираат опозицијата мислат и во иднина да се
однесуваат.
на комисија е потребно да се донесат со висок консензус однсоно да ги прифатат сите партии.

Сите политички партии кои се учесници во преговорите не се убедени дека со помош на спикерот ќе најдат решение кое би било во интерес на државата, доколку претходно не се постигне компромис за двете прашања. Андреј Петров од Социјалдемократскиот сојуз реагира дека одржување седница без постигнат договор ќе претставува продолжение на ситуацијата во која ќе има деловник кој нема да биде подржан од опозицијата:

,,Ваквата најава не само што не е во прилог на подобрување на односите, туку кажува уште повеќе дека тие без воопшто да ја консултираат опозицијата мислат и во иднина да се однесуваат.“

Тахир Хани од Демократската Унија за Интеграција не верува дека ќе има собраниска седница без да биде постигнат договор, а слично размислува и Стојан Андов од ЛДП кој вели дека претседателот на Собранието очекува партиите да се договорат зошто инаку нема потреба од седница:
Затоа се смета дека Деловникот е донесен без политички дијалог што е нужен за да се донесе и затоа сега треба во овие политички договори да се оствари дијалог.


,,Се знае дека е потребен широк консензус за промените во Деловникот.“

„Тој не рече дека ќе ги закаже седниците, туку дека ќе закаже седници и тоа значи дека тој очекува да се договорат.“

На досегашните координации партиите се договорија за обврските на анкетната комисија која треба да го расветли собранискиот инцидент, но не беше утврден персоналниот состав на комисијата. ВМРО-ДПМНЕ на маса го стави и носењето на деловникот. Опзоцијата смета дека тоа пртеставува условување, но велат дека не бегаат од решавање и на проблемот со деловникот. Мината година, ВМРО-ДПМНЕ презема обврска до 4-ти декември да го донесе деловникот, но тоа досега не се случи. Стојан Андов смета дека решение за деловникот е потребно бидејки тоа од нас го бара Брисел.

Парламентарна дебата - 14.07. 2010


„Затоа се смета дека Деловникот е донесен без политички дијалог што е нужен за да се донесе и затоа сега треба во овие политички договори да се оствари дијалог.“

Вељаноски изрази уверување дека до крајот на неделата Собранието ќе испорача комплетно позитивна слика за Македонија. Договор за измени на деловникот, кој беше донесен пред две години кога опозицијата го бојкотираше паралментот, беше постигнат на лидерската средба кон крајот на минатата година. Тоа досега не се случи што беше една од причините СДСМ да ги бојкотира координациите кај претседателот на Собранието. Овој месец, ВМРО-ДПМНЕ понуди да го прифатат и последниот услов за прифаќање на деловникот во Собранието на Македонија, односно за прифаќање на измените коишто ги бараше опозицијата. Меѓутоа дојде до чекор наназад поради инцидентот во Собранието по што опозицијата и власта меѓусебно продолжија да си ја префрлаат одговорноста.