Достапни линкови

Седница за разрешување на Вељаноски


Трајко Вељаноски
Трајко Вељаноски

Продолжува „војната со зборови“ меѓу македонските пратеници. Ништо ново и покрај апелите за смирување.

Собранието на Македонија по 12-часовно заседавање доцна синоќа не ја прифати предлог одлуката за разрешување на претседателот Трајко Вељаноски. За предлогот поднeсен од СДСМ и НСДП гласаа 14 пратеници, а 68 беа против. Двете опозициски партии го обвинија Вељаноски дека на 1 јули, кога се случи инцидентот пред и во Парламентот, направил низа прекршувања на членот 43 од Законот за Собрание, како и за повеќе други постапки поврзани со овој, но и со други настани. За пратениците од парламентарното мнозинство, пак, седницата претставува извртување на фактите и обид да се заташка одговорноста за инцидентот од 1 јули.

На конечната одлука за неразрешување на Вељаноски му претходеше маратонска седница, на која не изостана вообичаениот говор на навреди и меѓусебни обвинувања

Пратеничката на СДСМ, Весна Бендеска изјави дека постои шанса да ја повлечат иницијативата за разрешување.

„Ако повикавте полиција, ако одобривте присуство на полицијата тогаш ќе продолжиме и ќе дебатиравме за ваша лична одговорност за прекршување на членот 43 од Законот за Собрание. Но, ако не повикавте тогаш во истиот момент спремни сме да ја повлечеме нашата иницијатива бидејќи јасно ќе е каде е одговорноста за грубиот пуч што извршната власт го направи врз законодавниот дом.“


Вељаноски од собраниската говорница порача дека тој не го иницирал инцидентот во Собранието.
Погледнете ги сликите, мене ме нема на овие слики, јас не влечам припадник на Министертво за внатрешни работи.


„Инцидентот вие го направивте надвор од Собранието. Погледнете ги сликите, мене ме нема на овие слики, јас не влечам припадник на Министертво за внатрешни работи.“

Вељаноски, пак запраша дали е ова груб обид да се заташка инцидентот.


Преглед на „речникот“

Грубиот и одмазнички речник на пратениците, поради кој евроамбасадорот Ерван Фуере упати остри критики и ги повика да се угледаат на Нелсон Мендела, продолжува и на денешната седница.

Цветанка Иванова (СДСМ): „Нема поефтин политички крик светото македонско знаме да го дигаат лажни патриоти со странски пасоши, на јарболи кои се со три пати повисока цена пресметани, а се уште неплатени.“

Силавана Бонева(ВМРО-ДПМНЕ)
: „Невиден срам е денешниот театар што го правите тука во Собранието на Република Македонија.[...] Барате одлука за разрешување на претседателот на Собранието – тој е виновен што вие се тепавте. Мислам дека е недолично.“

Горан Мисовски(НСДП): „Кревањето рака врз пратеник е кревање рака врз народот.“


Емилијан Станковиќ(СДСМ): „Вие избравте да бидете марионета на Груевски и на фамилијата инсталирана во ВМРО-ДПМНЕ и жалам што е така. Ја преземавте вината заедно со Гордана Јанкулоска во смисленото деградирање на парламенатрната демокртија и станавте соучесник во обидите на инсталирање на полициска држава.“

Трајко Вељаноски(ВМРО-ДПМНЕ)
: „Не можете вие да уценувате, не можете да бидете надвор од ситуацијата, туку вие треба да придонесувате за излез од светската економска криза и ако има криза во политичкиот систем, а не да го генерирате и да ја дополнувате кризата во Македонија.“

Емилијан Станковиќ(СДСМ): „Господине Вељаноски, бидете маж еднаш, не се обидувајте со клеветења на нас да ја префрлите одговорноста.“

Илија Димовски(ВМРО-ДМПНЕ): „И вие знаете, дали е одлика на карактер или на домашно воспитание вие си знаете.“


Андреј Жерновски, (ЛДП)
: „ Вистински спас за Македонија се следните избори, вонредни или редовни, сеедно да бидат една голема интерпелација и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ“.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG