Достапни линкови

Претседателските избори во САД пред правна разврска?


Доналд Трамп и Џо Бајден
Доналд Трамп и Џо Бајден

Резултатот од претседателските избори во САД останува нејасен, а актуелниот претседател Доналд Трамп и неговиот демократски предизвикувач Џо Бајден се уверени во победата. Трамп најави дека ќе покрене правна постапка. Од изборниот штаб на Бајден велат дека се подготвени и на таква битка.

Резултатите од Пенсилванија, Висконсин, Мичиген и Џорџија, се неопходни за победа на изборите. Бајден рече дека верува оти неговата кампања е на пат кон постигнување на целта 270 електорски гласови во Изборниот колеџ, вклучувајќи ги оние од Мичиген, Пенсилванија и Висконсин. Освојувањето на тие три држави би биле доволни за негова победа.

И Трамп и Бајден сметаат дека се победници, иако гласовите не се пребројани
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Први победи: Бајден во Вермонт, Трамп во Кентаки

Трамп кој пред изборите постојано и без докази сугерираше дека гласањето по пошта ќе доведе до изборна измама изјави: „Искрено, ние победивме на овие избори. Ова е измама на американската јавност“.

Претседателот нема овластување да прогласува победа на избори, чии резултати ги одредуваат изборните службеници во секоја држава. „Не е на мене или на Доналд Трамп да го прогласиме победникот на овие избори“, напиша Бајден на Твитер, барајќи трпеливост.

Трамп претходно најави дека очекува „голема победа“. „Ние сме големи, но тие се обидуваат да ги крадат изборите“, напиша Трамп на Твитер, кој веднаш го обележа твитот и го ограничи пристапот до него со порака во која се вели дека „дел или целата содржина споделена на овој Твитер е спорна и може да бидат во заблуда за избори или друг граѓански процес “.

Бајден и Трамп во тесна трка во клучните држави

Бајден се надеваше дека ќе ги освои клучните држави како Флорида, Охајо или Северна Каролина, што ќе ги намали шансите на Трамп за победа. Но, по објавувањето на резултатите, плановите на кампањата на Бајден во неколку клучни држави беа уништени, бидејќи Трамп доби голема поддршка што не беше предвидено во повеќето предизборни анкети.

Њујорчани ги чекаат резултатите од изборите на Тајмс Сквер
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:31 0:00

Дури и без Пенсилванија, победите на Бајден во Аризона, Мичиген и Висконсин, заедно со неговата предвидена победа во конгресниот округ во Небраска, со кој се издвојуваат електорски гласови можат да го донесат 77 годишниот Бајден во Белата куќа, ако ги зачува државите што Трамп ги изгуби во 2016 година.

Од друга страна, се предвидуваше Трамп да ги освои Флорида и Охајо, двете понаселени и политички значајни држави со голем број електорски гласови во Изборниот колеџ.

Пандемија и економија - топ теми за американските гласачи

Историските избори се одвиваа без проблеми и покрај тоа што се одржуваа во позадина на пандемијата и во длабоко поделената нација. Повеќе од 100 милиони луѓе гласаа предвреме - по пошта или на избирачки места - пред денот на изборите откако многу држави го дозволија тоа за да се ублажи ширењето на коронавирусот.

Тоа е рекорден број и 73 проценти од вкупниот број гласови на претседателски избори во 2016 година.

Поради огромниот број гласови по пошта, исходот од изборите не се очекува дури со денови, а и двете страни изјавија дека се подготвени за можни правни битки околу резултатите.

Пред изборите, според анкетите, Бајден имаше предност од 8 процентни поени на национално ниво.

Американските гласачи не гласаа само за следниот претседател на САД. Тие исто така гласаа и за тоа кој ќе ги контролира Сенатот и Претставничкиот дом.

Републиканците го контролираат Сенатот со мнозинство од 53-47, но тоа може да биде загрозено, бидејќи некои републикански сенатори се во тесна трка со демократите.

Кандидатката која ја прифаќа теоријата на заговор на крајната десница влегува во Конгресот

Демократите треба да освојат четири места за да им ја одземат контролата на републиканците, иако добивањето од три места ќе биде доволно доколку Бајден биде избран за претседател, бидејќи потпретседателот го има решавачкиот глас доколку Сенатот е во ќор-сокак.

Демократите го контролираат Претставничкиот дом со 435 места и се очекува да ја задржат мнозинската позиција. Во последните две години, Трамп мораше да работи со поделен Конгрес.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG