Петја донела одлука да го напушти сопругот додека се криела заедно со нивното дете во нивниот дом додека тој дивеел, фрлајќи и кршејќи предмети во напад на екстремен бес.
Петја, не е нејзиното вистинско име, изјави дека била подложена на долгогодишно ментално и физичко малтретирање од нејзиниот сопруг, вклучително и сексуална злоупотреба. Таа рече дека тој ги искористил нејзините стравови за да ја контролира. Нејзиниот поранешен партнер до денес не се соочил со никаква кривична пријава.
Сопругот ме тепаше и силуваше, а неговите ми велеа: Затвори си ја устата
Петја, кој тогаш имаше 38 години, за Бугарскиот сервис на РСЕ изјави дека тешко и било да донесе одлука да замине. „Во тоа време бев невработена, што уште повеќе ја влоши ситуацијата -- без пари, дом“.
Сепак, иднината на нивното дете, тогаш три години, ја натера Петја конечно да го напушти сопругот, дури и да се откаже од секое барање за нивниот дом и друг имот за да ја забрза и олесни постапката за развод. Но, разводот не значеше крај на сите злоставувања. Всушност, на некој начин се влоши.
„Откако се иселив и се разведов, менталното вознемирување стана уште полошо. Ме демнеше, се обидуваше да го киднапира детето, се закануваше дека ќе ме убие. Секогаш се плашев -- и за мојот живот и за моите најблиски. Се криев и ретко излегував од дома“, вели таа.
Се верува дека Петја е една од илјадниците жени подложени на семејно насилство во Бугарија. Овие бројки се проценки, бидејќи ниту една државна агенција не ги забележува таквите информации, нагласувајќи го она што некои аналитичари го оценуваат како неуспех на властите да го сфатат ова прашање сериозно.
Според организациите за правата на жените во Бугарија, 15 жени годинава починале од семејно насилство. Последниот таков случај бил во септември, кога 30-годишната Евгенија, наводно, била задавена до смрт од нејзиниот сопруг, кој сега се соочува со обвиненија за убиство во Софија.
Сите системски пречки за жртвите на силување во Србија
Иако Бугарија ја потпиша Истанбулската конвенција, таа допрва треба да го ратификува најсеопфатниот меѓународен договор за човекови права за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство.
Огромна траума
Првите години од бракот на Петја не ѝ дадоа навестување за тоа што ќе дојде подоцна. „Никогаш не ми падна на памет дека може да ми се случи нешто вакво“, изјави таа.
Меѓутоа, еден ден Петја почувствувала промена кај нејзиниот сопруг кога ја извел на возење со својот нов автомобил. „Се плашам од голема брзина. Се чувствувам беспомошно, паника и вкочанетост“, вели Петја за РСЕ, додавајќи: „Знаејќи го мојот најголем страв, тој го искористи тоа и ја покажа својата моќ, игнорирајќи ги моите молби да забави. Додека плачев, тој не направи ништо“.
Со разводот, Петја беше оптоварена со повеќе форми на вознемирување од нејзиниот поранешен сопруг. „Телефонското вознемирување, следењето, заканите, сето тоа ме лиши од можноста да живеам нормален живот“, вели Петја, раскажувајќи еден особено застрашувачки момент кога се појавил во нејзиниот дом и се обидел насилно да ја избрка.
„Траумата е огромна. Кога зборувам за тоа што се случи и денес, плачам и сè уште чувствувам дека нешто може да го испровоцира и малтретирањето ќе продолжи“, додаде Петја. Кога донела одлука да го напушти сопругот, таа се јавила на телефонска линија за жртви на семејно малтретирање.
„Луѓето треба да знаат дека всушност има некого да се обратат доколку мислат дека се злоупотребени и сакаат барем да откријат какви опции имаат“, вели Атанас Киров, кој е помошник координатор на Националната телефонска линија на невладината организација за жртви на насилство.
Барање поддршка
Петја наиде на поддршка и од нејзините родители, кај кои таа и нејзиното дете сега живеат. „Одеднаш, кога целиот свет ќе ти се урне, треба да најдеш остров, сламка да ја грабнеш за повторно да се извлечеш. Тоа е навистина темен тунел. Човек не може сам да се справи. Навистина ви треба поддршка од роднините и пријателите“, вели Петја.
Зошто дефиницијата за силување не е иста во земјите на ЕУ
За да се справи со нејзините трауми, но и за да им помогне на другите, Петја го споделува своето искуство со други жртви на семејна злоупотреба, волонтирање во Здружението Анимус, како и учество во групи на социјалните медиуми посветени на помагање на жртвите на семејно насилство.
„Неизбежно по одреден временски период, животот почнува да се подобрува. На почетокот е страшно, но можете да го пребродите тоа. Ниту една жена не заслужува да биде третирана така. Секоја жена што го доживеала овој пекол е од огромна помош. Жените на кои им треба помош треба да не бараат, да не контактираат. Тие не треба да се срамат и да знаат дека тоа не е нивна вина. И дека тоа не е бесконечно, и дека има излез“, објаснува Петја.
Не се сфаќа сериозно
Нема точни податоци за бројот на жртви на семејно насилство во Бугарија. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, објавени на прес-конференција на 24 ноември, во пресрет на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените, на линијата за итни случаи 112 се пријавува семејно насилство во просек по околу 90 дневно.
Податоците на телефонската линија на Здружението „Анимус“ покажуваат дека од 1.852 јавувања од почетокот на годинава, 1.280 се за семејно насилство.
Ваквиот недостаток на цврсти податоци е хендикеп, објаснува Кристина Фабре, тим лидер на програмата за родово насилство во Европскиот институт за родова еднаквост со седиште во Вилнус.
„Не можеме да се справиме со насилството врз жените без податоци. За да дизајнираме политики што ќе го запрат насилството, треба да знаеме колку жртви има, каков е нивниот однос со насилникот и дали тој сторител е повикан на одговорност. Собирање на овие податоци на минимумот сигнализира посветеност за ставање крај на насилството врз жените“, изјави Фабре за РСЕ.
Општествени промени
Додека Бугарија усвои закон за семејно насилство, неуспехот да го следи е голем недостаток, објасни Надежда Стојчева, директорка на Здружението Анимус.
„Дел од проблемот е што бугарските институции не можат да го наречат проблемот „семејно насилство“ по неговото име и да го разликуваат, да го идентификуваат за да се справат со него“, рече Стојчева за РСЕ, повикувајќи се на истражување кое покажува дека една од четири жени во Бугарија е подложен на семејно насилство.
„Повеќето институции и политичари во Бугарија не го гледаат ова прашање како итно, судејќи според нивното недејствување“, вели Стојчева. Таа посочува дека предложените измени на бугарскиот закон за заштита на жртвите на семејно насилство се подготвени, но сѐ уште не се усвоени.
Покрај тоа, земјата страда од недостаток на засолништа. „Има само една кризна единица со осум кревети во Софија. Ние ја управуваме. Дали мислите дека тоа е доволно за милион луѓе во Софија? А има 12 региони во Бугарија каде што воопшто нема. Потребна е и промена во ставовите низ општеството“, наведува Стојчева, додавајќи: „Дел од бугарското општество верува дека овој проблем е приватна работа. Овие луѓе не сакаат промени, не сакаат никакви нови закони. Тие се насекаде -- тие работат во институциите и се во целото општество“.
Студијата на Алфа Истражување и Отворено општество од октомври покажува дека мнозинството Бугари ја поддржуваат еднаквоста меѓу мажите и жените и сметаат дека различните форми на насилство врз жените се неприфатливи. Сепак, 15,8 отсто од испитаниците сметаат дека семејното насилство врз жените е личен проблем и треба да се решава дома.
Турција официјално се повлече од Истанбулската конвенција
Истражувањето покажа и дека 6 насто од испитаниците сметаат дека е прифатливо мажот да и забрани на жената да се гледа со некои роднини и пријатели, а 3,6 отсто рекле дека е прифатливо мажот да удира жена.
Бугарија е една од шесте земји-членки на ЕУ кои ја немаат ратификувано Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство, попозната како Истанбулска конвенција.
Десничарската влада на премиерот Бојко Борисов ја достави Истанбулската конвенција на ратификација до парламентот во јануари 2018 година, само за да ја повлече неколку недели подоцна поради вревата околу родовите улоги.
Дебатата се фокусираше врз нејзината дефиниција за „род“, односно „социјалните улоги, однесувањата, активностите и карактеристиките кои одредено општество ги смета за соодветни за жените и мажите“.