Достапни линкови

Цвеќиња и лицемерие - на Денот на жените му треба „преиспитување“


Денот на жената одамна престанал да се залага за родова рамноправност
Денот на жената одамна престанал да се залага за родова рамноправност

Не сите го слават Денот на жената. Една феминистичка блогерка вели дека е „лажен и лицемерен“, а критичарите се прашуваат што се случило со празникот што требаше да ги потенцира достигнувањата на жените и да ги зајакне чекорите кон вистинска еднаквост. Текст на Марк Рацкиевич.

На 26 февруари, Оксана Мајборода, советничка во градот Ривне, во западна Украина, зборуваше на состанокот на градското собрание со забелешки за важноста на зоните за пешаци во урбанистичкото планирање. Таа ја држеше својата двегодишна ќерка додека ја одржуваше презентацијата.

За помалку од една недела, Мајборода се соочи со бура на социјалните мрежи откако еден човек од нејзината партија „Европска солидарност“ објави фотографија на Фејсбук и првиот коментатор праша: „Што, градинките повеќе не прифаќаат мали деца?“


Други пак, наведоа дека е „неправилно“ да се појавува на сцената со нејзиното дете.

И додека некои ѝ даваа поддршка и објавуваа слики од своите деца на нивните работни места, многу од над 800-те коментари беа „политичко малтретирање и дискриминација врз основа на мајчинството“. Коментарите преку интернет дадоа слика на ставовите пред Денот на жената, што се одбележува низ целиот свет - 8 март.

Во Украина, не сите го слават

За феминистичката блогерка Зоја Казанџи, Денот на жената е „лицемерен празник“. Менаџер за комуникации во агенцијата за односи со јавност со седиште во Киев Казанжи изјави за РСЕ дека започнала да пишува за нејзиното одбивање на празникот пред повеќе од една деценија. Начинот на кој се слави сега е „фасада“, рече таа.

Денот на жената првпат беше прославен на почетокот на 20 век во САД и во неколку европски земји, во услови на наплив на социјализам и зголемени повици за подобри услови на работниците и еднакви права на жените со мажите во низа работи како на пример правото на глас.

Додека сето тоа избледе брзо во Соединетите Држави, повторувајќи се само во последните децении, до 70-тите години на минатиот век тој стана значаен празник во Советскиот Сојуз и во некои други земји.

Но, повиците за правата на жените и еднаквоста беа засенети, во значителен степен, со подароци, честитки, букети и шишиња ликер. Како што се приближуваше празникот, телевизијата и интернетот во Украина, Русија и другите поранешни советски републики беа преполни со реклами со цвеќиња, чоколади, срца и празнични рецепти.

„Нема замена“

Класичните родови улоги имаат тенденција да преовладуваат, а критичарите велат дека празникот одамна престанал да се залага за родова рамноправност и славење на достигнувањата на жените - особено надвор од домот и семејството. Разочарување е и за Тетјана Дуриева, извршен директор на невладина организација од Киев.

Меѓународен ден на жената - „Еднаква иднина во светот со ковид-19“

„Цвеќињата се добри“, вели таа, но само доколку овој вид прослава е придружен со сериозен дискурс за „тоа со какви пречки се соочуваат жените“.

Организацијата на Дурњева е составена од поранешни активисти на невладини организации кои беа раселени од источна Украина од војната што започна откако сепаратистите поддржани од Русија зазедоа делови од две провинции во индустрискиот регион познат како Донбас во 2014 година.

Повеќе од 13.200 лица се убиени, а конфликтот продолжува. Секоја година на 8 март, таа им зборува на нејзините две деца за важноста на правото на глас на жените и за фактот дека на жените не им било дозволено да гласаат во минатото.

„Додека се постигнати некои придобивки, ние сè уште бараме поголема заштита наместо цвеќе… тие не се замена за внимание [за прашања што непропорционално ги засегаат жените] и тие не го оправдуваат насилството или„ стаклениот плафон“, вели Дурњева, повикувајќи се на проблемите што го попречуваат напредокот на жените кон високи позиции ниво на работа и во општеството.

Казанџи пак, вели дека се потребни радикални промени и дека децата треба да научат „зошто правата на жените се важни… почнувајќи од градинка“. Државата и граѓаните „треба да размислат повторно за празникот“, вели таа. Ирина Швец, професор по економија на Националниот технички универзитет во Доњецк, има поинакво гледиште.

Родов јаз

На жените навистина не им е потребен празникот 8 март, рече Швец, „бидејќи во суштина, жените не мора повеќе да се борат за своите права - ги имаме сите права“.

Еднакви права на хартија, можеби, но истражувањата покажуваат дека има големи нееднаквости во реалниот живот.

Жените во руралните средини силно погодени од пандемијата

Во февруари, консултантската кужа за анализа на податоци „Глобал Пипл Стратегист“ во извештајот наведува дека родовиот јаз во платите меѓу мажите и жените во Украина е околу 32 процента.

Во просек на национално ниво, жените заработуваат 4.000 долари годишно помалку од мажите, според студијата спроведена во април 2020 година, спроведена од Здружението на жени адвокати на Украина.

Истата студија открива дека само 23 проценти од менаџерите на работните места во Украина се жени, додека заедничкиот извештај на компанијата за домашни системи за безбедност Ринг Украина и фирмата за социјално истражување Инфо Сапиенс заклучиле дека „родовите стереотипи… придонесуваат за родова нееднаквост во рамките на лидерските позиции“ како и на разлики во платите засновани врз пол.

„Влада во која доминираат мажите“

Дома, во меѓувреме, мажите очигледно не им помагаат многу на жените со мали деца: Истражувањето спроведено во 2020 година од Фондот за население на ОН (УНФПА) покажа дека уделот на мажите во одгледувањето деца на возраст од три години или помлади е само во 2 процента од домаќинствата, додека мајките во 85 проценти од домаќинствата.

Во телефонско интервју за РСЕ, членот на националниот парламент Ирина Херашченко изрази жалење дека жените продолжуваат да се држат надвор од „процесот на донесување одлуки“ кога станува збор за важни работи на владата. На локалните, регионалните и парламентарните избори, сега постои 40% квота за жени кандидати на списоците на политичките партии.

Платформа за родова еднаквост: Резултати за „Јавна соба“ до 8 март или протести

„Но, само 21 процент од 422 места во Врховната рада, националниот парламент, ги држат жени, тројца од 23 министри во кабинетот се жени, а „жените во основа отсуствуваат“ од влијателните места во претседателската администрација. „Тоа е „влада во која доминираат мажите… не постои концепт на паритет со жените… тоа е концепт на сексизам и стереотипи“, рече таа, додавајќи дека смета оти 8 март „треба да биде празник, но не и ден за солидарност и борба за правата на жените“.

Пандемичен притисок

Како и во многу земји, пандемијата ковид-19 влоши некои од проблемите со кои се соочуваат жените во Украина.

Семејното насилство се зголеми откако за првпат беа воведени мерки на ограничување во март 2020 година, вели Херашченко.

Во 2018 година, УНФПА соопшти дека повеќе од 1,1 милиони жени во Украина „страдаат од физичко, сексуално или емоционално насилство во своите семејства“ годишно.

Полициската статистика покажува дека има пријавено 235.720 случаи на семејно насилство во 2020 година, што претставува зголемување од 66 проценти во однос на 2019 година. Законот што стапи на сила таа година го криминализира семејното насилство. Исто така, содржи одредби за засолништа за жртви на напади и гарантира казна - не предупредување или условна казна - за сторителите кои се прогласени за виновни.

Но, Казанџи вели дека „многу жени толерираат семејно насилство“, додавајќи дека „не се прават доволно истражувања“ и оти подобрувањата ќе бидат неостварливи доколку на проблемот не му се посвети поголемо внимание.

Извештајот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа од 2019 година открива дека две од три жени во Украина доживеале психолошко, физичко или сексуално насилство.

Само 32 процента од жените кои преживеале физичко или сексуално насилство бараат помош, според УНФПА. „Она што сè уште го имаме е општество на затворени машки клубови, вклучително и во владата“, вели Казанџи.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG