Достапни линкови

Зошто е тешко да се измери напредокот во војната во Украина


Руски екипаж подготвува ракети за ракетен систем со повеќекратно лансирање „Ураган“.
Руски екипаж подготвува ракети за ракетен систем со повеќекратно лансирање „Ураган“.

Уште од целосната инвазија на Москва на Украина во февруари, војната беше нерамномерна со огромни пробиви, тактичко повлекување и сериозно трошење што направи тешко да се измери кој напредува во конфликтот. Рид Стандиш

Киев извојува симболична и стратешка победа на 30 јуни кога руските сили се повлекле од Змискиот остров во Црното Море помалку од една недела откако украинските сили се повлекле од силното гранатирање и рускиот напредок кон градот Северодоњецк во источниот украински регион Донбас.

Руските сили продолжуваат да притискаат со цел да заземат повеќе од провинциите Луганск и Доњецк каде што украинските војници се наоѓаат под оган од разорниот руски артилериски бараж.

Москва тврди дека ја презела контролата врз Луганск во источна Украина

Во меѓувреме, украинските сили извршија неколку контранапади на југот на земјата и остварија нови територијални придобивки.

За да дознае повеќе за тоа како да се измери темпото на војната и како се споредуваат руските и украинските сили, РСЕ разговараше со Дара Масикот, висок истражувач во американскиот тинк-тенк RAND и поранешен висок аналитичар во Пентагон.

РСЕ: Во последниве недели, видовме многу побавно движење во Украина, особено во Донбас. Според вас, дали е можно да се каже кој победува во ваква војна и, ако да, кои се некои од клучните индикатори што треба да се следат?

Дара Мисикот
Дара Мисикот

Дара Масикот: Гледаме побавен руски пристап со многу артилериски напади, проследени со инкрементални движења зад нив. Во следните недели, ќе внимаваме на контролирани заминувања, [како] од украинската страна, како што видовме во Северодоњецк и веројатно во други области [во близина]. Понекогаш работите имаат застој во одредени области неколку недели или неколку месеци, а потоа напредокот може да биде доста брз. Значи, не мора да се случува линеарна борба.

РСЕ: Очигледно, тешко е да се каже кој ја добива војната, но има ли нешто друго на што треба да се внимава?

Масикот: Од украинската војска велат дека се поразени поради значителната разлика, особено во однос на артилериското оружје. Руските сили имаат предност, и во однос на количината и опсегот што можат да го применат против нив, а таквите работи веројатно нема да се променат, дури и со испораките на некоја од понапредната опрема во неделите и месеците што следат. Сепак, ова не е само игра со бројки.

Украинците се бореа многу паметно и многу мудро, но мислам дека Русите имаат малку предност на теренот. Тие, исто така, ги сменија своите цели, и сега се фокусираат врз две конкретни области во моментов. Во Северодоњецк примениле воздушна сила и учат како поефикасно да применуваат поблиска воздушна поддршка. Бев изненадена оваа недела кога видовме посилни напади од Русија во други области на Украина.

Навистина не сме виделе десетици проектили да бидат лансирани во исто време подолго време. Затоа, мислам дека во моментов треба да се посматра ситуацијата во Луганск.

РСЕ: Какви работи може да направи Киев за да добие предност на теренот, особено кога руските сили се побројни?

Масикот: Тие беа навистина ефикасни во раните денови за напади врз логистички линии и следење линии за снабдување и нарушување на рутите. Таквите работи ќе продолжат да имаат влијание врз руските сили, но повторно, тешко им е да го сторат тоа во Луганск и Доњецк, бидејќи линиите се поставени од 2014 година.

РСЕ: Сè погласни се извештаите дека Русија се повеќе се потпира врз резервните сили, вклучувајќи ги и таканаречените „доброволци“. Дали е ова доволно за да и се дозволи на Русија да се одржи на терен со сегашното темпо без да повикува на целосна мобилизација?

Русија обвинува за фатални експлозии во Белгород, продолжуваат борбите во Луганск

Масикот: Мислам дека е прилично лош знак за професионалните борбени сили на Русија пет месеци од овој конфликт да се обидуваат да регрутираат војници. Мораме да земеме предвид дека руската мобилизациска база и руската програма за професионални резерви беа релативно во мирување во последните 10 години, освен што можеби видовме мала активност во последните 12 месеци.

Значи, ова не се особено добро обучени поединци. Тие не добиваат соодветна обука - можеби најмногу две до три недели - и потоа се ставени во борбена ситуација. Некои од нив се исто така постари -- гледаме доброволци на возраст од 40 до 50 години кои се борат во Донбас.

Но, кога ги гледам различните политички одлуки што тие ги носат во Русија, мислам дека тие веруваат дека сè уште можат да ги постигнат своите цели. Тие веќе гледаат на иднината во свет каде што се обидуваат да припојат делови од Луганск, Доњецк и делови од Запорожје и Керсон. Тие исто така се обидуваат да стават политички опции како да ќе го имаат ова како своја територија. Значи, јасно е дека мислат дека им се доста војници.

Не знам дека имаат доволно за повторно голема офанзива и мислам дека тоа не е можно. Значи, можеби повторно ќе видиме нешто како замрзнат конфликт, но нема да видите уште едно туркање кон Киев или нешто слично.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG