Достапни линкови

Битолчани за Велигден, дома


Битола
Битола

Меѓу битолчани има слаб интерес за патување некаде во странство за претстојните велигденски празници.

Катастрофално слаб е интересот на битолчани за патување во странство за време на велигденските празници. Само неколку автобуси со туристи отпатуваа од Битола за Грција, Бугарија, Чешка и Унгарија. Воопшто немаше заинтересирани за новите и поекслузивни туристички аранжмани што агенциите ги понудија. Битолчани велат дека џебовите им се плитки за да
Немаме пари да одиме надвор од Македонија бидејќи се е поскапено храната, сметките се многу високи, особено струјата. Повеќе од 10-15 години не сме отишле надвор од Македонија да го прославиме
Велигден.
празнуваат во странство.

„Немаме пари да одиме надвор од Македонија бидејќи се е поскапено. Храната, сметките се многу високи, особено струјата. Повеќе од 10-15 години не сме отишле надвор од Македонија да го прославиме Велигден.“

„Јас сум од постарата генерација и можам да направам една споредба како беше порано одењето во странство и како е сега. Огромна е разликата. Таа разлика се согледува во можноста со финансии да се поминуваат вакви празници во странство кога навистина и таму веќе станува збор за доста повисоки цени во однос на минатото. Порано имавме можности да одиме, а сега не. Примањата сега за патувања во странство се минимални.“
Имаме многу аранжмани, но понудата е страшно евтина. Никогаш не сме имале поевтини аранжмани, но побарувачката е разочарувачки слаба. Најверојатно причината е во немаштијата.


Од туристичките агенции се разочарани и велат дека не паметат кога друг пат имале толку слаба побарувачка.

„Имаме многу аранжмани, но понудата е страшно евтина. Никогаш не сме имале поевтини аранжмани, но побарувачката е разочарувачки слаба. Најверојатно причината е во немаштијата. Аранжманите се за Виена, Прага, Будимпешта. За жал Азурна Обла за првпат ја пуштивме, но немаше интерес. Искрено да кажам, ќе одат само две тури за Прага и Будимпешта“, изјави Миле Спировски од туристичката агенција „Турист“.

Инаку, статистиките покажуваат дека во последно време интересот за празнични патувања во странство е преполовен, интересот е голем само за Нова година и преку лето.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG