Достапни линкови

Нередовна вакцинација меѓу ромските деца


Ромска населба во Куманово
Ромска населба во Куманово

Лошите услови за живот и нередовната вакцинација, предуслов за бројни инфективни болести меѓу ромските деца од Куманово.

Сиромаштијата, нискиот животен стандард, недоволно едуцирано население, повеќечлени семејства кои децата повеќе ги одгледуваат на улица, се дел од причините поради кои малите Ромчиња од кумановските населби Средорек и Бавчи заболуваат од инфективни болести.

Наза Стефановски за условите во кои живее нејзиното семејство раскажува:

„Ќе болуваат, зашто шетаат и одат по канти, питачат. Живееме од кантите, собираме пластика, продаваме и од тоа живееме. Социјална помош е двеипол илјади денари. Како да живееме, а 12-мина сме. Мажот не работи, синот не работи.“

„Ние сме невработени, немаме никакви услови за да земаме пари, нашите деца повеќе одат по канти и од тоа се разболуваат.“

Имате ли помош од невладините ромски организации?


„Немаме помош од нив, сами се снаоѓаме“, вели 23-годишната Џељал Бекири, мајка на три деца.

Ромските невладини организации постојано велат дека му помагаат на ромското население.

На кој начин им помагате?

Ќе болуваат, зашто шетаат и одат по канти, питачат. Живееме од кантите, собираме пластика, продаваме и од тоа живееме. Социјална помош е двеипол илјади денари. Како да живееме, а 12-мина сме. Мажот не работи,синот не
работи.
„Со информирање на терен. Директно, во соработка со Здравствен дом, одиме и директно разговараме со населението. И формално и неформално ги информираме.“

Тие се жалат дека немаат никаква материјална помош од ниту една ромска невладина организација?
„Ние сме непрофитабилни. Можеме само со информации, материјално не можеме“, вели Елизабета Даутовска од Ромската невладина организација на жени „КАМ“.

Каква е здравствената состојба на малите Ромчиња кои поради неодговорноста, недоволната запознаеност на нивните родители или, пак, поради нивната сезонска работа заминуваат од градот и не се отповикуваат на поканите за имунизација. Д-р Сунчица Трајковска од Детскиот диспанзер во Куманово вели:

„Здравствената состојба ја следат матичните лекари. Тие што доаѓаат кај нас се релативно здрави. Проблемот е во тоа што нередовно ги носат децата на вакцинација. Има такви болести поради кои вакцинацијата не мора целосно да биде исклучена. Со стручна помош може да се вакцинираат. Ние соработуваме со нашите специјалисти педијатри и за хронично заболените бараме мислење и од имунолозите од Скопје.“
Здравствената состојба ја следат матичните лекари. Тие што доаѓаат кај нас се релативно здрави. Проблемот е во тоа што нередовно ги носат децата на вакцинација

Влијанието на условите во кои живеат Ромчињата

„Апсолутно, условите во кои живеат се на едно пониско ниво. Прават напори нивните НВО кои работат на едукација и образование и на мајките и на родителите.“

Колку едукацијата ќе помогне, ако материјалната состојба е лоша?

„Тоа е релативно. Од соработката со НВО гледаме дека се залагаат во таа смисла“, вели д-р Трајковска.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG