Во очекување да се распушти Собранието, законодавниот дом работи
на усвојување голем број закони. Во собраниска процедура е и изборниот законик, а не е исклучено денеска или утре, за кога е закажана уште една собраниска седница, да се гласа и за избор на претседател на ДИК, ако се обезбеди двотретинско мнозинство.
СДСМ нема да се врати во парламентот за да учествуваат во неговото распуштање. Пратениците деновиве бараат од нивните колегите од владеjачкото мнозинство да им објаснат зошто има потреба од ваква итност со носeњето на останатите закони на неколку дена пред распуштање на Паралментот.
„Најверојатно ВМРО-ДПМНЕ има намера да си ги донесе сите сто закони кои што беа предложени деновиве, и во една таква забрзана постапка, насилничка, ќе дојде до гласање за сите сто закони“, коментира Роза Топузова-Каревска од ЛДП.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека станува збор за закони кои се носат во редовна постпка според деловникот, а не за итна процедура. Законите се од важност за граѓаните и Парламентот мора да работи, а дали опзицијата ќе даде придонес, зависи од нив, вели Анета Кипаризовска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова се закони кои се влезени во процедура уште пред да биде даден конечниот датум за избори. Инаку, ние гледаме дека опозицијата веќе подолг период не е во Собранието, така што институциите не може да бидат блокирани.“
И коалицискиот партнер ДУИ наоѓа оправдување за ваквиот начин на носење закони. Според пратеникот Рафиз Алити се работи за закони што се поврзани со реформирање на јавната и на државната администрација
„Се однесуваат на забелешките кои ги имаме од надвор особено за администрацијата.“
Пратенците од опозицијата, пак, констатираат дека како почна, така заврѓува работата на Парламентот - со повторување на сликата од 2008 година. Стојан Андов од Либерлната партија и поранешен претседател на Собранието вели дека не смее да се носат закони со таква динамика.
Искуствата од 2008 покажаа дека имаше повеќе закони што беа во спротивност со Уставот. Голем дел беа делумно или целосно поништени или укинати од Уставниот суд. Неизвесно е да се прогнозира дали истото ќе случи и со овие закони, вели Андов, но според него овие закони што сега се носат не е исклучено повторно да се менуваат во наредниот парламентарен состав.
„Може да се донесат сите тие закони и за три месеци, ако се сигурни дека така како што ги предлагаат и идниот парламент ќе ги прифати. И затоа сега гледаат по секоја цена да ги донесат веднаш.“
Андов се согласува дека државава има обврска да ги усогласи законите со европските, но нагласува дека треба да се донесуваат квалитетни, а не неприменливи решенија.
Најверојатно ВМРО ДПМНЕ има намера да си ги донесе сите сто закони коишто беа предложени деновиве, и во една таква забрзана постапка, насилничка, ќе дојде до гласање за сите сто закони.
на усвојување голем број закони. Во собраниска процедура е и изборниот законик, а не е исклучено денеска или утре, за кога е закажана уште една собраниска седница, да се гласа и за избор на претседател на ДИК, ако се обезбеди двотретинско мнозинство.
СДСМ нема да се врати во парламентот за да учествуваат во неговото распуштање. Пратениците деновиве бараат од нивните колегите од владеjачкото мнозинство да им објаснат зошто има потреба од ваква итност со носeњето на останатите закони на неколку дена пред распуштање на Паралментот.
„Најверојатно ВМРО-ДПМНЕ има намера да си ги донесе сите сто закони кои што беа предложени деновиве, и во една таква забрзана постапка, насилничка, ќе дојде до гласање за сите сто закони“, коментира Роза Топузова-Каревска од ЛДП.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека станува збор за закони кои се носат во редовна постпка според деловникот, а не за итна процедура. Законите се од важност за граѓаните и Парламентот мора да работи, а дали опзицијата ќе даде придонес, зависи од нив, вели Анета Кипаризовска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова се закони кои се влезени во процедура уште пред да биде даден конечниот датум за избори. Инаку, ние гледаме дека опозицијата веќе подолг период не е во Собранието, така што институциите не може да бидат блокирани.“
И коалицискиот партнер ДУИ наоѓа оправдување за ваквиот начин на носење закони. Според пратеникот Рафиз Алити се работи за закони што се поврзани со реформирање на јавната и на државната администрација
Ова се закони кои се влезени во процедура уште пред да биде даден конечниот датум за избори. Инаку, ние гледаме дека опозицијата веќе подолг период не е во Собранието, така што институциите не може да бидат блокирани.