Достапни линкови

Пукање во близина на Трамп, Тајната служба соопшти дека тој е безбеден


Доналд Трамп
Доналд Трамп

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп бил цел на, како што соопшти ФБИ, „обид за атентат“ во еден од неговите голф-клубови во Флорида на 15 септември, односно само девет недели откако републиканскиот претседателски кандидат преживеа уште еден обид за атентат во услови на многу поларизирана изборна кампања.

Полицијата во соопштението наведе дека поранешниот претседател „е безбеден и неповреден по можен обид за атентат“. Кампањата на Трамп, исто така, соопшти дека 78-годишниот кандидат е „безбеден по истрелите во неговата близина“.

Властите соопштија дека држат осомничен маж во притвор. Тие не го наведоа името на човекот, но американските медиуми, вклучувајќи ги Си-Ен-Ен, Фокс Њуз, Си-Би-Ес Њуз и Њујорк Тајмс, го идентификуваа како Рајан Весли Роут, 58-годишник кој моментално живее на Хаваи.

Рут е градежен работник кој според јавно доостапните податоци има долга историја на судири со полицијата. Тој се преселил на Хаваи пред неколку години од Северна Каролина и изрази поддршка за демократите и Украина на неговите страници на социјалните мрежи.

Американската тајна служба претходно соопшти дека го истражува случајот и оти инцидентот се случил нешто пред 14 часот.

„Поранешниот претседател е безбеден“, соопшти Тајната служба.

Возила на безбедносните служби во близина на голф-теренот на Трамп.
Возила на безбедносните служби во близина на голф-теренот на Трамп.

Агенти на Тајната служба отвориле оган откако забележале лице со огнено оружје во близина на голф-клубот на поранешниот претседател во Вест Палм Бич, додека тој играл голф, јавува Асошиејтед прес.

Лицето со џип побегнало од местото, но подоцна било уапсено во соседниот округ.

Обидот за атентат врз Трамп ја потресе предизборната кампања во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:25 0:00

Како што пренесува Асошиејтед прес, огнено оружје подоцна е пронајдено на местото на инцидентот во близина на голф-теренот на Трамп.

Американската потпретседателка и кандидатка за претседател на демократите, Камала Харис, изјави дека била информирана за пукањето во близина на поранешниот претседател Трамп и неговиот имот на Флорида.

„Мило ми е што е безбеден. За насилството нема место во Америка“, рече Харис, пренесува Асошиејтед пред.

Пред околу два месеци, Трамп беше застрелан за време на обид за атентат на митинг во Пенсилванија, а куршумот му го погоди увото.

Овој викенд Трамп се врати на Флорида по посетата на Западниот брег во рамки на која одржа митинг во петокот вечерва во Лас Вегас.

Нема информации за повредени, изјави портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Палм Бич во Флорида.

Трамп е под засилено обезбедување по обидот за атентат во јули. На митинзите на отворено, тој зборува зад стаклена ограда отпорна на куршуми.

XS
SM
MD
LG