Достапни линкови

Вести

Србија и Романија со интерконектор ги поврзуваат гасоводите

Илустрација
Илустрација

Министрите за енергетика на Србија и Романија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ и Себастијан Бурдуж на 5 август во Кладово потпишаа Меморандум за изградба на гасниот интерконектор Србија-Романија.

Во Србија двонасочниот гасовод за пренос на природен гас ќе биде долг 13 километри, а во Романија 86 километри, пренесува агенцијата Бета.

Проектираниот капацитет на интерконекторот е најмалку 1,6 милијарди кубни метри гас, а делницата во Србија ќе биде завршена до 2027 година.

На овој начин, пишува Бета, Србија ќе добие друга насока за снабдување со природен гас, поврзувајќи го центарот Мокрин во Србија со гасоводот БРУА во Романија.

Џедовиќ Хандановиќ рече дека соработката меѓу Србија и Романија во енергетиката „е важна поддршка за сигурност во снабдувањето со електрична енергија за граѓаните и стопанството во двете земји, за што говори податокот дека во 2023 година дури 28 отсто од вкупната размена била трговија со електрична енергија“.

„Благодарение на поврзаноста со Романија и Бугарија, а во наредниот период и со Северна Македонија, Србија станува незаменлива транзитна земја и важен партнер во обезбедувањето на енергетската безбедност на земјите од Централна и Источна Европа кога станува збор за снабдувањето со гас “, рече министерот.

Романскиот министер за енергетика Себастијан Бурдуж оцени дека е неопходно енергетиката лесно да тече меѓу Србија и Романија, посочувајќи дека двете земји тесно соработуваат за забрзување на енергетските интерконекции.

Министерот Ѓедовиќ Хадановиќ рече дека Србија во моментов троши три милијарди кубни метри гас и додаде дека овој проект е важен за снабдување со гас на источна и централна Србија, како и за снабдување на Централна и Источна Европа се сите чекори што Србија ги презема за да го диверзифицира изворот на снабдување со гас, бидејќи е речиси целосно зависна од рускиот гас, додека од домашното производство успева да задоволи нешто под 13 проценти од потребите, покажуваат податоците на Агенцијата за енергетика од 2021 г.

види ги сите денешни вести

Постапката за разрешување на јавниот обвинител Коцевски засега се стопира

Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител

Премиерот Христијан Мицкоски денеска (25 март) изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски во моментот ќе се запре до таму каде што се наоѓа.

„Во овој момент имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои што работат посебно на случајот што се случи во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат. Јас кога кажав дека сме задоволни впрочем можев да видам дека постои една заедничка акција и работа помеѓу МВР и Јавното обвинителство кое што резултираше со 34 обезбедени лица коишто имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај“, рече Мицкоски.

Истакна дека тука нема да се застане и дека случајот ќе се проширува.

„Но исто така јавноста е чувствителна и на некои случаи од минатото кои ќе треба да видиме, да почекаме, Јавното обвинителство дали има амбиција и тука да констатира некои неправилности од минатото, и дали би можело можеби повторно можеби тие случаи да ги преразгледа па да видиме дали навистина сме сите за правда или таа правда треба да биде селективна. Да видиме дали навистина таа правда некогаш е добиена или таа правда била селективна, така што ние како влада го охрабруваме, тоа е работа на Обвинителството, не е наша како Влада, но го охрабруваме во таа насока да се движи и без разлика секој оној којшто направил било каква грешка и работел спротивно на законот да биде санкциониран“, рече Мицкоски.

Владата на 11 февруари 2025 година донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Коцевски кој беше избран на оваа позиција пред една година, а неговиот мандат трае шест години.

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата, го изготви Предлог-мислењето за разрешување на државниот јавен обвинител.

Претреси и други дејствија на истрагата за пожарот во Кочани

Дикотеката „Пулс“ во Кочани
Дикотеката „Пулс“ во Кочани

Во текот на вчерашниот ден и денеска (25 март) истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани, информираат од Обвинителството.

„Извршени се претреси на пет локации во Кочани и во Скопје, при кои се одземени дополнителни електронски уреди и други докази за кои се издадени наредби за вештачење. Извршени се и распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија“, се вели во соопштението од ОЈО..

Во текот на денот, Јавното обвинителство ќе издаде наредба и до Управата за финансиска полиција за преземање определени дејствија поврзани со материјалното работење на повеќе правни субјекти, осомничените и други лица.

Вкупниот број осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 34 физички лица.

Обвинителството претходно соопшти дека сите осомничени од 2012 година до 16 март 2025 година, заеднички, но секој од аспект на своето својство и надлежности, не постапиле по прописите за мерки за заштита и со тоа предизвикале опасност по сите.

Несреќата се случи во раните утрински часови во неделата (16 март) во дискотеката „Пулс“ каде настапуваше групата „ДНК“. Во пожарот животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени.

Средба Соренсен-Вучиќ во Белград

Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Србија-Косово, Петер Соренсен, Приштина, 17 март 2025 година
Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот Србија-Косово, Петер Соренсен, Приштина, 17 март 2025 година

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со специјалниот претставник на Европската Унија за српско-косовски дијалог, Петер Соренсен во Белград.

Вучиќ на Инстаграм изјави дека првата средба била отворена и фер.

Тој изјави дека го информирал Соренсен за проблемите со кои се соочуваат Србите на Косово.

„Изразив особена загриженост за тешката положба во која се наоѓаат Србите поради бројните ескалирачки, еднострани и насилни потези на Приштина“, напиша Вучиќ.

Српскиот претседател оцени и дека Приштина спроведува „постојани опструкции во процесот на дијалог“ и повтори дека формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, по 12 години одбивање на Приштина да ја исполни таа обврска е предуслов за почеток на суштинска нормализација на односите.

Претставниците на големата петорка-Европската Унија, САД, Франција, Германија и Италија им претставија нацрт-статут за Заедницата на општините со мнозинско српско население на Косово (ЗСО) и Србија во 2023 година. Статутот на Заедницата предвидува решение за положбата на српската заедница во Косово, ја регулира заштитата на нивните права, како и финансирањето од Србија.

Вучиќ изрази очекување дека Европската Унија ќе го зголеми својот ангажман за да го зачува кредибилитетот на дијалогот и да одржи непристрасна улога во овој процес.

Тој додаде дека ставот на Србија е дека само конструктивниот дијалог и компромисните решенија можат да придонесат за долгорочен мир и стабилност на Западен Балкан.

Соренсен претходно ја посети Приштина на 17-ти март, каде што се состана со косовските власти.

Подоцна, европскиот посредник за новинарите изјави дека негов приоритет ќе биде да обезбеди средби меѓу претставниците на Косово и Србија.

„Дијалогот е таму за да се обезбеди одржување на состаноците. Дали тоа значи компромиси или не, зависи од страните да одлучат“, рече Соренсен.

Последната средба во Брисел, со посредство на Европската Унија, меѓу Косово и Србија се одржа на 17 декември минатата година.

Србија не ја признава независноста што Косово ја прогласи во 2008 година, но под покровителство на ЕУ води дијалог со Приштина за нормализација на односите што треба да резултира со правно обврзувачки договор.

Од скопските болници денеска ќе бидат отпуштени 12 пациенти

илустрација
илустрација

Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека денеска (25 март) од болниците во Скопје на домашно лекување ќе бидат пуштени 12 пациенти од вкупно 39 пациенти кои се лекуваат во земјава по трагичниот настан во Кочани.

Од оние кои се лекуваат во странство, денеска се очекува едниот пациент да се врати од Белград и да продолжи неговото лекување во Скопје. Од пациентите кои се лекуваат надвор од државата, во критична состојба остануваат четири до пет пациенти.

„За жал, четири-пет пациенти се во посериозна состојба, некаде има и влошување, меѓутоа нашите колеги во болниците каде овие пациенти се лекуваат се обидуваат да дадат максимум од себе за да го поминат овој тежок период“, рече Таравари на прес-конференција.

Од болниците во земјава, како што посочи, на Детска хирургија нема да има пациенти, а остануваат пациенти на Клиниката за пластична хирургија и на Клиниката за токсикологија. Во Градската болница „Св. Наум Охридски“ ќе останат на лекување шест пациенти.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 59 лица, а околу 200 беа повредени.

Починатите, кои се на возраст од 16 до 48 години беа погребани во Кочани, Штип, Струмица и Скопје.

Аплауз за младиот Јован кој спаси 21 живот во пожарот во Кочани

Јован Костадинов
Јован Костадинов

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов, кој спаси 21 лице во пожарот во дискотеката во Кочани, беше пречекан со аплауз во гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница.

Веста ја објави и министерот за здравство Арбен Таравари на својата Фејсбук страница.

„Денеска, со длабока емоција и бескрајна гордост, ви ја споделувам веста дека Јован Костадинов, храбриот млад човек кој спаси 21 живот во трагедијата со пожарот во Кочани, конечно се врати дома. Постојат моменти кога зборовите не се доволни, а ова е еден од нив. Како да се опише душа толку храбра и несебична, која во мигови на паника и опасност не помисли на себе, туку само на другите?“, напиша Таравари на Фејсбук.

Министерот додава дека иако има само 19 години постапил како вистински херој и влегол над 20 пати во дискотеката за да им помогне на оние кои биле заробени во пламенот.

„Го ризикуваше сопствениот живот за да спаси други. Неговото тело ги носи лузните од неговото јунаштво, но неговото срце носи нешто далеку поголемо: почитта, восхитот и љубовта на цела нација. Јован не е само херој на Кочани. Тој е херој на целата наша држава. Симбол на тоа што значи да се стави човечноста над стравот. Потсетник за сите нас колку многу може да направи еден човек со големо срце. Добредојде дома, Јован. Твојата приказна ќе живее вечно, во животите што ги спаси, во семејствата што повторно се заедно и во срцата на секој граѓанин што сега го знае твоето име. Во име на сите граѓани, јас ќе кажам едно нешто, јасно и гласно: Никогаш нема да заборавиме“, напиша Таравари.

Младиот човек денеска во гимназијата „Ванчо Прќе“ во Виница беше пречекан со аплауз, а видео од пречекот беше споделено на Фејсбук.

Турската полиција уапсила уште 43 демонстранти на протестите во Истанбул

Протести против апсењето на истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу, март 2025 година
Протести против апсењето на истанбулскиот градоначалник Екрем Имамоглу, март 2025 година

Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул, објави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на социјалните мрежи.

Синоќа (24 март) повторно се одржа митинг на опозицијата на плоштадот Сарачане во близина на градското собрание, на кој присуствуваа неколку илјади луѓе.

Помали групи демонстранти се обидоа да одржат демонстрации и во други делови на Истанбул.

Голем број демонстранти синоќа ги блокираа улиците на Истанбул, во рамки на шестата ноќ од протестите во Турција, јавуваат агенциите.

Демонстрациите започнаа во Истанбул минатата среда кога градоначалникот Екрем Имамоглу, главен ривал на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, беше приведен под обвинение за корупција.

Судирите со безбедносните сили ескалираа во неделата вечерта, додека полицијата употреби солзавец и гумени куршуми врз демонстрантите, според британскиот јавен сервис.

Судот во неделата одлучи дека Имамоглу треба да остане во притвор до почетокот на неговото судење за наводна корупција и тероризам. Имамоглу ги негира обвинувањата.

Разговорите меѓу САД и Русија за Украина беа „интензивни“, но корисни, вели руски преговарач

Последици од рускиот напад на Суми, март 2025 година
Последици од рускиот напад на Суми, март 2025 година

Разговорите меѓу Соединетите Држави и Русија за делумен прекин на огнот во Украина беа „интензивни“, но продуктивни, изјави член на рускиот преговарачки тим.

„Разговаравме за сè, тоа беше интензивен дијалог, не беше лесен, но беше многу корисен за нас и за Американците. Се разговараше за многу проблеми“, изјави Григориј Карасин за државната новинска агенција ТАСС на 25 март.

Карасин, долгогодишен поранешен заменик-министер за надворешни работи, рече дека разговорите меѓу САД и Русија ќе продолжат и дека Обединетите Нации и други земји ќе бидат вклучени, без да даде детали.

Неговите коментари уследија по 12-часовни преговори во Саудиска Арабија, местото на разговорите. Додека преговорите беа во тек, руски ракетен напад го погоди украинскиот град Суми, при што беа повредени повеќе од 90 луѓе, меѓу кои 23 деца.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот како последен пример на „загуба, болка и уништување, нешто што Украина никогаш не го сакаше“.

Зеленски рече дека Русија е „единствениот ентитет што ја продолжува оваа војна и го мачи нашиот народ и целиот свет“.

„За да се принуди Русија на мир, потребни се силни мерки и решителни акции. Подготвени сме да поддржиме секоја силна иницијатива што ја прави дипломатијата поефикасна“, рече тој во своето ноќно видео обраќање.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на Х напиша дека нападот на Суми на 24 март покажува дека мировните преговори на Москва се „празни“ изјави.

„Москва зборува за мир додека извршува брутални напади врз густо населените станбени области во големите украински градови“, напиша тој.

За нападот извести и руската страна. Окупациски функционер во украинската област Луганск изјави дека украинското гранатирање таму убило шест лица, меѓу кои и еден новинар на рускиот весник „Известија“.

Еден про-Кремљ весник го идентификуваше новинарот како Александар Федорчак, велејќи дека тој бил убиен „во регионот Харкив“. Рускиот канал Звијезда, кој е спонзориран од Министерството за одбрана, објави дека неговиот снимател и возач биле убиени додека снимале репортажа со Федорчак.

Разговорите во Саудиска Арабија се дел од напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да стави крај на војната во Украина. Средбата на 24 март меѓу САД и Русија дојде еден ден по одделните разговори меѓу САД и Украина - исто така во Саудиска Арабија - кои Киев ги нарече „продуктивни“.

Серхи Лешченко, советник на украинското претседателство, изјави дека украинската делегација престојува во Ријад и очекува повторно да се сретне со Американците. Зеленски во своето ноќно обраќање рече дека претставниците на Украина и на САД повторно ќе се сретнат, но не прецизираше кога.

ТАСС цитира неидентификуван извор од руската делегација кој рекол дека Кремљ и Белата куќа ќе дадат заедничка изјава на 25 март. Ројтерс цитира руски извор кој вели дека нацрт-заедничката изјава е испратена до Москва и Вашингтон на одобрување и дека двете страни планираат да ја издадат на 25 март.

Трамп на новинарите во Белата куќа им изјави дека територијалните линии и потенцијалот за американска сопственост на нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина се дел од преговорите.

Тој минатата недела ја претстави идејата САД да ја преземат контролата врз електраната, која Русија ја зазеде на почетокот на војната.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека разговорите меѓу Москва и Вашингтон биле фокусирани на технички прашања, вклучително и безбедноста на комерцијалниот брод во регионот на Црното Море.

Американскиот преговарачки тим, наводно, бил предводен од Ендрју Пик, висок директор во Советот за национална безбедност на Белата куќа и Мајкл Антон, висок функционер на Стејт департментот.

Русија ја претставуваа Григориј Карасин, долгогодишен заменик министер за надворешни работи, кој раководи со Комитетот за надворешни работи во Горниот дом на рускиот парламент и Сергеј Беседа, советник на директорот на Федералната служба за безбедност, јавуваат руските државни медиуми.

Разговорите во Саудиска Арабија означија пресвртница во напорите предводени од САД да се постигне прекин на огнот во војната во Украина, но позициите на Киев и Москва беа реални.

„Максималниот резултат е пауза. Но, тоа сè уште не е познато, бидејќи преговорите би можеле да траат месец или два. Мислам дека најмногу што може да се замисли е дека можеби ќе се разработат некои технички детали за прекинот на огнот. И тие потоа ќе се вратат во Киев, Москва и Вашингтон во форма на предлози“, изјави политичкиот аналитичар Серхи Таран за украинскиот сервис на РСЕ.

Сијарто: Ако Трамп не може да донесе мир во Украина, никој не може

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто (архивска фотографија)
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто (архивска фотографија)

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека ако претседателот на Соединетите држави Доналд Трамп не може да донесе мир во Украина, никој не може.

„Унгарија многу ја цени посветеноста на новиот американски претседател за мир. Ако Трамп не може да донесе мир во Украина, никој не може. Целосно ги поддржуваме иницијативите на Трамп“, рече Сијарто синоќа по средбата со вршителот на должноста на американската амбасада во Будимпешта, Роберт Паладин.

Како што наведе, „безобразно е тоа што Брисел го попречува успехот на овие потфати“.

Сијарто исто така рече дека разговорот со Паладин бил одличен и додаде дека односите меѓу Унгарија и САД се проткаени со взаемно почитување.

Малку вести се објавени за деталите од американско-руските разговори, на кои се очекуваше да се решат деталите за потенцијалната пауза на долготрајните напади и од Русија и од Украина врз енергетските објекти и цивилната инфраструктура, како и за запирање на нападите во Црното Море.

Руската државна новинска агенција ТАСС цитираше неименуван извор од руската делегација дека Кремљ и Белата куќа ќе издадат заедничко соопштение денеска (25 март). По разговорот немаше информации од американските официјални лица.

Лукашенко по седми пат ќе ја преземе функцијата претседател на Белорусија

Александар Лукашенко, претседател на Белорусија
Александар Лукашенко, претседател на Белорусија

Александар Лукашенко денеска ќе ја преземе функцијата по седми мандат како претседател на Белорусија, јавија руските медиуми.

Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 26 јануари.

Церемонијата на инаугурација на Лукашенко ќе се одржи во Палатата на независноста во Минск и ќе започне во 12 часот по локално време.

На церемонијата претседателот на белоруската Централна изборна комисија Игор Карпенко ќе ги објави официјалните резултати од претседателските избори, а Лукашенко ќе положи заклетва врз Уставот на Белорусија.

Со церемонијата на инаугурација ќе започне и новиот петгодишен мандат на белорускиот лидер.

Заврши протестот во Скопје: Свеќи за жртвите во Кочани, свирежи за системот

Фотографија од дел од транспарентите на протестот „Системот е следен“
Фотографија од дел од транспарентите на протестот „Системот е следен“

Од плоштадот Македонија, во центарот на Скопје, до зградата на Владата, вечерва се одржа граѓански протестен марш под мотото „Системот е следен“, на кој беше побарана одговорност за трагедијата во Кочани.

Во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, ноќта меѓу 15 и 16 март, загинаа 59 млади луѓе, а над 190 беа повредени. Дел од повредените се лекуваат во Клиничкиот центар во Скопје, а дел се во болниците во десетина држави во соседството и во Европа. По пожарот беше отворена истрага во која беа приведени десетина осомничени за случајот, меќу кои и актуелниот и двајца поранешни градоначалници на Кочани.

Молк за жртвите, аплауз за лекарите и свирежи за Владата
please wait
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

No media source currently available

0:00 0:03:39 0:00
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

Протестот беше во организација на граѓанското движење „Кој е следен?“, кое тврди дека „нема никаква поврзаност со политички партии ниту собира политички поени“.

Протестниот марш почна од плоштадот Македонија, со палење свеќи и положување цвеќе за 59-те загинатите во пожарот во дискотека Пулс во Кочани. Оттаму големиот број граѓани продолжија пред Собранието на Северна Македонија, а потоа и пред болницата Св. Наум Охридски, каде имаа 5-минутен аплауз за докторите, со скандирање: Вие сте херои!.

Оттаму маршот продолжи преку булеварот „Гоце Делчев“, до Владата, каде имаше скандирања: „Правда“, „Уа профитери“, „Ние сме системот“, „Не се плашиме“, „Цела влада-оставка“, „Убијци, убијци“…, а потоа и шестнаесетминутен молк за жртвите од трагедијата во Кочани.

На собирот од движењето поставија и конкретни барања: Транспарентно да се објави целата документација поврзана со работењето на клубот „Пулс“ од неговото отворање до несреќата, да се објави документацијата од Државниот пазарен инспекторат, Министерство за eкономија, Државнниот радежен инспекторат, Министерство за внатрешни работи, Државниот инспекторат за урбанизам, локална самоуправа во Кочани, локалниот градежен инспекторат, Дирекцијата за заштита и спасување и Управата за јави приходи.

Граѓаните побараа и одговорност за сите поврзани во случаите со изгорената модуларна болница во Тетово, со случајот Онкологија, „Дурмо турс“ и „Беса транс“. Движењето бара Комората на угостители да почне да работи на подобрување на услугите и условите на работење на угостителските објекти, а не како што велат само за дерегулација и финансиска помош од државата.

„Без исполнување на овие барања, Македонија нема како да почне да се лекува. Луѓето заслужуваат одговори. Сите ние заслужуваме правда. Мораме да излеземе на улици сѐ додека целата вистина не е изнесена на виделина. Бидејќи системот по безброј кој пат ја изигра довербата на народот, разрешницата од овој случај мора да биде под окото на јавноста. Народот не смее да биде повторно изманипулиран“, соопштија од „Кој е следен?“.

Тие пред маршот објавија дека на овој собир се забранети партиски обележја, затоа што е граѓански собир, а препораките беа да се избегнуваат провокации и да не се носи се што може да послужи како оружје, притоа да се одржува чистота и да не се уништуваат јавен и приватен имот.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG