Достапни линкови

Трамп е осуден. Што понатаму?


Доналд Трамп
Доналд Трамп

Судот во Њујорк го прогласи поранешниот претседател Доналд Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни записи пред претседателските избори во 2016 година за да ги скрие исплатите на ѕвездата од филмовите за возрасни.

Дванаесет поротници ја донесоа својата пресуда на 30 мај, пет месеци пред претседателските избори во Соединетите Држави на кои се очекува Трамп да се соочи со актуелниот претседател на Демократската партија Џо Бајден.

Окружното обвинителство на Менхетен го обвини Трамп со 34 кривични пријави, вклучително и фалсификување 11 фактури, 12 ваучери и 11 чекови за да се сокрие уплатата од 130 000 долари на Сторми Даниелс, со цел да го купи нејзиниот молк за нивната наводна сексуална средба во 2006 година.

Трамп е во брак со Меланија Трамп од 2005 година.

Даниелс се обиде да излезе во јавноста за нејзината наводна врска со Трамп еден месец пред изборите во 2016 година. Сепак, во тоа време, тимот на Трамп сметаше дека приказната може да му наштети на неговата кандидатура за претседател на САД.

Личниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, пред судот изјави дека на адвокатката Сторми Даниелс и испратил 130.000 долари, ден пред изборите по налог на Трамп. Трамп победи на изборите.

Што претстои?

Судијата кој претседаваше со судењето, Хуан Мерчан, го одреди 11 јули како датум за изрекување на пресудата на Трамп. Казната ќе зависи од неколку фактори, вклучително и криминалната историја на Трамп и за колку обвиненија Трамп е осуден, изјави Брајан Калт, професор по право на Универзитетот во Мичиген и автор на книгата „Уставни Клифхенџери: Правен водич за претседателите и нивните непријатели“.

Казната може да се движи од парична казна или условна до четири години затвор. Меѓутоа, во случаи кога обвинетите всушност се осудени на затвор за такво ненасилно кривично дело, што не е вообичаено во државата Њујорк, тие обично добиваат една година или помалку.

„Трамп најверојатно ќе поднесе жалба на пресудата, а тој процес може да потрае со години“, рече Калт.

Дали Трамп може да оди во затвор?

Во теорија, Трамп би можел да оди во затвор, но Калт смета дека тоа е малку веројатно, бидејќи Трамп нема претходно криминално досие. Трамп има рок од 30 дена по изрекувањето на пресудата да поднесе жалба на пресудата, а доколку биде осуден на затвор, може да побара одложување на казната во текот на жалбата.

Дали Трамп сепак може да се кандидира за втор мандат?

Уставот на САД наведува дека претседателот мора да биде државјанин на САД, на возраст од најмалку 35 години и жител на САД најмалку 14 години. Тој не забранува затвореник или некој кој е на условно да се кандидира за функција или да стане претседател.

Водачот на Социјалистичката партија Јуџин Дебс се кандидираше за претседател во 1920 година, додека зад решетки поради бунт, собра милион гласови.

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш беше уапсен поради возење во пијана состојба и казнет со 150 долари речиси четвртина век пред да победи на изборите во 2000 година.

Трамп би можел да ја положи претседателската заклетва од затвор или во домашен притвор.

Дали пресудата ќе и наштети на кандидатурата на Трамп?

Трамп го искористи судењето за да ја поттикне и зајакне неговата база на страствени поддржувачи, тврдејќи дека има политички заговор за блокирање на неговиот реизбор за претседател. Неговата кампања забележа скок во донациите по обвиненијата минатата година.

Калт се сомнева дека пресудата ќе влијае на многу гласачи, бидејќи повеќето веќе имаат цврсти мислења за Трамп.

Една нова анкета објавена од страна на NPR/PBS NewsHour/Marist Poll испитаниците со огромно мнозинство го потвдува тоа.

Според анкетата, 67 отсто од анкетираните гласачи рекле дека осудителната пресуда нема да влијае за кого ќе гласаат во ноември.

Сепак, рече Калт, во тесни избори каде што секој глас е важен, не може целосно да се исклучи нејзината улога.

Со какви други судења Трамп се соочува?

Трамп се соочува со три други судења: едното поврзано со наводното лошо постапување со доверливи документи, другото поврзано со немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година и третото поврзано со наводното мешање во изборите во државата Џорџија.

Што се случи во годината по нападот врз зградата на Капитол?
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:28 0:00

Случајот за доверливи документи е одложен на неодредено време, додека почетокот на случајот на 6 јануари зависи од одлуката на Врховниот суд. Калт рече дека ниту едното, ниту другото најверојатно нема да започне пред изборите во ноември 2024 година.

Како што напредуваше предметот во Џорџија, Калт рече дека е малку веројатно судот да продолжи со повлекување на Трамп од претседателската трка.

„Се чини дека е потешко да се замисли судењето да оди напред колку што сме поблиску до изборите“, рече тој.

Ако Трамп некогаш биде прогласен за виновен во некој од тие случаи, неговата осуда во случајот во Њујорк ќе има влијание врз сериозноста на секоја нова казна.

Ако биде избран, дали Трамп може да се помилува себеси?

Претседателот нема моќ да помилува лица осудени за државни злосторства, па затоа Трамп не би можел да се помилува себеси за пресудата во Њујорк.

Калт вели дека не е јасно ниту дали претседателот може дури и да се помилува себеси за федерално кривично дело.

Меѓутоа, доколку Трамп победи на изборите, неговиот јавен обвинител би можел да ги отфрли федералните случаи против него.

XS
SM
MD
LG