„Вратете ги нашите мажи дома“: Русинки бараат војниците да бидат повлечени од Украина
Откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи „делумна мобилизација“ во есента 2022 година, над 300.000 резервисти беа повикани во војната во Украина, која Русија ја нарекува „специјална воена операција“. Една година подоцна, жените ја формираа иницијативата The Way Home за да побараат членовите на нивните семејства да бидат отпуштени и вратени дома. Жените носат бели шалови како симбол на нивниот протест.