Достапни линкови

Вести

АЕК бара исклучување на Динамо, уапсени уште пет хрватски навивачи

Знамето на грчкиот фудбалски клуб АЕК е на половина копје пред стадионот во Атина, по смртта на навивач на клубот
Знамето на грчкиот фудбалски клуб АЕК е на половина копје пред стадионот во Атина, по смртта на навивач на клубот

Атинскиот фудбалски клуб АЕК побара од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) итно и строго да го казни Динамо Загреб, сметајќи го хрватскиот клуб одговорен за нападот на неговите навивачи во понеделникот вечерта во атинското предградие Неа Филаделфија, во кој беше убиен грчки државјанин.

„АЕК не сака да игра натпревари „додека тече крвта на убиениот навивач и уште еден тешко повреден навивач. Дали лобирањето на Хрватите во рамките на УЕФА е поважно од човечките животи одземени од убијците? И дали е добро европскиот фудбал да бара да ги принудуваме нашите играчи да играат фудбал на нивниот терен како ништо да не се случило“, прашуваат од клубот АЕК.

Како што се заклучува во соопштението, има само еден начин, а тоа е „итна и строга казна“ за Динамо Загреб.

Во меѓувреме сите 94 уапсени лица кои грчката полиција ги приведе на 8 август по навивачките немири во пресрет на натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо, ќе бидат изведени пред обвинител.

Уште пет Хрвати, кои наводно биле дел од групата која предизвикала крвави инциденти во атинското предградие Неа Филаделфија, во вторникот доцна вечерта биле донесени во Игуменица, додека со брод требало да отпатуваат за Италија, а оттаму да се вратат во Хрватска, јавува АНА. Освен тоа, во Какавија е уапсен и 19-годишен Хрват кој со автобус се обидувал да замине од Грција за Тирана.

По нередите на навивачите во кои едно лице загина, а осум беа повредени, полицијата постави блокади низ цела Грција, особено на излезите од земјата, со цел да ги уапси сите инволвирани во нередите.

Според информациите, се проценува дека најмалку 50 хрватски навивачи се уште се во бегство, а во тек е лабораториско истражување на ДНК и други докази за откривање на сторителите на убиството.

Градоначалниците на Атина и Загреб, Костас Бакојани и Томислав Томашевиќ издадоа заедничка изјава во која остро го осудија убиството на 29-годишниот навивач на АЕК од Атина и испратија порака против насилството.

„Бруталното насилство и крвта немаат место на нашите стадиони, во нашите градови, во нашето општество. Силно го осудуваме ова страшно злосторство што доведе до губење на еден млад живот и тажна епизода на хулиганство што ги загрози животите на невините граѓани и деца“, изјавија двајцата градоначалници на 9 август.

Еден грчки навивач загина, а осуммина беа повредени во судир меѓу навивачите на фудбалскиот клуб Динамо Загреб и навивачите на АЕК во Атина вечерта на 7 август.

Дваесет и деветгодишен навивач на АЕК почина по судир со навивачите на Динамо во Атина, потврди грчката полиција на 8 август, а уште тројца грчки навивачи се во болница. Најмладиот од нив, 21-годишен е во најтешка состојба бидејќи има повеќе хематоми на главата од бројни удари.

види ги сите денешни вести

Макрон: Потребни се „силни мерки“ за да се принуди Москва да прекине со огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон, архивска фотографија
Францускиот претседател Емануел Макрон, архивска фотографија

Францускиот претседател Емануел Макрон на 13 април изјави дека се потребни „силни мерки“ за да се принуди Москва да се согласи на прекин на огнот во Украина, по крвавиот напад на руските сили врз градот Суми.

„Сите знаат: оваа војна ја започна самата Русија“, напиша Макрон на социјалната мрежа Х на 13 април.

„Дури и денес е јасно дека самата Русија избира да го продолжи ова – со јасно непочитување на човечките животи, меѓународното право и дипломатските напори на претседателот (Доналд) Трамп“, изјави Макрон, јавува новинската агенција Франс прес.

„Потребни се силни мерки за да се наметне прекин на огнот на Русија“, рече Макрон, додавајќи дека нападот предизвикал „бројни цивилни жртви, вклучително и деца“.

Во рускиот ракетен напад врз центарот на Суми, најмалку 32 лица загинаа, а 99 се ранети, соопшти Украина, додавајќи дека меѓу жртвите има и деца.

САД планира договор за технологија за нуклеарна енергија со Саудиска Арабија

Архивска илустративна фотографија, март 2025 година од саудискиот престолонаследник и премиер Мохамед бин Салман, десно, и американскиот државен секретар Марко Рубио во Кралската палата во Џеда, Саудиска Арабија.
Архивска илустративна фотографија, март 2025 година од саудискиот престолонаследник и премиер Мохамед бин Салман, десно, и американскиот државен секретар Марко Рубио во Кралската палата во Џеда, Саудиска Арабија.

Соединетите Држави ќе потпишат прелиминарен договор за цивилна нуклеарна технологија со Саудиска Арабија, најави на 13 април американскиот секретар за енергетика Крис Рајт, означувајќи значаен чекор во врските меѓу двата сојузници.

Се верува дека договорот е дел од американските напори за поттикнување на нормализацијата меѓу Израел и богатата со нафта Саудиска Арабија.

Следниот месец кралството треба да биде дестинација на првото патување во странство на претседателот Доналд Трамп по преземањето на функцијата за неговиот втор мандат.

Рајт на прес-конференција во Ријад најави дека наскоро ќе бидат објавени деталите за нуклеарната соработка меѓу неговата земја и Саудиска Арабија.

„Мислам дека на краток рок, ќе потпишеме поширок договор за соработка во енергетскиот простор, во партнерства, во инвестиции, во истраги. Нуклеарната е секако една од тие области“, изјави Рајт во интервју за арапската државна телевизија.

Во последниве години, имаше шпекулации за тоа дали Саудиска Арабија би можела да биде следната арапска земја што ќе ги нормализира односите со Израел.

Двете нации се сојузници на САД, а Вашингтон одигра клучна улога во посредувањето на зближувањето меѓу Израел и другите арапски држави во 2020 година.

Со посредништво на САД, во септември 2020 година беа договорени формални врски меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати и Бахреин, кои се членки на Заливскиот блок предводен од Саудиска Арабија.

Во септември 2023 година, де-факто владетелот на Саудиска Арабија, престолонаследникот Мохамед бин Салман, потврди чекори кон нормализирање на односите со Израел.

Бугарија го доби првиот американски борбен авион

Илустрација
Илустрација

Бугарија во неделата го доби својот прв борбен авион Ф-16 од американско производство, нарачан како дел од историските напори на членката на НАТО од источното крило за модернизација на нејзините воздушни сили.

За да ги замени своите авиони МиГ-29 од советската ера, Бугарија нарача 16 американски Ф-16 за цена од околу 2,4 милијарди евра, што е најголемиот договор за ремонт на нејзините вооружени сили од падот на комунизмот во 1989 година.

На церемонијата по повод испораката на авионот во воената база Граф Игнатиево во централна Бугарија, премиерот Росен Јелиазков рече дека присутните ја слават „неумоливата и неповратна модернизација“ на бугарската армија.

Американскиот одбранбен претставник Дејвид Бејкер ја поздрави испораката на авионот како „значајна пресвртница“.

„Вашите инвестиции денес ќе ја подобрат безбедноста на Бугарија во наредните децении и ќе ви овозможат дополнително да придонесете НАТО да стане најголемиот воен сојуз во историјата“, додаде Бејкер.

По првата испорака во недела, до крајот на 2025 година треба да бидат испорачани уште седум Ф-16, а останатите осум ќе пристигнат до 2027 година.

Бугарија, која минатата година ја прослави 20-годишнината од влезот во НАТО, долго време ја одложува модернизацијата на воздухопловните сили од политички и финансиски причини.

Но, како и со другите источни членки на одбранбената алијанса предводена од САД, руската инвазија на Украина принуди да се преиспита нејзината одбранбена положба.

Најсиромашната членка на Европската унија сега троши повеќе од основната линија на НАТО, два проценти од националното производство за одбрана - иако сè уште е далеку под петте проценти што сега ги бара американскиот претседател Доналд Трамп.

Како резултат на нејзината застарена флота, на борбените пилоти во земјата им недостига обука, според владиниот извештај од 2024 година, кој исто така укажува на недостаток на квалификуван персонал.

Во јуни 2021 година, бугарски пилот загина откако неговиот МиГ-29 се урна за време на воена вежба во Црното Море.

Во септември 2024 година, уште двајца војници беа убиени за време на тренинг лет за аеромитинг.

Османи:Судан го призна Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи и суданскиот министер за надворешни работи Али Јусуф ал Шариф на Дипломатскиот форум во Анталија, Турција
Косовската претседателка Вјоса Османи и суданскиот министер за надворешни работи Али Јусуф ал Шариф на Дипломатскиот форум во Анталија, Турција

Судан, земја на североистокот на Африка, ја призна независноста на Косово во саботата, објави косовската претседателка Вјоса Османи. Таа во објава на социјалната мрежата Х порано позната како Твитер изјави дека Косово и Судан се договориле да воспостават дипломатски односи.

„Ова е почеток на едно големо партнерство“, напиша Османи.

Признавањето од Судан е второ за неколку недели за Косово, откако на крајот на март го призна уште една африканска земја, Кенија.

Во видеото заедно со суданскиот министер за надворешни работи Али Јусуф ал Шариф на Дипломатскиот форум во Анталија, Турција, Османи рече дека ја информирал за одлуката на суданскиот претседател да го признае Косово и да воспостави односи меѓу двете земји.

Признавањата од Кенија и Судан доаѓаат по период на стагнација во процесот на меѓународно признавање на Косово. Пред нив, последната земја што го призна Косово беше Израел, во 2021 година.

Судан сега стана 119-та земја што го призна Косово. Претходно Србија ја осуди одлуката на Кенија да го признае Косово и рече дека тоа може да влијае и на односите на Белград со таа африканска земја.



Авторот на книгата „Признавање на државите“,Гезим Висока, смета дека доколку се вклучат институциите, ова може да биде „пресвртница во корист на Косово“.

„Признавањето на Кенија претставува добра можност за Владата на Косово, но и за другите ангажирани актери, да ја вратат динамиката и да работат на одржлив и стратешки начин со цел да се заврши процесот на меѓународно признавање на Косово“, изјави тој за Радио Слободна Европа.

Судан го призна Косово околу три недели подоцна.

Висока, професор по мировни и конфликтни студии на Универзитетот во Даблин во Ирска, вели дека во иднина Косово треба да цели на 10 до 12 признавања во рок од една година.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изрази страв дека признавањето на Кенија може да го поттикне трендот на признавање на Косово.

update

Најмалку 30 луѓе загинаа во руски напад врз украинскиот град Суми

Последиците од рускиот напад врз Суми. 13 април 2025 година
Последиците од рускиот напад врз Суми. 13 април 2025 година

Над 30 лица загинаа во руски ракетен напад врз украинскиот град Суми во неделата, соопштија официјални лица. Меѓу убиените има и две деца. Ранети се најмалку 84 лица, меѓу кои 10 деца.

Две балистички проектили изутринава го погодија срцето на градот додека луѓето се собраа да ја прослават христијанскиот празник Цветници, велат официјални лица.

Видеата објавени од местото на настанот на официјалните канали покажуваат тела на земја среде остатоци и чад околу центарот на Суми.

„На овој светол празник Цветници, нашата заедница претрпе страшна трагедија“, напиша вршителот на должноста градоначалник Артем Кобзар на социјалните мрежи.

„За жал, веќе знаеме за повеќе од 20 смртни случаи“, додаде тој.

Најмалку 21 лице загина како резултат на нападот, соопшти Канцеларијата на јавниот обвинител, повикувајќи се на првичните резултати од истрагата.

Повредени се уште 83 лица, меѓу кои седум деца, напиша на социјалните мрежи министерот за внатрешни работи Ихор Клименко.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека спасувачките напори се во тек и рече дека „десетици“ биле убиени во двојниот ракетен напад.

„Според прелиминарните информации, десетици цивили се убиени и ранети. Само гнасно ѓубре може да дејствува вака, да ги одземе животите на обичните луѓе“, рече Зеленски.

Зеленски, исто така, повика на глобален одговор на нападот.

„Разговорите никогаш не ги запреа балистичките ракети и воздушните бомби. Потребен е однос кон Русија каков што заслужува еден терорист“, додаде тој.

Нападот доаѓа помалку од еден ден откако највисоките дипломати на Русија и Украина се обвинија меѓусебно за прекршување на пробниот договор постигнат со посредство на САД за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура, нагласувајќи ги предизвиците за преговарање за крај на 3-годишната војна.

Министрите за надворешни работи на двете земји зборуваа на одделни настани на годишниот форум за дипломатија во Анталија, еден ден откако американскиот претставник Стив Виткоф се сретна со рускиот претседател Владимир Путин на разговори за мировните перспективи.

„Украинците не напаѓаат од самиот почеток, секој изминат ден, можеби со два или три исклучоци“, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, додавајќи дека Москва ќе им достави на САД, Турција и меѓународните тела список со нападите на Киев во последните три недели.

Неговиот украински колега, Андриј Сибиха, жестоко го оспори тоа тврдење, велејќи во саботата дека Русија лансирала „речиси 70 проектили, над 2.200 беспилотни летала и над 6.000 наведувани воздушни бомби во Украина, главно кон цивили“, откако се согласила на ограничената пауза на нападите.

Израелски ракети погодија болница во Газа, пациентите се евакуирани

Амбулантските и лабораториските одделенија на арапската баптистичка болница Ал-Ахли откако беа погодени од напад на израелската армија доцна во саботата, недела, 13 април 2025 година.
Амбулантските и лабораториските одделенија на арапската баптистичка болница Ал-Ахли откако беа погодени од напад на израелската армија доцна во саботата, недела, 13 април 2025 година.

Две израелски ракети погодија зграда во главната болница во Газа, уништувајќи ја собата за итни случаи и одделот за прием и оштетувајќи други објекти, известија лекарите.

Здравствените службеници во Арапската баптистичка болница Ал-Ахли ги евакуирале пациентите од зградата откако едно лице изјавило дека добило повик од некој кој се идентификувал како дел од израелските безбедносни служби непосредно пред нападот, јавува новинската агенција Ројтерс.

Нема пријавени жртви, соопшти службата за итни случаи. Израелската војска го истражува извештајот, рече портпаролот.

Сликите кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека десетици луѓе ги напуштаат просториите, а некои изгледаат како да влечат болни роднини по болнички кревети.

Владината медиумска канцеларија управувана од палестинското движење Хамас, прогласена за терористичка организација од САД и ЕУ, го осуди нападот и во соопштение рече дека Израел намерно го уништува здравствениот систем на Газа.

Израел тврди дека Хамас систематски ги експлоатира цивилните објекти и дека неговите борци редовно се примаат во болниците во Газа, што палестинското движење го негира.

Израелските сили спроведоа бројни рации на медицински установи во енклавата.

На 18 март Израел продолжи со интензивните напади врз Појасот Газа, со што заврши двомесечното примирје со Хамас. Напорите за обновување на примирјето досега пропаднаа.

Според Министерството за здравство на територијата под контрола на Хамас, телата на 11 лица биле доставени во болниците низ Појасот Газа во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на загинати од почетокот на војната достигна најмалку 50.944.

Нападот на Хамас врз Израел во октомври 2023 година, кој ја предизвика војната, резултираше со смрт на 1.139 луѓе, главно цивили.

САД и Иран договорија повторна средба по „конструктивните“ разговори во Оман

Иранските и американските преговарачи се согласија на втор круг разговори на високо ниво за нуклеарната програма на Техеран следната недела, по состанокот на 12 април, кој траеше повеќе од два часа од она што двете страни го опишаа како „позитивна“ и „конструктивна“ сесија.

„Дискусиите беа многу позитивни и конструктивни“, соопшти Белата куќа по состанокот во главниот град на Оман, Мускат.

Во соопштението е посочено дека специјалниот американски пратеник Стивен Виткоф „ има инструкции од претседателот [Доналд] Трамп да ги реши разликите меѓу двете нации преку дијалог и дипломатија, доколку тоа е можно“.

„Овие прашања се многу комплицирани, а денешната директна комуникација на специјалниот пратеник Виткоф беше чекор напред во постигнувањето на взаемно корисен исход“, се вели во соопштението, во кое се додава дека „страните се договориле повторно да се сретнат“ на 19 април.

Подоцна, Трамп, одговарајќи на новинарски прашања изјави дека не би зборувал однапред додека не завршат разговорите.

„Ништо не е важно додека не го завршите тоа, така што не ми се допаѓа да зборувам за тоа. Но, се оди по ред. Ситуацијата во Иран оди прилично добро, мислам“, им рече тој на новинарите во Air Force One.

Индиректните состаноци со посредство на Оман се први на официјални лица од двете земји за ова прашање по години и доаѓаат во време на спирални тензии и зголемени воени закани од Вашингтон.

Официјални лица рекоа дека делегациите биле сместени во посебна просторија и размениле пораки преку министерот за надворешни работи на Оман, Саид Бадр.

Оман, на југоисточниот брег на Арапскиот Полуостров, служеше како посредник меѓу Иран и западните земји, вклучително и за време на разговорите што доведоа до ослободување на неколку странски државјани и двојни државјани кои ги држеше Техеран.

Колега на Виткоф во разговорите беше иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, кој исто така рече дека страните повторно ќе се сретнат следниот викенд.

Додека двете страни не се сретнаа лице в лице за време на разговорите, Аракчи накратко разговараше со Виткоф, во присуство на оманскиот министер за надворешни работи, по средбата во, како што рече, „дипломатска учтивост“.

Аракчи рече дека средбите се одвивале во „продуктивна, мирна и позитивна атмосфера“. Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека разговорите биле „конструктивни“.

„Желбата на [Виткоф] во преговорите беше општата рамка на договорот да биде воспоставена во најкус можен рок“, рече иранскиот врвен дипломат откако ја откри првата директна интеракција меѓу двете нации од администрацијата на Обама.

Неколку дена пред разговорите, Трамп издаде ново предупредување велејќи дека „ако е потребно“, Соединетите држави „апсолутно“ ќе употребат воена сила против Иран - со Израел подготвен да игра водечка улога.

Одговорот на Иран беше пркосен, сигнализирајќи го високиот влог за двете нации и за поширокиот Блиски Исток.

Паметните телефони ослободени од „реципрочните“ тарифи на Трамп

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ги ослободува паметните телефони, компјутерите и другата електроника од своите „реципрочни“ тарифи, што би можело да помогне да се одржат ниски цените на популарната електроника за широка потрошувачка што вообичаено не се произведува во САД.

Овој потег, може да биде од корист за технолошките гиганти како Ејпл (Apple) и Самсунг (Samsung) и производителите на чипови како Нвидиа (Nvidia).

Царината и граничната заштита на САД соопштија дека предметите како паметни телефони, лаптопи, хард дискови, монитори со рамен екран и некои чипови ќе се квалификуваат во секцијата за ослободување од тарифи.



Машините што се користат за производство на полупроводници, исто така, се ослободени од тарифите, што значи дека нема да подлежат на сегашните тарифи од 145 проценти наметнати на Кина или на основните царини од 10 проценти наметнати на други земји.

Исклучоците го стеснуваат опсегот на тарифите од 10 проценти што ги објави Трамп претходно овој месец, како и казнените дополнителни царини за стоки од Кина.

Трамп конкретно ја таргетираше Кина со неговите „реципрочни тарифи“ кои беа наменети за справување со практиките што Вашингтон ги смета за нефер.

Трамп воведе нова царина од 125 отсто на стоки од втората по големина економија во светот, која стапи на сила оваа недела. Тоа беше надополнување на претходната давачка од 20 отсто наметната од Трамп поради наводната улога на Кина во синџирите на снабдување со фентанил и другите постоечки царини кон неа наметнати од претходните администрации, со што целосната царина за Кина достигна најмалку 145 отсто.

Многу од ослободените производи, вклучувајќи хард дискови и компјутерски процесори, генерално не се произведени во Америка.

Иако Трамп ги наведе тарифите како начин за враќање на производството во САД, веројатно ќе бидат потребни години за да се зголеми производството.

Сончев ден со слаб ветер

Денеска не очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.


Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 22 степени.

Според прогнозата на УХМР, од утре (понеделник) следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.

Најмалку седум луѓе загинаа при израелски напади во Газа

Палестинците ја проверуваат штетата во арапската баптистичка болница Ал-Ахли во градот Газа
Палестинците ја проверуваат штетата во арапската баптистичка болница Ал-Ахли во градот Газа

Најмалку седум луѓе загинаа при израелски воздушен напад врз автомобил во центарот на Појасот Газа, јавуваа германската новинска агенција ДПА повикувајќи се на на палестински медицински извори.

Инцидентот се случил во градот Деир ал Балах, велат тие. Првично не беше објавен идентитетот на жртвите. На прашањето, израелската војска рече дека го истражува извештајот.

Информациите од Појасот Газа првично не можеа да бидат независно проверени.

Израел ги продолжи нападите врз Газа на 18 март, по пропаѓањето на прекинот на огнот, кој главно се одржуваше два месеци.

Војната во Газа избувна на 7 октомври 2023 година, кога исламистичката милитантна група Хамас и други фракции го нападнаа Израел, убивајќи околу 1.200 луѓе и киднапирајќи околу 250.

Како одговор, Израел започна голема воена кампања на Појасот Газа.

Според Палестинците, повеќе од 50.000 луѓе се убиени во Газа од почетокот на конфликтот.

Иако бројките не прават разлика меѓу цивили и борци, организациите за човекови права изразија тревога поради големиот број жени и деца меѓу жртвите.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG