Достапни линкови

Што работи моралната полиција во Иран?


Иранки на улиците на Техеран, 16 јули 2023 година кога повторно почнала да патролира на т.н. морална полиција
Иранки на улиците на Техеран, 16 јули 2023 година кога повторно почнала да патролира на т.н. морална полиција

Иран ги обнови моралните полициски патроли на 16 јули. Истовремено властите ги засилуваат мерките за задолжително носење хиџаб за жените. Полицијата за морал беше под меѓународна лупа откако младата Иранка Макса Амини почина откако беше однесена на „превоспитување“ во притвор.

Должностите на моралната полиција вклучуваат обесхрабрување на разуздани форми на забава или облекување, казнување на возачите кои дозволуваат жени во возила без шамии, како и затворање концерти и други настани каде луѓето „се однесуваат неисламски“.

Овие сили за спроведување на законот во Иран изрекоа произволни казни кои се движеа од вербални опомени до парични казни, апсења и тепања.

Таканаречената полиција за моралот во голема мера се повлече од улиците откако 22-годишната Макса Амини, која почина минатиот септември како последица на наводно тепање додека беше во притвор, беше приведена поради неправилно носење шамија. Властите велат дека смртта била предизвикана од срцев удар. Смртта на Амини предизвика масовни протести со барање на теократијата која владее со Иран повеќето од четири децении.

Полицијата за морал беше под меѓународна лупа откако Амини почина откако беше однесена на „превоспитување“ во притвор.

Со пристап до оружје, центри за притвор и контрола врз „центрите за превоспитување“, полицијата за морал има голема моќ во општеството, изјавиле за Си-Ен-Ен, од Хјуман Рајтс Воч, иако тие се под санкции од САД и од Европската Унија.

Центрите дејствуваат како установи за притвор, каде што жените, а понекогаш и мажите, се притворени поради непочитување на државните правила за скромност.

Во Иран се шири протестот против полицијата за морал
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:35 0:00

Внатре во објектите, затворениците присуствуваат на предавања за исламот и важноста на хиџабот, а пред да бидат ослободени, жените се принудени да потпишат изјава дека ќе се придржуваат до државниот кодекс на облекување.

Немаше патроли на улиците 10 месеци, а потегот на Техеран да ги врати полицајците кои го надгледуваат почитувањето на строгите правила за облекување, е знак дека властите го засилуваат притисокот, иако во декември 2022 година дури се зборуваше дека полицијата за морал ќе биде укината. Но, задолжителното носење хиџаб не беше доведено во прашање.

Како зголемен притисок, Иран на 18 јули објави дека ги отстранува правата на жените од планот за развојна политика на земјата.

Заменик-претседателот за прашања на жените и семејството, Енсиех Казали, во интервју за државната новинска агенција на Техеран ИСНА рече дека „иранската влада смета дека родовата еднаквост веќе е спроведена и затоа е непотребно да се вклучи во развојната агенда“.

Полицијата за морал, или како што се нарекуваат уште, патроли за усмерување, најпрво ќе издава предупредувања „на оние кои инсистираат на кршење на општествените норми и носат облека што не е според правилата“.

Бакнеж стана вирален додека расте бројот на жртви во иранските протести
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Доколку лицето продолжи да не ги почитува советите што им се дадени, според изјавата на Саид Мантазер-ал-Махди, портпарол на иранската команда за спроведување на законот, единиците „легално ќе се соочат со нив“. Не е разјаснето што точно значи „правна опозиција“.

Борбата на иранските власти против „лошиот хиџаб“, што значи неправилно носење шамија и друга задолжителна облека, започна веднаш по Исламската револуција во 1979 година, со намера да ги принудат жените да „се облекуваат скромно“.

Додека многу жени во тоа време се облекуваа така, мини здолништа и непокриена коса не беа невообичаени на улиците на Техеран, пред да биде соборен прозападниот шах Реза Пахлави. Неговата сопруга Фара често носеше западна облека и беше пример за модерна жена.

Неколку месеци по основањето на Исламската Република, законите за заштита на правата на жените воспоставени под владеењето на Шахот почнаа да се уриваат.

Сепак, пресвртот не се случи преку ноќ, тоа беше процес. Како што изјави за Би-Би-Си Мехрангиз Кар, 78-годишен активист за човекови права и адвокат кој помогна во организирањето на првите протести против задолжителното носење хиџаб, „веднаш по револуцијата, на улиците имаше мажи и жени кои им понудија бесплатни марами на жените завиткани во хартија за подароци“.

На 7 март 1979 година, водачот на револуцијата, ајатолахот Хомеини, изјави дека носењето хиџаб ќе биде задолжително за сите жени на работното место, а дека непокриените жени ќе се сметаат за „голи“.

И покрај овој декрет на ајатолахот, им требаше извесно време на властите да одлучат што се сметаат за „правилно“ облечени жени.

Водечките патроли беа формирани како продолжена рака на полициските сили кои се занимаваат со регулирање на однесувањето и облекувањето на жените. Со текот на годините оваа единица делуваше под различни гранки на вооружените сили, а во 2006 година беше преименувана во полиција за морал.

Патролите за насоки (или ghast-e ershad на персиски) беа формирани во 2005 година со задача да обезбедат сите жени да носат шамии и широка облека на јавни места.

Должностите беа наследени од одборот формиран по Иранската револуција во 1979 година. Дури и немуслиманите мора да ги почитуваат тие правила.

Во изминатата деценија, полицијата за морал и законот за хиџаб станаа горливи симболи на контролата на Исламската Република врз животите на жените. Во градовите низ државата се стационирани агенти за морал, кои патролираат по улиците во бели и зелени комбиња.

„Наметнувањето морални правила беше „поопшутено“ во 2013 година кога Хасан Рохани стана претседател. Но, на изборите во јуни минатата година беше избран Ебрахим Раиси, тврдокорен лидер со кој повторно се појавија моралните полициски патроли на градските плоштади и трговските центри, кои ги опоменуваа и приведуваа жените доколку не се соодветно покриени“, пишува Њујорк Тајмс.

Солзи и гнев по убиството на една ТикТокерка на протестите во Иран
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:11 0:00

Полицијата за исламски морал ги има своите корени од инспекциите на пазарите од 7-ми век чија задача била да се спречи измама, а должностите на инспекторите биле проширени под широкиот мандат на Куранот „да наредуваат за добро и да забрануваат зло“.

Покрај Иран, земји кои имаат полиција за морал се Саудиска Арабија, Нигерија, Индонезија и Авганистан.

Овие држави ги криминализираа однесувањата како што се пиење алкохол, мешање машко и женско општество, секс пред и надвор од бракот, секс помеѓу лица од ист пол, прескокнување на молитви и носење облека окарактеризирана како нескромна.

Западните влади и меѓународните организации за човекови права, исто така, ја осудија злоупотребата и дискриминацијата од страна на моралната полиција, особено оние во Авганистан, Иран и Саудиска Арабија, од кои трите редовно го потиснуваат активизмот и несогласувањето.

XS
SM
MD
LG