Достапни линкови

Вајсмeн: Северна Македонија секогаш беше цел на хибридни напади од Русија


Џејсон Вајсман
Џејсон Вајсман

Целта на хибридните закани со кои во изминатиов период се соочи регионот се за Русија да го шири своето влијание, а ЕУ и НАТО да се откажат од интеграција на земјите, вели во интервју за РСЕ, Џејсон Вајсмeн - Специјален советник за борба против тероризмот во Европскиот парламент.

Регионот и земјава во изминатиов период се соочува со дојави за бомби во училишта, институции, трговски центри и станбени објекти. Иако се испостави дека се работи за лажни дојави. Зошто Балканот конкретно е цел на ваквите хибридни закани?

Она што го имаат заедничко хибридните закани, вклучително и бројните тактики против најразличните цели е нивното постојано испитување на слабостите, најчесто во критичната инфраструктура во било која земја, барајќи област ранлива на напади. Така што не би рекол дека има нешто уникатно во Западниот Балкан во однос на ова. Но, често се смета за плодна почва за одредени противници во голема мера поради нејзината историја, географија или некоја потенцијално етничка или политичка позиција.

Вајсмeн: Русија преку хибридни напади го шири влијанието на Западен Балкан
please wait

No media source currently available

0:00 0:09:30 0:00

Колку може да сметаме на помош од НАТО и други меѓународни организации како ЕУ во справувањето со дојавите за бомби?

Првата линија на одбрана сте секогаш вие самите. Но, како членка на НАТО и земја кандидат за влез во ЕУ овие организации може многу да направат за поддршка, но во основа се сведува на градење на капацитетот. НАТО има центри на извонредност кои помагаат во обучувањето на локалниот персонал и опсег на тактики без разлика дали тоа се препознавање или отстранување, обуки и поддршка за сајбер безбедност и Алијансата како целина е тука за да асистира во поддршката на своите сојузници во справувањето со овие закани. Кога Северна Македонија евентуално ќе стане членка на ЕУ ќе има целосен пристап до сајбер алатката на ЕУ која вклучува брзи тимови кои се подготвени во случаи на различни типови на напади.

Како може земјава да се бори против ваквиот вид на хибридните закани?

Мислам дека најдобриот начин да се заштитите од закана е да не бидете ранливи на него од старт. Голем дел од тоа се сведува на градење на отпорна јавна инфраструктура, инвестирање во обуки и опрема, соработка со сојузниците на НАТО колку што е можно. Обуки постојано и што почесто, посебно на одговорните. Но, навистина нема решение преку ноќ.

Во истовреме беа хакирани и интернет страници на министерства, институции како и интернет страницата на Владата. НАТО и ЕУ посветуваат големо внимание на заканите од сајбер напади. Колку земјава е ранлива на вакви напади и што е решението?

За среќа хакерските напади кои ги видовме досега е дека хакерите може да урнат мрежа, но не може да ја задржат нефункционална. Голем дел од причината за тоа е зошто одговорните за тие мрежи, националните власти се добри во обнова на системот, што побрзо и голем дел од капацитетот да го направат тоа е да најдат каде бил направен пробивот и да пробивот да се реши што побрзо. Тоа често се потпира на соработката со експерти и сојузници во ова поле, така што секоја земја е ранлива на ваквите напади и навистина нема едноставно решение, особено со начинот на кој нови техники и тактики постојано се користени, како mailware, data types кои често се користат за да се направи пробив во различни системи. Мислам дека клучот се фреквентни обуки и унапредување на софтверите што е можно почесто. Обуки за персоналот и да се осигурате дека нема flat networks (компјутерски мрежи кои имаат за цел да заштедат трошоци). Треба да се осигурате дека имате доволнo изградена инфраструктура која може да се бори со ова.

Кој е мотивот, според вас, зад овие сајбер напади?

Мислам дека е поради тоа што е евтин и лесно се употребува, а може да предизвика значајно пореметување. Така што за напаѓачите има висок поврат на нивната инвестиција и често тие се во можност да украдат масивен број на податоци кој им помага да утврдат каде во иднина ќе можат да спроведат напади и да видат каде мрежата не е доволно заштитена и е ранлива и да се обидат да го спроведат нивниот напад во различни области на мрежата.

Колку фактот што Северна Македонија застана на страната на Украина и нејзината надворешна политика е во корелација со ЕУ, воведе санкции против Русија ја става на мапата на земји подложни на хибридни закани?

Северна Македонија секогаш беше цел на хибридни напади, посебно на кампањите за дезинформации од Русија и нејзините поддржувачи. Така што не мислам дека нивната позиција во врска со војната во Украина навистина го смени тоа на некој значаен начин. Јас мислам дека секако беше цел и многу порано и ќе продолжи да биде цел и понатаму.

Која е целта на Русија, дали со ова сака да го шири влијанието на Западен Балкан?

Мислам дека во голема мера е да го шират влијанието. Мислам дека сакаат да го пореметат регионот што е можно повеќе и имаат напор да го оптоварат регионот со толку багаж за НАТО и ЕУ да не се интересираат за нивна целосна интеграција. Мислам дека нивните напори да го направат тоа имаат опсег од земја до земја. Но, од она што јас можам да го видам не личи дека им успева, барем не онолку колку што би се надевале во случаите на Северна Македонија. Тоа е сигурно.

Во новогодишното обраќање во Собранието македонскиот претседател Стево Пендаровски рече дека по добиени податоци од НАТО, во најмалку три наврати, изминативе години биле пресретнати терористички напади во подготвителните фази кои се одвивале надвор од нашата територија. Колку сте запознаени со ова?

Не сум конкретно запознаен со овие случаи. Наводно сите три случаи се поврзани со странски борци повратници и нивните мрежи. Би рекол, бидејќи сега сте сојузник на НАТО алијансата имате сигурносни канали за комуникација директно, не само со другите земјите членки, туку и со седиштето на НАТО и тие имаат увид и заеднички разузнавачки, набљудувачки и извиднички единици кои може да асистираат во обезбедувањето на овие информации.

Која е целта на ваквите напади?

Кога ја анализирате било која терористичка организација, двата најважни фактори треба да бидат која е нивната долготрајна цел и како оваа организација го дефинира нивниот непријател или противник. Сега со враќањето на странски борци од ИСИС, Ал Каеда, Ал Нусра од Сирија и Ирак тие не препознаваат некоја модерна сила, тие типично имаат задача за постојано ширење на нивната кампања за глобален калифат и за убивање на неверници кога ќе се вратат (од боиштата). Така што нивната цел во голема мера е едноставно да продолжат со она што го започнале во Сирија и Ирак.

Заканите од тероризам, се пред сѐ поврзани со повратниците од војните на Блискиот исток. Дел од нив кои се вратија во земјава се осудени. Колку овие повратници претставуваат закана за безбедноста?

Со враќањето на странските борци, судскиот систем треба да направи евалуација на секој случај поединечно. Некои од нив секако претставуваат значајна закана, особено нивната улога во внатрешноста на структурата на ИСИС и која улога и да ја играле на бојното поле. Некои од нив се враќаат со искуство од војната и имаат големо ниво на оперативни можности и мотивација да продолжат и спроведат со одредени напади и мислам дека земјите навистина треба да бидат свесни дека воведуваат правни преседани во раните фази на справувањето со случаите на странските борци повратници, особено во однос на пресудите. Но, критично е исто така да се препознае дека во затворите насекаде тие може да бидат искористени како средина за регрутирање на други затвореници, што исто така значи дека треба да соработувате одблиску со локалните затворски власти. Но, барем во случајот на Северна Македонија досега изгледа дека МВР ја врши својата работа и се справува со ова, преку правните мерки кои ги има на располагање.

Колку членството на Северна Македонија во НАТО ја направи земјата поизложена на терористички закани?

НАТО членството навистина не изложува на некои воени терористички активности. Странските борци повратници не го дефинираат нивниот противник како НАТО или Западот, туку тоа се неверниците. Тоа е многу поширока дефиниција. Така што тие не прават вистинска разлика меѓу сојузнички и несојузнички земји. Така што не би рекол дека тоа ги изложува на поголеми терористички активности.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG