Јулија Митревска - необична наставничка и креативка
Дваесетичетиригодишната Јулија Митревска има необично хоби - креирање на костими инспирирани од грчка, словенска и нордиска митологија. Но, вели дека несекојдневен е и нејзиниот пристап на предавање како наставничка по Историја во скопско основно училиште, бидејќи сака да ги направи часовите „живи“, наместо здодевни.