Достапни линкови

Вести

Чавушоглу: Русија и САД се виновни за нападите на курдската ЈПГ

Tурскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавошоглу
Tурскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавошоглу

Москва и Вашингтон не ги исполнија своите ветувања дека ќе обезбедат повлекување на Единицата за народна заштита од сириската погранична област, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавошоглу.

Чавошоглу рече дека Турција ќе направи се што е потребно за нејзината безбедност, истакнувајќи дека САД и Русија се одговорни за прекуграничните напади од сириската курдска милиција, Единицата за заштита на народот (ЈПГ).

Тој на прес конференција во Анкара рече дека Соединетите Држави и Русија не ги исполниле своите ветувања дека ќе обезбедат повлекување на ЈПГ од сириската погранична област и дека „осудите на САД за нападот врз Турција се неискрени, бидејќи Вашингтон истовремено ги вооружува ЈПГ“.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот рече дека нападот, за кој Анкара ја обвини ЈПГ и во кој загинаа двајца турски полицајци, е „последната капка“ и дека неговата земја е решена да ги отстрани заканите од северна Сирија.

Турското Министерство за внатрешни работи во неделата соопшти дека двајца турски полицајци се убиени, а двајца други се ранети по нападот во Азаз, во северна Сирија, за кој е обвинет сирискиот огранок на Работничката партија на Курдистан (ПКК).

види ги сите денешни вести

Истекува мерката за ограничени маржи на дел од производите

илустрација
илустрација

Денеска (30 април) истекува владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи за над 1 000 прехранбени и непрехранбени производи во трговијата на мало и големо.

Владината одлука за ограничени маржи беше донесена во февруари годинава и трае заклучно со денеска.

Според министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, мерката дала позитивен резултат бидејќи, повикувајќи се на официјални податоци, во споредба со февруари, во март има дефлација од 1,3 отсто во делот на храна и пијалаци, односно намалување на цените.

Податоците за април, исто така, како што рече, укажуваат на намалување на цените на храната и пијалаците.

Министерот најави дека од 1 мај Државниот пазарен инспекторат ќе се врши контроли на терен за да се види дали по завршување на мерката ќе има енормно зголемување на цените на производите.

Најави и воведување на поригорозни мерки доколку се утврди дека маркетите се однесуваат „девијантно“ и енормно ги зголемат цените.

Димитровска: Мојата комуникација со семеен пријател беше пред да биде обвинет во „Адитив“

Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Татјана Димитровска, која е осомничена за кривичното дело „одавање службена тајна“ во случајот „Адитив“, вели дека кредибилитетот и интегритетот на институцијата со која раководи во никој случај не смее да биде оспорен.

Во соопштение до јавноста, една недела откако беше вклучена во проширената истрага за овој предмет, Димитровска тврди дека комуникацијата со лицето за кое вели дека ѝ е семеен пријател, а кое подоцна било обвинето во случајот, се водела во период пред почетокот на постапката против него.

„Од соопштението на ОЈО ГОКК се согледува дека нашата комуникација траела до декември 2024 година, пред да му е изречена мерка притвор. По оваа мерка кон него, јас престанувам со комуникација. Содржината на комуникацијата се однесува на разговори без никаква поврзаност со случајот „Адитив“. Дел од споделените информации се однесуваат на јавни документи чија содржина пред нашата комуникација е објавена во јавност, а останатиот дел е вообичаена пријателска комуникација. За оваа моја комуникација изразувам жалење и укажувам дека е направена без никаква намера да влијаам на постапката или на било кој аспект на истрагата. Ова го тврдам одговорно“, пишува Димитровска во соопштението доставено до медиумите.

Додава дека во ДКСК во моментов е во тек постапка за проверка на имотната состојба на ова лице и дека според електронската распределба на предметите, овој предмет не е распределен на постапување кај неа.

„Согласно утврдените правила, немам никаква можност да влијаам врз текот на постапката или врз исходот. Одлуките на ДКСК се носат колективно, со мнозинство гласови на членовите“, вели таа.

Димитровска вели дека целосно ќе соработува со надлежните правосудни органи и ќе ги почитува во целост мерките за претпазливост.

Димитровска порача дека кредибилитетот и интегритетот на Антикорупциската комисија не смеат да бидат оспорени, особено имајќи ги предвид принципот на презумпција на невиност и владеење на правото, како и фактот што останатите шест члена од Комисијата немаат поврзаност со делото за кое е осомничена.

Димитровска, минатата недела се најде на листата на осомничени со која Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја прошири истрагата за случајот „Адитив“ кој однесува на криминал во државната ЕСМ тежок 6,5 милиони евра.

Германските социјалдемократи го поддржуваат коалицискиот договор со ЦДУ

Зградата на германскиот парламент во Берлин, Германија
Зградата на германскиот парламент во Берлин, Германија

Членовите на Германската социјалдемократска партија го поддржаа коалицискиот договор со германската Христијанско-демократската унија (ЦДУ), објавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение од партијата.

Со ова се отстранува и последната пречка за формирање нова влада во Германија.

Христијанските демократи победија на предвремените парламентарни избори во февруари, додека социјалдемократите останаа на третото место.

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија се најде на второто место, но и демохристијаните и социјалдемократите одбија да формираат коалиција со оваа партија во идната влада.

Одобрениот коалициски договор му овозможува на лидерот на христијанските демократи Фридрих Мерц да стане канцелар на 6 мај.

Резултатите од гласањето на партијата во редовите на социјалдемократите покажуваат дека 84 проценти од членовите на партијата го поддржале коалицискиот договор.

Од 360 000 членови на партијата, во гласањето учествуваа педесет и три проценти.

Судот и наложи на УСАГМ да ослободи средства за РСЕ одобрени од Конгресот

Седиштето на Радио Слободна Европа во Прага, Чешка
Седиштето на Радио Слободна Европа во Прага, Чешка

Во време на борба за затворање на работата на голем број радиодифузери финансирани од САД, федерален суд ѝ наложи на Агенцијата на САД за глобални медиуми (УСАГМ) да исплати средства за април на Радио Слободна Европа (РСЕ) од средствата одобрени од Конгресот.

Американскиот окружен судија Ројс Ламберт издаде привремена забрана на 29 април, наведувајќи дека Конгресот „наложил спорните пари да и бидат доделени на РСЕ“ и дека претседателот Доналд Трамп потпишал буџетска резолуција со која се распределуваат средствата.

„Денешната пресуда со која се наредува УСАГМ да објави едномесечно годишно финансирање доделено од Конгресот на РСЕ значи дека нашите новинари можат да продолжат да ја вршат својата работа и да ги повикуваат диктаторите и деспотите на одговорност“, рече претседателот и извршен директор на РСЕ Стивен Капус, по пресудата.

„Се надеваме дека брзо ќе го добиеме задоцнетото плаќање за април, бидејќи РСЕ беше принудена овој месец да испрати персонал на принуден одмор и да го намали емитувањето во регионите што се критични за националната безбедност на САД.“

УСАГМ е независна владина агенција која ги надгледува РСЕ и Гласот на Америка и други радиодифузери финансирани од САД, кои заедно дистрибуираат вести и информации на речиси 50 јазици до приближно 361 милион луѓе секоја недела.

Неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба на 14 март, со која се бара намалување на буџетот за седум агенции - вклучувајќи ја и УСАГМ - „до максимален степен во согласност со важечкиот закон“, агенцијата соопшти дека ќе го намали финансирањето за РСЕ одобрено од Конгресот за буџетската 2025 година, која завршува на 30 септември.

РСЕ го нарече потегот нелегален и покрена судска постапка против Агенцијата за глобални медиуми на САД.

На 25 март, истиот американски суд го одобри барањето на РСЕ за привремена забрана (TRO), пресудувајќи дека УСАГМ дејствувала „произволно и каприциозно“ при прекинувањето на грантовите на РСЕ.

На 26 март, УСАГМ му пиша на РСЕ дека го повлекува соопштението, но дека тоа е „без да се наруши овластувањето на УСАГМ да го прекине грантот“.

РСЕ беше принудена да побара уште еден привремен судски налог во април откако средствата за тој месец не беа исплатени. Исто така, продолжува да бара забрана за да се обезбеди ослободување на преостанатите пари од грантот за буџетската 2025 година.

„Ќе останеме на суд и со нетрпение очекуваме да соработуваме со УСАГМ за да обезбедиме исплата за остатокот од фискалната година“, рече Капус.

РСЕ допира до речиси 50 милиони луѓе во земји, вклучувајќи ги Белорусија, Украина, Иран, Авганистан и Русија, додека се стреми да презентира независни и непристрасни вести и информации во 23 земји каде што емитува програма на 27 јазици.

Застапниците на медиумските права го нарекоа потегот за „уништување“ на УСАГМ „скандалозен“, велејќи дека тоа претставува победа за авторитарните режими низ целиот свет.

Комитетот за заштита на новинарите на 1 април предупреди дека тоа, исто така, ги става во опасност многу новинари кои работат за радиодифузери како што е РСЕ.

„Новинарите поврзани со УСАГМ се соочуваат со сериозни закани, затворање и прогон во нивните матични земји поради известување за политички чувствителни прашања“, напишаа тие во писмото, кое го потпишаа и ПЕН Америка, Репортери без граници и други.

Тие го повикаа Конгресот на САД да преземе „итни мерки“ за заштита на новинарите кои работат во јавно финансирани медиуми.

„Нивната заштита е морална обврска и витален став за слободата на печатот и демократските вредности.“

Вкупното барање за буџет за УСАГМ за фискалната 2025 година изнесуваше 950 милиони долари за финансирање на сите нејзини операции и капитални инвестиции.

Тука спаѓаат медиуми како што се РСЕ, Гласот на Америка, Радио Слободна Азија, Кубанската радиодифузна канцеларија (Радио Марти), Блискоисточната радиодифузна мрежа (MBN) и Фондот за отворени технологии.

Тошковски ја „преживеа“ и втората интерпелација

илустрација
илустрација

Собранието вечерва (29 април) ја отфрли интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

„Против“ интерпелацијата гласаа 72 пратеници, 20 беа „за“, а немаше воздржани. Интерпелацијата што ја поднесе Левица, ја поддржаа СДСМ и ДУИ.

Таа е базирана на десет основи, од кои пет се директно поврзани со трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија 62 лица, а близу 200 беа повредени.

На почетокот на денешната седница, интерпелацијата ја образложи пратеникот од редовите на „Левица“, Сашко Јанчев кој рече дека министерувањето на Тошковски е проследено од низа несовесни, непрофесионални, а згора на тоа и противзаконски дејствувања, скандали и кадровски промашувања.

„За неговиот морален хабитус доволно говори и фактот што тој досега не се ни осмели да понуди оставка од морални причини, нешто што го сторувале повеќе македонски министри пред него, во ситуации на вакви хаварии и колективни несреќи! ...Се на се министерот Тошковски покажа дека е лично одговорен за пропусти кои не смеат да се дозволат од страна на МВР“, рече Јанчев и ги повика пратениците да ја поддржат интерпелацијата.

Интерпелацијата, како што посочи, била базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани. Првиот основ е немање никаква контрола врз дискотеката „Пулс“, што е јасна законска обврска на МВР.

Вториот основ се однесува на нелегалната употреба на пиротехнички средства, третиот на неукажувањето помош од страна на полициските службеници, потоа на непроцесуирани закани против неистомисленици на власта, што е спротивно на законот за полиција. Петиот основ за интерпелација, според Левица, се однесува на забрана за употреба на дронови - што според него, од МВР беше злоупотребено за да се повреди чл. 16 право на протест.

Останатите пет се однесуваат на уапсени граѓани во гостиварско кои чистеле црква, на непостапувањето при палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, кражбата на марихуана која ја чувала полицијата, за случајот со апсењето и притоворањето на телохранителот на премиерот поради одавање службени тајни и на катастрофалната кадровска политика во Министерството исполнета со како што велат, непотизам и кронизам.

„Не умираме од несреќи, умираме од корупција“ - Марш во Скопје за одговорност за трагедијата во Кочани
please wait
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

No media source currently available

0:00 2:11 0:00
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 720p
  • 1080p

Во своето излагање, министерот Тошковски рече дека не се плаши од одговорност и оти останува на функцијата за да се соочи со вистината и да ги разјасни сите дилеми.

„Пред вас не стојам како министер, туку како човек кој ја разбира тежината и одговорноста што ја носи функцијата. Ќе зборувам како личност што носи одлуки, но и како татко, и како министер, и родител. Дозволете ми да кажам дека жалам за секој изгубен живот“, рече Тошковски, додавајќи дека секоја дилема заслужува одговор базиран на факти, а не на политички конструкции.

Министерот се осврна на сите точки од интерпелацијата, вклучително и трагичниот настан во дискотеката во Кочани, нагласувајќи дека во овој случај МВР нема направено пропуст.

Тој потенцираше дека лиценцата за дискотеката „Пулс“ била фалсификувана, а во однос на пиротехничките средства, нагласи дека МВР работи согласно закон.

„Во случајот со дискотеката во Кочани, такво барање за употреба на пиротехнички средства никогаш не било поднесено. МВР постапуваше во согласност со Законот, и нема законска основа да се тврди дека постои пропуст. Одговорноста е кај оние што дозвол

Миле Талески од СДСМ рече дека гласот „за“ интерпелација на министерот Тошковски не е прашање на политика, туку прашање дали ќе опстои државата, дали ќе има правда, безбедност и сигурност.

„Голем број осомничени, приведени и притворени лица од трагедијата во Кочани до денес е со цел да се разводнат сите случаи и да се одолговлекуваат до бескрај, да се создаде привид дека МВР и Владата се борат против криминалот и корупцијата. Но не е така. Ова е тежок популизам, препознатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Но, ајде да ја почекаме истрагата за да видиме дали и кој од надлежните командири, началници и заменик-командири на полицијата ќе бидат опфатени и кој ќе понесе одговорност“, рече Талески.

Тошковски пак посочи дека институциите преземаат мерки за сите отворени случаи, меѓу кои и кражбата на марихуана во Карбинци, злоупотребата на службени документи кај припадник на полицијата и протестите поврзани со случајот со црквата во Галате.

Тој ги отфрли тврдењата за етнички предзнак и обвини одредени структури во ДУИ и СДСМ за обид за дестабилизација.

„Сѐ што видовме е лажно етикетирање. Треба да нѐ води обврската да ја кажеме вистината и да ја браниме правдата. Не бегам, не молчам, не се кријам. Останувам овде со целата тежина на обврската што ја носам. Секој ден од оваа институција ќе биде заложба вашата болка да не остане само нем сведок на незаборавот. Промените се тука, одговорноста се чувствува, правдата е реалност“, рече Тошковски во своето обраќање.

Оставка од Тошковски побара и Рина Ајдари од ДУИ која обвини за истрага по етничка линија, што исто така беше отфрлено од Тошковски, кој наведе дека 49 лица од осомничените се Македонци, 10 се Албанци, двајца се Бошњаци, еден е Ром.

Министерот ги отфрли сите обвинувања и нагласи дека МВР работи професионално, без селекција и под целосна координација со Јавното обвинителство.иле внесување и употреба спротивно на законот“, потенцираше тој.

Претходно, во тек на паузата на седницата, Тошковски оствари средба со родителите на настраданите во пожарот кои денеска одржаа марш во Скопје, а беа на средба и во Јавното обвинителство.

Славјанка Петровска од СДСМ го праша Тошковски дали и по средбата со родителите на загинатите во пожарот се уште е убеден дека не треба да си поднесе оставка.

Петровска рече дека во тек на мандатот на Тошковски се зголемил бројот на убиства, а меѓу останатото го критикуваше и дека нема резултати со драстичните мерки што ги најавил за подобрување на состојбите во сообраќајот, што ги најавил.

Против министерот за внатрешни работи беше поднесена интерпелација и во јануари заедно со уште тројца интерпелации на владини министри. Тогаш интерпелациите ги поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИи во нив преовладуваше наративот дека се потфрлило со справување со меѓуетничките тензии. Интерпелациите не поминаа во Собрание.

Таравари: На изборите одиме со посебни советнички листи и од тоа нема враќање

Арбен Таравари, лидер на едното крило од Алијанса за Албанците
Арбен Таравари, лидер на едното крило од Алијанса за Албанците

Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата. Од тоа нема враќање назад. За се друго, сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори, изјави денеска (29 април) министерот за здравство Арбен Таравари, кој е и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците.

Одговарајќи на новинарски прашања, Таравари рече дека има редовна комуникација со премиерот Христијан Мицкоски и дека откако тој ќе се врати од службеното патување, ќе разговараат.

„Штом ќе се врати премиерот од пат, ќе се видиме и ќе разговараме, инаку имаме редовна комуникација. Тоа што го кажал господинот Николоски, сите ги слушам, меѓутоа ние сме автономна партија, одлучуваме сами. Засега имаме сигурна одлука дека одиме со посебни советнички листи и тоа е одлука на партијата и од тоа нема враќање назад. За сето друго, сме подготвени и отворени да разговараме со сите во однос на локалните избори, рече Таравари.

Потпретседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за емисијата „360 степени“ рече дека не очекува Таравари да преземе чекор со кој би коалицирал со опозициската ДУИ, затоашто тоа за него би значело политичко самоубиство.

Според Николоски, нема официјална најава од Таравари дека ќе коалицира до ДУИ.

„Тој е многу политички искусен. Јас можеби најмногу од сите што сме во постојнава Влада сум го критикувал, но ако тоа го тргнеме настрана, факт е дека тој е политички искусен и не мислам дека е до толку, ај сега обратно да кажам – наивен, да влезе во соработка со ДУИ. Мислам дека малку и јавноста го потценува и не очекувам дека ќе направи чекор каде што политички би се самоубил. Би бил изненаден да покаже таква политичка наивност. Се разбира, не исклучувам такво сценарио, но би бил многу изненаден ако тоа се случи“, истакна Николоски.

Неодамна министерот за животна средина и вицепремиер Изет Меџити и лидерот на Демократското движење од коалицијата Вреди изјави дека очекува Таравари исто како што ја напушти коалицијата „Влен“ за претстојните локални избори, така да ја напушти и Владата и му порача дека „не може и да соработува со ДУИ и да биде дел од Владата“.

Премиерот Мицкоски најави дека со Таравари ќе разговара по први мај.

Собраниска расправа за интерпелација на Тошковски, тој вели дека не се плаши од одговорност

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
Панче Тошковски, министер за внатрешни работи

Во Собранието почна расправата по интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратеничката група „Левица“ поради тоа што, според оваа партија, министерот Тошковски несоодветно ја извршувал функцијата, постапувајќи нестручно, непрофесионално, несовесно и неодговорно поради што имало низа противзаконски дејствија, скандали и кадрови поместувања во МВР.

Интерпелацијата ја образложи пратеникот од редовите на „Левица“, Сашко Јанчев кој рече дека министерувањето на Тошковски е проследено од низа несовесни, непрофесионални, а згора на тоа и противзаконски дејствувања, скандали и кадровски промашувања.

„За неговиот морален хабитус доволно говори и фактот што тој досега не се ни осмели да понуди оставка од морални причини, нешто што го сторувале повеќе македонски министри пред него, во ситуации на вакви хаварии и колективни несреќи! ...Се на се министерот Тошковски покажа дека е лично одговорен за пропусти кои не смеат да се дозволат од страна на МВР“, рече Јанчев и ги повика пратениците да ја поддржат интерпелацијата.

Интерпелацијата, како што посочи, е базирана на десет основи од кои пет се директно поврзани со трагичниот настан во Кочани. Првиот основ е немање никаква контрола врз дискотеката Пулс, што е јасна законска обврска на МВР.

Вториот основ се однесува на нелегалната употреба на пиротехнички средства, третиот на неукажувањето помош од страна на полициските службеници, потоа на непроцесуирани закани против неистомисленици на власта, што е спротивно на законот за полиција и петиот основ се однесува на забрана за употреба на дронови - што според него, од МВР беше злоупотребено за да се повреди чл. 16 право на протест.

Останатите пет се однесуваат на уапсени граѓани во гостиварско кои чистеле црква, на непостапувањето при палењето на македонското знаме за време на прославата на Денот на албанското знаме, кражбата на марихуѕана која ја чувала полицијата, за случајот со апсењето и притоворањето на телохранителот на премиерот поради одавање службени тајни, и на катастрофалната кадровска политика во Министерството исполнета со ннепотизам и кронизам.

Во своето излагање, министерот Тошковски рече дека не се плаши од одговорност и оти останува на функцијата за да се соочи со вистината и да ги разјасни сите дилеми.

„Пред вас не стојам како министер, туку како човек кој ја разбира тежината и одговорноста што ја носи функцијата. Ќе зборувам како личност што носи одлуки, но и како татко, и како министер, и родител. Дозволете ми да кажам дека жалам за секој изгубен живот“, рече Тошковски, додавајќи дека секоја дилема заслужува одговор базиран на факти, а не на политички конструкции.

Министерот се осврна на сите точки од интерпелацијата, вклучително и трагичниот настан во дискотеката во Кочани, нагласувајќи дека во овој случај МВР нема направено пропуст.

Тој потенцираше дека лиценцата за дискотеката „Пулс“ била фалсификувана, а во однос на пиротехничките средства, нагласи дека МВР работи согласно закон.

„Во случајот со дискотеката во Кочани, такво барање за употреба на пиротехнички средства никогаш не било поднесено. МВР постапуваше во согласност со Законот, и нема законска основа да се тврди дека постои пропуст. Одговорноста е кај оние што дозволиле внесување и употреба спротивно на законот“, потенцираше тој.

Миле Талески од СДСМ рече дека гласот „за“ интерпелација на министерот Тошковски не е прашање на политика, туку прашање дали ќе опстои државата, дали ќе има правда, безбедност и сигурност.

„Голем број осомничени, приведени и притворени лица од трагедијата во Кочани до денес е со цел да се разводнат сите случаи и да се одолговлекуваат до бескрај, да се создаде привид дека МВР и Владата се борат против криминалот и корупцијата. Но не е така. Ова е тежок популизам, препознатлив за ВМРО-ДПМНЕ. Но, ајде да ја почекаме истрагата за да видиме дали и кој од надлежните командири, началници и заменик-командири на полицијата ќе бидат опфатени и кој ќе понесе одговорност“, рече Талески.

Тошковски пак посочи дека институциите преземаат мерки за сите отворени случаи, меѓу кои и кражбата на марихуана во Карбинци, злоупотребата на службени документи кај припадник на полицијата и протестите поврзани со случајот со црквата во Галате. Тој ги отфрли тврдењата за етнички предзнак и обвини одредени структури во ДУИ и СДСМ за обид за дестабилизација.

„Сѐ што видовме е лажно етикетирање. Треба да нѐ води обврската да ја кажеме вистината и да ја браниме правдата. Не бегам, не молчам, не се кријам. Останувам овде со целата тежина на обврската што ја носам. Секој ден од оваа институција ќе биде заложба вашата болка да не остане само нем сведок на незаборавот. Промените се тука, одговорноста се чувствува, правдата е реалност“, рече Тошковски во своето обраќање.

Министерот ги отфрли сите обвинувања и нагласи дека МВР работи професионално, без селекција и под целосна координација со Јавното обвинителство.

Против министерот за внатрешни работи беше поднесена интерпелација и во јануари заедно со уште четири интерпелации на владини министри. Тогаш интерпелациите ги поднесе Европскиот фронт предводен од ДУИ и истите не поминаа во Собрание.

Осми неуспешен обид за конституирање на Собранието на Косово

илустрација
илустрација

Пропадна и осмиот обид за конституирање на косовското собрание, бидејќи претседателот на оваа институција не беше избран на предлог на победничката партија на февруарските избори - Движењето Самоопределување.

Конститутивната седница започна на 15 април, но беше прекината по осми пат во вторник (29 април) поради несогласувања меѓу парламентарните партии во врска со третата точка на дневниот ред, а таа е изборот на претседател на Собранието.

Победничката партија на изборите, во овој случај - Движењето Самоопределување, има ексклузивно право да предложи кандидат за претседател на Собранието. Сепак, најголемите албански опозициски партии не го прифаќаат нивниот кандидат, Албулена Хаџиу, туку бараат да биде номиниран некој друг, што пак Самоопределување одбива да го стори.

Во вторник, Хаџиу доби 54 гласа „за“, додека на претходните седници имаше 57 гласа од пратениците.

Според деловникот на Собранието, конститутивната седница завршува со избор на претседател и потпретседател, а за да се избере претседател на Собранието, потребни се 61 глас од вкупно 120 пратеници.

Парламентарните опозициски партии проценуваат дека движењето Самоопределување, кое ја водеше Владата во претходните четири години, нема доволно гласови за избор и формирање нови институции.

Движењето Самоопределување има 48 пратеници, по што следуваат Демократската партија на Косово со 24 места, Демократскиот сојуз на Косово со 20, коалицијата Алијанса за иднината на Косово и Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) со 8 места. На малцинските заедници во косовското собрание им се загарантирани 20 пратенички места, од кои десет ѝ припаѓаат на српската заедница.

Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово сметаат дека Албулена Хаџиу е „контроверзна личност“, додека Демократскиот сојуз на Косово објави дека нема да поддржи ниту еден кандидат предложен од Самоопределување.

Додека не се конституира Собранието, не може да се отвори патот за формирање на новата Влада на Косово.

Европската Унија изјави дека Косово мора брзо да формира нови институции, а некои амбасадори на западните земји, исто така, повикаа на деблокада.

Зеленски: Предлогот на Путин за прекин на огнот за Денот на победата ќе обезбеди „тишина само за неговата парада“

Украинскиот претседател Володомир Зеленски
Украинскиот претседател Володомир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше најавата на рускиот претседател Владимир Путин за тридневен прекин на огнот во украинската војна, што ќе се совпадне со годишните прослави на Денот на победата во Москва.

Едностраното мини-примирје ќе се одржи од 8 до 10 мај, кога Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над нацистичка Германија во Втората светска војна.

Зеленски рече дека нема потреба да се чека дотогаш за прекин на огнот.

„Од некоја причина, сите треба да чекаат до 8 мај пред да прекинат со огнот - само за да му обезбедат на Путин тишина за неговата парада. Ние ги цениме човечките животи, а не парадите“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање (28 април).

„Прекинот на огнот не треба да биде само за неколку дена, само за потоа да се врати на убивање. Мора да биде итен, целосен и безусловен - или најмалку 30 дена за да се осигури дека е безбеден и гарантиран. Ова е основата што може да доведе до вистинска дипломатија“, рече Зеленски.

Предлогот од Соединетите Држави за безусловно примирје, на кое Украина се согласи, е исто така сè уште можен, повтори Зеленски.

„Русија точно знае што треба да направи и како да одговори: навистина да прекине со огнот.“

Министерот за надворешни работи на Украина претходно изјави дека објавата на Кремљ на 28 април е неискрена и рече дека треба да започне веднаш.

Ова е втор пат овој месец Кремљ да повика на прекин на борбите. Предлогот за велигденските празници претходно овој месец беше во голема мера игнориран, бидејќи Русија и Украина продолжија да се напаѓаат меѓусебно.

Како што прави секоја година од неговото претседателствување, Путин ќе претседава со воена парада на Црвениот плоштад на 9 мај - Денот на победата - прославувајќи ја советската улога во победата над Германија. Во последниве години, тој ја искористи оваа пригода за да го критикува и Западот.

Прославата се случува во време кога руската инвазија на Украина продолжува со несмалена сила во својата четврта година. Бројот на жртвите на Русија засега е поголем од сите жртви што ги претрпела во сите конфликти што ги водела од 1945 година.

Либералите на пат до победа на канадските избори

Премиерот на Канада и лидер на Либералната партија, Марк Карни
Премиерот на Канада и лидер на Либералната партија, Марк Карни

Либералната партија на Канада, предводена од премиерот Марк Карни, е на добар пат да победи на федералните избори, објавија канадските медиуми, по кампањата обележана со провокации и царини од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Премиерот Марк Карни побара од гласачите силен мандат за да се спротивстават на царините и заканите на американскиот претседател Доналд Трамп за анексија на земјата.

Гласовите сè уште се пребројуваат, а првичните прогнози на Си-Ен-Ен, ЦТВ и ЦБЦ, предвидуваат дека либералите ќе освојат доволно места за да формираат нова влада.

Бидејќи гласовите сè уште се пребројуваат, CBC News вели дека е прерано да се каже дали новата влада ќе биде мнозинска или малцинска – потребни се 172 места за мнозинска влада.

Резултатите ќе треба да се почекаат извесно време и можно е тоа да зависи од исходот од гласањето во најзападната провинција Британска Колумбија, каде што гласачките места се затвораат последни.

Либералите, кои се на власт во последните девет години, победија или водат во 133 изборни единици, а конзервативците во 93 изборни единици.

Парламентот има 343 места и ако Карни освои само релативно мнозинство, ќе мора да преговара со помалите партии.

Резултатите од изборите се тежок пораз за конзервативниот лидер Пјер Поилиевре, кој во кампањата се фокусираше на домашната политика и ветувањето дека ќе ја поправи земјата што либералите ја „корумпираа“.

Откако Џастин Трудо поднесе оставка од функцијата премиер на почетокот на годината, поранешниот гувернер на Националната банка на Канада, Марк Карни, убедливо победи на внатрепартиските избори на Либералната партија на Канада, а потоа стана шеф на политичкиот блок што го предизвика антитрамповото расположение во земјата.

Карни ја мобилизираше канадската јавност против заканата на американскиот претседател да ја анектира Канада како 51-ва држава на Соединетите Држави, а истовремено го направи прашањето за одбраната на Канада од тврдењата на Трамп централен дел од неговата политичка платформа.

„Ги отфрлам сите обиди за ослабување, исцрпување, разбивање на Канада, за Америка да може да нè поседува. Ние сме господари во својата куќа“, им рече Карни на новинарите кон крајот на март.

Конзервативната опозиција, предводена од долгогодишниот парламентарец Пјер Поилиевре, се сметаше за изборен фаворит кога Трудо ја објави својата оставка во јануари, во услови на галопирачка економска криза, растечки трошоци за живот и внатрешен бунт во неговиот кабинет.

Сепак, високите царини што Трамп ги наметна врз Канада и заканите за нејзиниот суверенитет драматично го променија расположението на канадскиот електорат.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG