Достапни линкови

Вести

На 15 јуни прва средба меѓу Вучиќ и Курти

Заедничка фотографија на премиерот на Косово, Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Заедничка фотографија на премиерот на Косово, Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово ќе продолжи во вторник на 15 јуни, изјави портпаролот на ЕУ Петер Стано.

Ова ќе биде прва средба меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти. Средбата ќе се одржи во седиштето на ЕУ во Брисел.

„Ова ќе биде прва средба, така што очекуваме премиерот на Косово и претседателот на Србија да разговараат за тоа како да се продолжи дијалогот“, рече Стано.

Портпарол на Брисел ја повтори пораката дека за време на процесот на разговори се случиле промени, бидејќи Курти на 22 март го заменил Авдулах Хоти на премиерската позиција но дека „обврските остануваат исти“.

„Очекуваме од двете земји понатамошна посветеност за вклучување во дијалогот, да се спроведат сите претходни договори и да се покаже посветеност и неопходна подготвеност за компромис со цел да се постигне конечен сеопфатен договор за нормализирање на односите меѓу Србија и Косово“, рече Стано.

види ги сите денешни вести

Литванскиот претседател „се надева на чудо“ додека потрагата по американски војници продолжува

Литванскиот претседател Гитанас Науседа покрај американската амбасадорка во Литванија Кара Ц. Мекдоналд на местото на спасувачката операција на полигонот Пабрад.
Литванскиот претседател Гитанас Науседа покрај американската амбасадорка во Литванија Кара Ц. Мекдоналд на местото на спасувачката операција на полигонот Пабрад.

Литванскиот претседател Гитанас Наузеда изјави дека се уште „се надева на чудо“ бидејќи спасувачките екипи продолжуваат со работата за да го извлечат потопеното воено возило во кое се превезувале четворица американски војници кои се водат како исчезнати.

Наузеда изјави дека дека во ситуацијата во воениот полигон Пабраде во близина на границата на Литванија со Белорусија дека иако многу скептици „веројатно би рекле дека нема на што да се надеваме во овие околности, јас сакам да верувам“.

„Се уште се надевам на чудо“, додаде тој.

Спасувачките операции се во тек уште од раните утрински часови на 25 март, кога исчезнаа четворица американски војници во оклопното возило за опоравување М88 Херкулес.

Нивното возило беше пронајдено потопено во мочуриште на полигонот, што предизвика огромни напори за опоравување во кои беа вклучени стотици литвански и американски персонал и десетици возила.

Литванскиот министер за одбрана Давиле Сакалиен рече дека спасувачката операција успеала да отстрани „два до три метри тиња“, но возилото сè уште не е видливо поради матна вода.

„Сè уште не е доволно, а водата навлегува во местото на инцидентот од блиското езеро“, изјави таа за радио ЛРТ претходно истиот ден. Таа претходно рече дека возилото се наоѓало во вода и кал на „повеќе од 5 метри надолу“.

Сакалиен рече дека судбината на четворицата војници допрва треба да се утврди и дека истражителите не ја отфрлиле можноста тие да не се во возилото, туку на друго место.

На 27 март, американската амбасадорка во Литванија Кара Ц. Мекдоналд го посети местото на операцијата за пребарување, ветувајќи дека американските власти „нема да мируваат додека не ги најдеме“.

По посетата на Мекдоналдс и пристигнувањето на тим американски нуркачи на полигонот, Сакалене рече дека Литванците се „скршени од срцето“ и „го гледаат секој момент од оваа спасувачка операција“.

„Како што Америка не го остава своето зад себе, така и ние во Литванија не ги оставаме нашите зад себе. И овие американски војници ги сметаме за наши“, изјави таа за Фокс њуз на 28 март.

Литванија, членка на НАТО и ЕУ, е домаќин на повеќе од 1.000 американски војници стационирани во балтичката земја на ротациона основа.

Американската армија за Европа и Африка во соопштение претходно соопшти дека четворицата војници „вршеле закажана тактичка обука“ кога исчезнале на 25 март.

Во раните часови на операцијата за спасување, се појавија неколку спротивставени извештаи, вклучително и коментари на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, дека четворицата американски војници се мртви. Портпаролката на НАТО подоцна ги отфрли овие коментари.

Запрашан вечерта на 26 март од новинарите дали бил информиран за исчезнатите војници, американскиот претседател Доналд Трамп рече: „Не, не сум“. Оттогаш тој не ја коментираше ситуацијата.

ССМ најави протести на 2 април

Сојузот за синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека на 2 април ќе одржат протест на улиците во Скопје, поради како што велат незаконската одлука на Владата да ја зголеми минималната плата за 1.800 денари. Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов изјави дека ССМ излегува на улица на 2 април затоа што Владата одлучила да утврдува износ на минимална плата на штета на работниците во Македонија, не прифаќајќи ги нивните предлози за утврдување на висината на износот на минималната плата.

„Не се преговара и не се разговара за висините на платите на вработените во јавниот сектор, онака како што е предвидено во општиот колективен договор, а тоа е да добиеме функционерски плати, просечна плата по коефициент на сложеност или зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 12,6 проценти во нето, или 12,9 проценти во бруто“, додаде Трендафилов.

ССМ бара минималецот наместо 24.300, колку што треба да биде од овој месец, да изнесува 30.000 денари.



Тој обвини дека во изминатиот период се засилени нападите кон сидникатите од политичка партија, без да посочи која.

„Се засилија нападите како од политичка партија така и од политички поставени директори кои примаат плата од нашите плати, кои ги плаќаме како даноци во државата, не ги плаќаме за да ги минираат процесите за да ги намалуваат платите и за да не ги остваруваат барањата и заложбите на работниците, не ги плаќаме за жестоко да се борат со закани, со уцени за отказ од работни места, за намалување на плата, за суспендирање на наши синдикални активисти, со една цел да направат друг Синдикат репрезентативен на штета на работниците“, додаде Трендафилов.

Прозивките во јавноста во текот на изминатиов месец доаѓаа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ која ја обвинува оваа синдикална организација е во дослух и одработува за опозициските СДСМ, Левица и ДУИ. А, на масата за преговори бараше да седне и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) која тврди дека неоправдано била исклучена изминатите неколку години.

Во моментов, минималната плата изнесува 22.567, додека просечната во декември 2024 беше 43.587 денари.

На барањата од месецов минималецот да изнесува 30.000 денари, наместо 24.300, од власта одговорија дека ќе прифатат тоа што ќе се договорат синдикатите и работодавците, но премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема пари во буџетот за предлогот Владата да субвенционира придонеси за повисок минималец.

Поднесено обвинение за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова

Архивска фотографија, Протест по загинувањето на младата Фросина Кулакова во близина на Универзалната сала во Скопје
Архивска фотографија, Протест по загинувањето на младата Фросина Кулакова во близина на Универзалната сала во Скопје

Со запретена максимална затворска казна од 20 години за тешки дела против безбедноста е обвинет младиот возач на автомобил кој на 29 јануари ја прегази на пешачки премин Фросина Кулакова. Основното обвинителство до Кривичниот суд на 28 март достави обвинителен акт протов него со кој се товари за тешки дела против безбедносната на луѓето и имотот.

По двомесечна истрага, надлежниот јавен обвинител ги прибрал сите докази и вештачења кои, како што се вели во соопштението, е утврдено дека тој на 29 јануари, 15 минути пред полноќ, обвинетиот, без возачка дозвола, управувал со автомобилот „Пежо 207“, кој бил во сопственост на неговиот татко.

„Не се придржувал кон прописите и со тоа свесно го довел во опасност животот на луѓето. Автомобилот го управувал под дејство на алкохол, односно со 0.80 промили алкохол во крв, но и со брзина на движење од 91 km/h што е речиси двојно поголема од дозволената“, се вели во соопштението на Обвинителство.

Кога дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата меѓу булеварот “Партизански одреди” и улицата “29-ти Ноември“ продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот кој сигнализирал забрана за минување и со предниот лев дел од возилото кое го управувал удрил во телото на пешакот Фросина Кулакова, која поминувала на обележан пешачки премин и зелено светло за пешаци.

„Од силата на ударот, оштетената се издигнала во воздух и удрила во семафор, поставен на разделното пешачко стојалиште, па се здобила со тешки телесни повреди од кои починала на лице место“, се вели во соопштението.

Обвинителот побарал од Кривичниот суд продолжување на мерката притвор поради опасност од бегство или повторување на кривичното дело.

Во текот на минатиот месец, граѓани неколку пати излегоа на протест излегоа на протест со порака „ Не умираме од несреќи, туку од корупција“. Тие бараа одговорност од институциите, суштински промени, во како што велат, корумпираниот систем и правда за жртвите загинати во сообраќајни несреќи.

Револтот на јавноста се интезивираше откако се дозна дека осомничениот и претходно имал сообраќајни прекршоци за кои до несреќата не сносил одговорност. Против него имало и обвинение за поседување и продавање на за поседување и продажба на марихуана и кокаин, судски процес кој завршил со мерка со која тој требало да оди во поправен дом во Тетово. Но, предметот „заглавил “ во Апелација, па пресудата не станала правосилна, по што тој не бил упатен на издржување на казната.

Во меѓувреме Апелациониот суд на 7 февруари под „притисок на јавноста“ донесе одлука со која ја преиначил првостепената пресуда и обвинетиот бил упатен во воспитно-поправен дом и го осуди на затворска казна од три години и 10 месеци.

САД ќе продолжат да ја финансираат истрагата за воени злосторства на киднапираните украински деца

Рускиот претседател Владимир Путин (лево) и адвокатката за детски права на Кремљ, Марија Лвова-Белова(десно)
Рускиот претседател Владимир Путин (лево) и адвокатката за детски права на Кремљ, Марија Лвова-Белова(десно)

Соединетите Држави, наводно, направиле привремен пресврт за да го запрат проектот поддржан од САД за собирање докази за можни руски воени злосторства поврзани со наводното киднапирање на украински деца.

Долгогодишните активности кои ги финансираа САД, делумно предводени од Универзитетот Јеил, помогнаа да се отвори патот за Меѓународниот кривичен суд да ги обвини рускиот претседател Владимир Путин и Марија Лвова-Белова, руска адвокатка за правата на децата, која наводно го организирала киднапирањето на украинските деца во Русија.

Истражувачите од Јеил откриле дека Путин и другите високи руски функционери биле директно вклучени во организирана кампања за отстранување на децата од украинските територии под контрола на Русија и нивно сместување во руски летни кампови и згрижувачки домови.

Ова е направено, велат истражувачите, со малку или никаков напор да се идентификуваат родителите или законските старатели на децата.

Претходно овој месец, извршниот директор на центарот на Јеил, Натаниел Рејмонд, за Радио Слободна Европа(РСЕ) изјави дека Стејт департментот го прекинува финансирањето на напорите, што тој го нарече „катастрофален удар“ за напорите за документирање на воените злосторства.

„Организиран криминал“ - Украински деца однесени во Белорусија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:38 0:00

Администрацијата на Доналд Трамп, исто така, им забрани на истражувачите да ги предаваат своите докази до судските обвинители. Белата куќа реагираше агресивно на Хашкиот трибунал, и речиси го прогласи за нелегитимен.

Оваа недела, сепак, Стејт департментот ја промени својата одлука, објави Вашингтон пост, и обезбеди шестнеделно финансирање за да им овозможи на истражувачите да ги пренесат своите докази до агенцијата за спроведување на законот на Европската Унија, ЕВРОПОЛ.

Стејт департментот не одговори веднаш на барањето за коментар.

Одговарајќи на прашање на новинарите во Вашингтон на 27 март, американскиот државен секретар Марко Рубио потврди дека администрацијата престанала да ги финансира напорите, но сугерираше дека базата на податоци за докази е недопрена и ќе биде пренесена на „соодветните органи“.

Рокас: Реформската агенда не е лек за сите болести, туку заеднички напор за да се спроведат реформите

Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас
Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас

Реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните придобивки од членството во ЕУ, како и да ја зголеми економкста конвергентност пред пристапувањето, истакна шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Михалис Рокас, на денешната презентација на мерките од Планот за раст за Западен Балкан и Реформската агенда 2024-2027 за Северна Македонија. На прес конференцијата со министерот за европски прашања Орхан Муртезани во Владиниот медиа центар, тој упати честитки што земјава е прва од државите во регионот што го потпиша договорот за инструменти и заеми од Планот за раст и за добрата Реформска агенда.

„Проширувањето е еден од главните приоритети на Комисијата, а Реформската агенда покрај инструментот за претпристапна помош е всушност двигателот со кој што се постигнува таа цел. Би сакал да бидам јасен, парите што ги даваме денес се дополнување на она што веќе постои. Реформската агенда и распределбата според неа за Северна Македонија е 750,4 милиони евра покрај тековните ИПА програми кои надминуваат 500 милиони евра во чисти грантови за финансирање. Со овие финансиски распределби и јасната политичка поддршка Реформската агенда од Планот за раст е досега невидена можност за земјата да ги забрза клучните придобивки од членството во ЕУ, како и да ја зголеми економкста конвергентност пред пристапувањето“, нагласи Рокас.

Спроведувањето на Реформската агенда од Планот за раст, нагласи тој, треба да резултира со опипливи придобивки за граѓаните, забрзување на интеграцијата на земјата во ЕУ и дополнителни ресурси во буџетот на земјата за поддршка на потребните реформи.

Резултатите ќе се оценуваат два пати годишно, а средствата ќе се ослободуваат соодветно на фиксните полугодишни распореди само ако се постигнат целите, ќе се вршат и плаќањата кон националните буџети, објасни евроамбасадорот.

„Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ, туку е алатка за да се поддржат подготовките на земјата за ЕУ. Реформската агенда не е лек за сите болести, туку претставува заеднички напор за да се спроведат потребните реформи кои може да го трансформираат општеството. Владата се обврза кон младите, бизнисите, НВО и кон медиумите дека ќе ги унапредува реформите со што ќе донесе опипиливи придобивки за земјата и ќе напредува кон ЕУ. Ова ќе го правиме заедно, ќе ги мобилизираме сите капацитети на Владата“, рече Рокас.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани укажа на важноста на Планот за комуникација и видливост на Планот за раст која, како што рече, е клучот на успешноста на реформите.

„Добро осмислената и спроведена комуникација не е само формален чекор или административна задача. Напротив комуникацијата е клучот на успешноста на реформите. Јасноста, транспарентноста и разбирливоста се пруслов граѓаните да почувствуваат дека рерормите се нивни и дека евроинтеграција не е далечен и апстрактен концепт, туку конкретна и опиплива можност за подобар живот“, рече меѓу другото Муртезани.

Планот за комуникација и видливост е создаден во тесна комуникација со Делегацијата на ЕУ, пртеставува стратешки документ и зацртана смерница и јасна определеност за отвореност и транспарентност кон сите граѓани и нивно вклучување во спроведувањето на реформите

Сиљановска-Давкова: Како држава мораме да инвестираме во одбраната и безбедноста

Претседателката на РСМ Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоки и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајот Сашко Лафчиски, 28 март 2025 година
Претседателката на РСМ Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоки и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајот Сашко Лафчиски, 28 март 2025 година

Нашиот влог во Алијансата е истовремено и влог во Армијата и како држава мораме да инвестираме во македонската одбрана и безбедност, порача претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова на свеченоста по повод 5. годишнината од пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, што се одржува во касарната „Илинден“ во Скопје.

Шефицата на државата најави дека ќе продолжиме да придонесуваме за мирот преку учеството во мировните мисии, предводени од НАТО и од Обединетите Нации, како и дека ќе се усогласуваме со НАТО-стандардите и со Заедничката безбедносна и одбранбена политика на Европската Унија.

Сиљановска Давкова истакна дека целта на постоењето на Алијансата се мирот и безбедноста на нејзините земји членки и потенцираше дека безбедносните закани наметнуваат потреба од поголеми вложувања во одбраната, вклучително и во напредните технологии и оружја.

„Војната во Украина предизвика невидени човечки страдања и материјални штети и ја загрозува визијата за Европа обединета во мир. Конфликтите на Блискиот Исток генерираат нови човечки страдања и нови миграциски бранови. Кризната состојба бара брз и соодветен одговор. Свесна сум дека се наоѓаме можеби во најкритичниот геополитички период по Студената војна. Безбедносните закани наметнуваат потреба од поголеми вложувања во одбраната, вклучително и во напредните технологии и оружја. Затоа, како држава мораме да инвестираме во македонската одбрана и безбедност“, рече Сиљановска-Давкова.

Министерот за одбрана Владо Мисјаловски, пак, побара единството во Армијата и во Алијансата да го преточиме во единство меѓу граѓаните и да изградиме општество кое ќе се развива од сите аспекти и ќе се прилагодува на новите предизвици со една цел, подобар, побезбеден и поквалитетен живот за сите граѓани.

„НАТО не е само воено-политички сојуз и организација која ги штити надворешните граници на земјите-членки, туку е сојуз кој и покрај сите различни гледишта на мноштво теми има една заедничка суштина – грижата едни за други!“, рече Мисајловски.

Потенцираше дека членството во НАТО претставува и гарант и за стабилноста на македонската економија. Стабилност која значи можност за странски директни инвестиции, но истовремено и уште позначајно, можност за македонските компании да учествуваат на НАТО пазарот кој изнесува над 10 милијарди евра годишно.

Русија и Украина разменуваат напади со беспилотни летала

илустрација
илустрација

Русија и Украина во текот на ноќта (28 март) размениле напади со беспилотни летала, додека руските сили го зголемиле интензитетот на ударите на теренот.

Украинските воздухопловни сили известија дека Русија лансирала 163 беспилотни летала од различни типови во текот на ноќта.

Од лансираните 163 беспилотни летала, украинските воздухопловни сили тврдат дека собориле 89.

Според информациите на Военото воздухопловство, 51 беспилотно летало не успеало да ги погоди своите цели, најверојатно како резултат на контрамерки за електронско војување.

Во изминатите 24 часа, руските војници извршија гранатирање и воздушни напади врз јужниот украински град Херсон и десетици населени места во областа, изјави во петокот началникот на регионалната воена администрација, Олександр Прокудин.

Херсон е точка на удар бидејќи е блиску до линијата на фронтот, а жителите живеат под постојана закана од беспилотни летала и артилериски напади.

Во најновото гранатирање во Херсон, според информациите, загинале три лица, а 12 се повредени.

Во меѓувреме, Украина ги нападна руските градови Саратов и Енгелс во текот на ноќта, при што локалните жители пријавија повеќекратни експлозии на небото, објавија руските канали Телеграм.

Саратовската област е честа цел на напади со украински беспилотни летала, особено поради важен воен аеродром во близина на градот Енгелс.

Новинарот кој стана војник: Првиот Иранец во странската легија на Украина
please wait
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 1080p
  • 720p

No media source currently available

0:00 0:01:25 0:00
  • Auto
  • 240p
  • 360p
  • 480p
  • 1080p
  • 720p

Руското Министерство за одбрана објави дека пресретнало 78 украински беспилотни летала во раните утрински часови во петокот.

Додека Соединетите Држави ги предводат дипломатските напори да се обидат да донесат мир во Украина, Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските трупи ги зголемиле своите активности на теренот, известувајќи за 209 судири во изминатите 24 часа.

Најголем број руски напади биле во правец на стратешкиот град Покровск во источна Украина, се наведува во извештајот на Генералштабот.

Украинскиот Генералштаб објави и дека од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, Русија загубила 910 750 војници, од кои 1860 во последните 24 часа.

Британското Министерство за одбрана на 5 март соопшти дека Русија најверојатно претрпела околу 90 000 жртви, убиени или ранети до 2025 година. Министерството додаде дека од почетокот на војната, Русија веројатно претрпела 875000 жртви.

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји идната недела во Москва

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји
Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, на покана на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, од 31 март до 2 април ќе престојува во официјална посета на Русија, соопшти денеска (28 март) портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џакун.

Тој најави дека за време на посетата на Русија, Ванг ќе се сретне со Лавров и со руските лидери, со кои ќе разговара за развојот на кинеско-руските односи и меѓународните и регионалните прашања од заеднички интерес.

На редовниот брифинг со новинарите, Гуо рече дека Кина и Русија се сеопфатни стратешки партнери и дека меѓу Кина и Русија постои трајно добрососедско пријателство, пренесоа кинеските медиуми.

Орбан: Брисел се подготвува за војна иако во моментов нема таква закана

Унгарскиот премиер Виктор Орбан
Унгарскиот премиер Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска (28 март) изјави дека Брисел се подготвува за војна, иако, како што наведе, во моментов нема закана од војна.

„Нема закана од војна, Унгарија нема да војува со никого. Остануваме на страната на мирот и ако Европа започне војна, ние сигурно нема да влеземе во неа“, рече Орбан на прес-конференција.

Орбан рече дека во моментов не се чини дека Европа е под непосредна закана од војна и дека е многу малку веројатно дека „некој би нападнал членка на НАТО“.

Според него, оние кои се подготвуваат за војна обично го прават тоа за да покренат „некој чин на војна“, додавајќи дека во моментов се водат политички подготовки за подлабоко вклучување во конфликтот.

Тој додаде дека унгарските семејства не треба да преземаат посебни мерки.

Земјотрес од 7,7 степени го погоди Мјанмар, се урна висококатница во Бангкок

Последици од уривањето на зграда во Банкок, 28 март 2025 година
Последици од уривањето на зграда во Банкок, 28 март 2025 година

Најмалку едно лице загинало, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урнала во Бангкок по силниот земјотрес што во петокот го погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти.

Службите за итни случаи претходно соопштија дека 50 лица се наоѓале во зградата што се урна во паркот Чатучак по земјотресот што го погоди Мјанмар, Тајланд, а бил почувствуван и во југозападна Кина.

Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди центарот на Мјанмар, соопшти Американскиот геолошки институт.

Последици од земјотресот во Мјанмар, 28 март 2025 година
Последици од земјотресот во Мјанмар, 28 март 2025 година

Епицентарот бил на 16 километри северозападно од градот Сагаинг, на длабочина од 10 километри, соопшти Институтот.

Силни потреси биле почувствувани стотици километри подалеку во Тајланд и југозападна Кина.

Будистички монах поминува покрај оштетена зграда на манастирски комплекс по земјотресот, во Најпитав, Мјанмар, 28 март 2025 година
Будистички монах поминува покрај оштетена зграда на манастирски комплекс по земјотресот, во Најпитав, Мјанмар, 28 март 2025 година

Зградите во Бангкок обично не се дизајнирани да издржат земјотреси, па штетата може да биде значителна, пренесе Би-Б-Си.

Тајландската влада одржува итен состанок.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG