Достапни линкови

Нови руски тролови пред бриселските порти


Ботови и тролови демнат пред Брисел
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:45 0:00

Ботови и тролови демнат пред Брисел

Институтот за безбедносни студии од Прага, во една од своите последни анализа на оваа тема, вели дека Кремљ може да отиде многу подалеку од класично ширење на обични лажни вести и во Западен Балкан да се обиде со сајбер напади да ослабне клучни системи.

Во обидите за ширење на своето влијание во Северна Македонија и во цел Западен Балкан, Русија редовно се потпира врз конвенцијални интернет средства, како што се лажните вести, но, како што предупредуваат неколку експерти и истражувачки центри, кај Москва се повеќе се гледа подготвеност да ги активира сите свои тролови и ботови за покренување на својата сајбер машинерија. Институтот за безбедносни студии од Прага, во една од своите последни анализа на оваа тема, вели дека Кремљ може да отиде многу подалеку од класично ширење на обични лажни вести и во Западен Балкан да се обиде со сајбер напади да ослабне клучни системи.

„Москва би можела да оди подалеку од ширење лажни вести. Македонците се крајно подложни на лажни вести, а сајбер просторот во земјата е слаб и ранлив на сајбер напади“, стои во едно од последните истражувања на прашкиот Институт.

Иако без детали и тивко, за ова предупредуваше и американскиот бригаден генерал Тимоти Хју, командант на силите на Националната мисија на сајбер-командата. Тој изјави дека е покрената посебна акција, т.н. "Синтетичка теологија", и дека нејзината команда распоредила "сајбер воини" во Украина, Северна Македонија и Црна Гора за да помогне во сајбер одбраната на тие земји. Тоа, во изјава за БИРН, беше потврдено и од Американската амбасада во Црна Гора.

„Американската сајбер команда соработува со властите во тие земји за да ги спречи потенцијалните закани. Американската европска команда и американската сајбер-команда тесно соработуваат со сојузниците на НАТО. Црна Гора ја спроведува сајбер-соработката за да ја зголеми интероперабилноста и да ги отстрани штетните влијанија врз демократските процеси на нашите сојузници, партнери и САД“, изјавиле за БИРН од Американската амбасада во Црна Гора.

Проф. Селмани: Македонија не е поштедена од современиот мирнодобски тероризам

Според професорот за безбедност од ФОН, Башким Селмани, сајбер нападите и загрозувањето на сајбер безбедноста претставуваат „современ мирнодобски тероризам“ меѓу државите и дека Македонија не е поштедена.

„Во светски рамки тоа е многу интензивно и се мобилизираат цели системи за одбрана од сајбер напади. Македонија и порано, а особено сега кога е на пат кон НАТО и ЕУ, е цел на сајбер напади и на најчувствителните сегменти на демократијата и безбедноста во државата. Цел се и политичкиот и информатичкиот и безбедносниот систем“, вели професорот Селмани.

Според него, не се работи само за напади од надвор кон Македонија, бидејќи некои од тие напади се потпомогнати и од групи во Македонија, и дека стратешката борба против сајбер нападите не е само да се заштити Македонија, туку и од Македонија да се заштитат пријателските земји. Професорот додава дека Македонија не е доволно силна сама да се справи со тие сајбер напади и поради тоа е логично да бара помош.

Умот треба да ја води Македонија, а не руските ботови и тролови

Дека со соработка со САД и НАТО е засилена одбраната од сајбер нападите, за РСЕ неодамна потврдија и од македонското Министерство за одбрана. Оттаму велат дека соработката со американската сајбер команда е почната во 2018 година за да им се помогне на надлежните субјекти од Министерстовото за одбрана за достигнување на потребните НАТО стандарди за дејствување во сајбер просторот.

„Со помош на стручни лица извршено е согледување на ранливоста на споменатата мрежа за пристап до интернет и врз основа на согледувањата, направени се подобрувања со цел подобра заштита на информатичката мрежа на Министерството за одбрана од несакани активности“, изјавија за РСЕ од Министерството за одбрана на прашањето дали тие се дел од акцискиот план на сајбер командата на САД за зголемување на сајбер безбедноста и за борба против интернет нападите. Дека соработката има и регионален, но и поширок ефект, потврди и американскиот државен секретар Мајк Помпео, кога минатата недела во Подгорица ја пофали разузнавачката соработка со Црна Гора, благодарение на која, како што рече „успеале да создадат систем за заштита на милиони уреди ширум светот од најновиот руски малвер“.

Од Охрид, пак, Помпео, додаде: „Срцата и умовите на граѓаните треба да ја водат др државата напред, а не руските ботови и тролови на социјалните медиуми“.

XS
SM
MD
LG