Достапни линкови

Ако не ги „фати“ струја и не испаднат од расипано возило може да гаснат пожари


Противпожарно возило во Тетово.
Противпожарно возило во Тетово.

Само 50 пожарникари работата на целото тетовско подрачје со над 200 илјади жители, далеку од законските прописи. Тие го стават својот живот во ризик за да спасат друг, работејќи со стара опрема, неисправни возила, а водат битка и со локалната власт за неисплатени дневници.

Условите за работа и опрема стара и до 50 години, ризици по сопствениот живот поради тоа и конфликт со локалната власт околу висината на платата и додатоците. Во ваква состојба работат тетовските пожарникари кои во неколку наврати јавно побараа надминување на проблемите. И преку протест укажаа дека кога одат да гасат пожари стравуваат за своите животи.

Пожарникарот Игор Симовски и член на независниот синдикат на државна управа вели дека во мизерни услови не се извршува работа која подразбира спасување нечиј живот, но и ставање на сопствениот на ризик.

„Заштитните чизми се стари по 15-20 години. Таму кај што гасиш е вода сè. Чизмите се полнат со вода оти доле се полни со дупки. Е сега ако не е исклучена струјата постои ризик да те удри струја од доле од водата, да загинеш“, објаснува Симовски како е на терен.

Опремата која ја имаат претежно е донација на веќе употребени средства од други пожарникари. Последната донација скали за качување на високатници се направени 1963 година.

„Има случаи некогаш, камионот не може да ја вклучи пумпата. Има силен притисок на млазницата за да гасиш. Најновиот камион што ни е, што е донација од Дирекција за заштита и спасување, пред една година на пожар ни се запали инсталацијата. Значи најновиот. Другиот навален камион што ние е, вратата ни се затвора со резе, зошто на кривина може вратата да се отвори и да падне пожарникарот. Ни носеле порано црева шведски, и сега спојките од цревата шведски не се исти со нашите. Па ќе комбинираш, ќе правиш за да правиеш, за да завршиш работа, зошто не можеш да му речеш кога дека ќе ти пријави пожар, сообраќајка, не можеш да му речеш ќе дојдам утре да ги наместам цревата“, вели Игор.

Секојдневно се борат да спасат објекти и луѓе од пожари, а исто така водат битки со општеството.

„Кога ќе уклучат алармот дека има нешто да се интервенира веќе забораваш каква опрема имаш и што имаш, ама кога ќе се вратиш кога ќе ја согледаш ситуацијата, ти си ја изработил работата, ама како си ја изработил само ти знаеш. Само не знам државата до толку да несака да помогне на пожарникарството во Македонија, не знам, се чудам. Одиме, се стремиме за Европа, а пожарникарството не сака никој ни да инвестира, не е како инвестиција со повратни средства, ама може да се каже инвестиција, ти инвестираш за да спасиш живот некому“, рече тетовскиот пожарникар.

Само 50 пожарникари работата на целото тетовско подрачје со над 200 илјади жители, далеку од законските прописи.

Тетовските пожарникари преку синдикатот водат судски спор со Општина Тетово бидејќи со години не им се исплаќаат дневници според законот за пожарникарство.

XS
SM
MD
LG