Достапни линкови

Коментирате - По „метлата“ во СДСМ - „Некоја друга музичка желба?“


Премиерот Зоран Заев и претседател на СДСМ дава изјава по состанокот на централниот одбор на СДСМ.
Премиерот Зоран Заев и претседател на СДСМ дава изјава по состанокот на централниот одбор на СДСМ.

Читателите на РСЕ полемизираат дали разрешувањата во раководството на СДСМ ќе донесат вистински промени. Коментираат и за барањето на ВМРО-ДПМНЕ Заев да си даде оставка, како и за интервјуто со Зијадин Села.

„Mетлата“ на премиерот Зоран Заев почна да чисти, и тоа најпрвин во партискиот двор, иако најави и промена на неколку владини министри. Кире Вељановски смета дека „тоа е демократија за која ДПМНЕ никогаш нема да биде свесна. Не си ја врши некој добро работата, оди работи друго“. Но, Игор Цаки Крстески полемизира со него, па постирал: „Другар, тој што не си ја врши работата, баш тој не е сменет. Која демократија? Кога нешто не оди, првиот човек треба да даде оставка“. И Љубица Петкова се вклучува во полемиката, па го коментира Игор: „Тој си ја врши работата, па ги менува тие што не си ја вршат. Малку ви се побркани работите. Научени сте обратно да ги гледате работите, нормално, 11 години нè учеа така“. Потпишан со Ацко Пацко мисли дека „сега ќе ги сместат некаде, АМА одговорност НИКОЈ не спомнува. Ќе дојдат други, пак иста песна, а сето тоа на наш грб“. И Дејан Кукески е сомничав за сменетите партиски функционери и смета дека „сè додека не се постават квалитетни функционери без оглед од која партија се, ќе се е.... вака уште 100 години, а сменава ама ништо нема да смени...“

Пред седницата на ЦО на СДСМ, еден од портпаролите на ВМРО-ДПМНЕ излезе со изјава дека најголемата одговорност била „лично кај Заев“. Панче Ристев коментира: „Дури така глупаво се однесувате никогаш на власт нема да дојдете“. А Ристо Ташев го надополнува портпаролот на опозициската партија: „... И да ве донесе на власт и без избори“. Ејуп Мухамет и Бекир Кадриески ја спомнуваат одговорноста. Ејуп Мухамет со прашање: „Овие најдоа за одговорност да зборуваат?“, а Бекир Кадриески налутено: „Лесно е сега да се кажува, а каде е вашата одговорност додека бевте на власт, море сите треба да ве затворат!“ Македонка Коцева со Смешко кому солзи му течат од смеење прашува: „Некоја друга музичка желба?“ Здравко Јанески, пак, со сарказам: „Да си поднесе оставка, да ги смени сите министри од СДСМ и ДУИ и да постави комплет министри од ДПМНЕ. Тоа е најидеално за тебе....“

Во неделното интервју на РСЕ со лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, покрај другото, вели дека на државата ѝ се потребни предвремени парламентарни избори, а во коментарите потоа има многу расправии со непримерен речник по меѓуетничка линија. Флорим Исуфи на сите им одржува лекција: „Што се пцуете меѓу себе, не ви доликува, ... никому не доликува вака да пишува, било Македонец било Албанец. Оставете ја политиката... гледајте сами себеси да се оправите и однесувањето меѓу себе“. А по информацијата за оставката на пратеникот Павле Богоевски, Аџи Јанкула со забелешка: „Абе Трајко се повика на имунитетот за да не му се суди, а овој (Павле) фактички сам си го симна имунитетот за да може истрагата, а после и казната да си ја сноси. Ќе ги видиме вмровците кои се кријат... под јорган кога ќе се гласа за Николче и неговиот мандат, ако не му изгласаат бркање од Парламент и Павле има право да ја повлече оставката, а за дрога ќе треба да се провери од прошлата Влада па наваму, кој употребувал и кој пренесувал, а кој штител наркомани и дилери“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG