Достапни линкови

Села - Не поддржуваме закон за СЈО со кој се штитат големи политички мечки


Села: Потребни се предвремени парламентарни избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:11:42 0:00

Села: Потребни се предвремени парламентарни избори

Јас би поддржал закон кој нема за цел да амнестира некого, туку има за цел постепено да ги гради правото и правната држава. Нема да поддржам закон кој се крои за да се заштитат големи политички мечки во државава, вели Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Села, во изминатиот период е актуелна најавата за владина реконструкција. Што мислите од каде треба да започнат промените во извршната власт?

На Македонија ѝ требаат предвремени парламентарни избори. Само преку еден изборен процес може да се променат работите и да се движат кон правата насока. Сите аргументи дека не е време бидејќи нели очекуваме датум за Европска унија итн., се аргументи кои имаат за цел да го држат статус-квото во ова општество. Ако имаме предвид дека едно од најважните прашања за Европската унија се реформите во правниот систем, СЈО итн., тогаш веќе да заклучиме дека причината зошто можеби нема да добиеме датум е фактот што ДУИ е внатре во коалиција со СДСМ и тоа е факторот кој оневозможува да се случуваат вистински реформи од правниот аспект тука во Република Северна Македонија. И имајќи предвид дека изборите конечно ќе ја вратат демократијата во албанското општество и ДУИ ќе си замине во опозиција, мислам дека предвремените парламентарни избори ќе го забрзаат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ.

Дали доколку се случи владина реконструкција, гледате можност Алијансата повторно да влезе во Влада, дали размислувате во таа насока?

Ние сме конзистентни како политичка партија и кога донесуваме одлука, нашите одлуки се добро размислени. Ако не беше Алијансата за Албанците, тој фактор кој ќе ги сменеше политичките работи во 2017 година, денеска немаше да имаме ниту НАТО, ниту датум за преговори. А што добивме, како ни вратија? Тотално некоректен однос од страна на премиерот по локалните избори 2017. Дали сега ние повторно би се впуштиле во таква авантура? Не. Алијансата за Албанците ќе биде дел од власта кога ќе победи на парламентарните избори. Сега не гледаме причина да се вратиме и да бидеме дел од таа власт. Би се вратиле само преку изборен процес и преку добивање на легитимитет.

Дали тогаш преку изборен процес би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ?

Алијансата за Албанците ќе коалицира со тој политички субјект кој ќе ја прифати платформата и програмата на Алијансата за Албанците.

Кои би биле поконкретно условите доколку еве хипотетички на следните парламентарни избори победник биде ВМРО-ДПМНЕ?

Не сакам сега да одговарам на хипотетички прашања. Условите ќе бидат исти за сите политички партии со кои би седнале за да формираме влада. Хипотетички може да ме прашате и кои би биле условите ако седнам со Зоран Заев и со СДСМ. Нашите услови ќе бидат за доброто тука на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Иднината на СЈО е еден од предусловите за датум за преговори. Дали планирате безусловно да го поддржите предлог- законското решение што би произлегло од преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доколку успеат?

Јас би поддржал закон кој е за добро на граѓаните на Република Македонија. Јас би подржал закон кој нема за цел да амнестира некого, туку има за цел постепено да ги гради правото и правната држава, тоа ни треба многу како општество и закон кој ќе се крои за да се заштитат големи политички мечки во државава нема да поддржам.

  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG