Достапни линкови

Макрадули - Следната зима со намалено аерозагадување


Макрадули - Еколошките стадарди може да бидат пречка кон ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:12:55 0:00

Макрадули - Еколошките стадарди може да бидат пречка кон ЕУ

Континуирано работиме на мерки и активности за намалување на аерозагадувањето, во сегментите кои се дел од Планот за чист воздух. Допрва ќе ги видиме ефектите кога ќе почнат мерењата од октомври и од наредната грејна сезона, вели заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Макрадули, заврши периодот на енормно аерозагадување, а со тоа намален е притисокот на јавноста кон вас како претставници на власта. Можеме ли да очекуваме некакви промени до почетокот на следната зима?

Точно е, се покажува дека од домашното затоплување, бидејќи го нема и од менувањето на климата, немаме сега загадување, освен еден ден, на пример во месец април кај ректоратот од градежни активности и сообраќај, само тој ден има надминување. Она што е поразлично сега, е континуирано работиме на мерки и активности за намалување на аерозагадувањето, во сегментите кои се дел од Планот за чист воздух. Заради изборите чекаме да помине 5 мај и да се распише повикот за инверторите кои ќе ги инсталираме во повеќе јавни институции, пред сè градинки, основни училишта и здравствени домови. Филтрите кои треба да се набават заедно со одредени стопански капацитети кои загадуваат, помали комбинати, но од друга страна заедно со дел од универзитетите во Скопје и во Штип правиме еден научен пристап на мрежата за мониторинг, да ја надополниме на онаа овде во министерството и со научни факти да се бориме со загадувањето.

Го спомнавте владиниот План за чист воздух за 2019 година. Можеме да зборуваме за некакви досегашни ефекти?

Допрва ќе ги видиме ефектите кога ќе почнат мерењата од октомври и од грејната сезона. Има неколку објекти коишто се покрупни и емитуваат CO2, SO2 и кои нема веќе тоа да го прават од зимската сезона, така што секако очекувам намалување на аерозагадувањето.

СДСМ во програмата 2017-2020 вети повеќе мерки за животната средина? Што ве спречува да го реализирате тоа што сте го ветиле како партија?

Не нè спречува ништо. Институционализирањето на Министерството за животна средина во еден дел којшто сме го ветиле, а мора да го направиме, тоа е Фондот за животна средина, е нешто што треба да ги привлече средствата кои се плаќаат од еколошките такси по разни основи, да дојдат на едно место и потоа да се дистрибуираат само за еколошки проекти. Ме радува што општата атмосфера тоа го поддржува и се надевам дека ќе успееме тоа брзо да го институционализираме, да најдеме еден финансиски инструмент.

Целото интервју со заменик министерот за животна средина Јани Макрадули може да го погледнете на видео снимката на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Владимир Калински

    По завршувањето на студиите по новинарство започна да работи во А2 телевизија каде што известуваше за политички, економски и социјални теми. Потоа беше ангажиран во македонската редакција на Радио Дојче Веле во Бон. Во последниве неколку години работи во Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG