Достапни линкови

„Северџани“ и изборот на претседателски кандидати


Извадени буквите од Влада на Република Македонија во очекување на нови со името Северна Македонија
Извадени буквите од Влада на Република Македонија во очекување на нови со името Северна Македонија

Темите поврзани со кандидатите за претседател Пендаровски и Силјановска предизвикале многу коментари, а активни во коментирање се и оние посетители на РСЕ кои се против актуелната власт.

Знаевте ли, почитувани, дека оние посетители на нашата ФБ страница што немаат ништо против името Република Северна Македонија, се наречени „северџани“? Па Марјан Лазаревски, по информацијата за обраќањето на Стево Пендаровски до делегатите на Конгресот на СДСМ како потврден кандидат за претседател на државата постирал: „Лузер северџан“.

Инаку, се добива впечаток дека најактивни во коментирањето биле оние наши посетители кои се против актуелната власт. Марјан Стојков констатира со прашање: „Абе СДС, пак ли дволична политичка играрија. Стево ја ословува државата Македонија, Заев со Северна Македонија?“ и додава дека „не станува збор за надминување на етнички поделби... туку по цена на сè да се остане на власт која е нелигитимно добиена“.

За обраќањето на првиот човек на СДСМ и премиер, Зоран Заев пред делгатите на Конгресот на партијата, потпишан со НикНикНик коментира дека е „последното нешто што го бара тиранинот од Муртино за исполнување на неговите лични цели поделба на нашата Татковина на Албанија и Бугарија“. По прилично недоличните и со говор на омраза постови се „активирале“ и оние посетители на ФБ страницата на РСЕ кои не сметаат дека Стево Пендаровски е погрешен избор за кандидат за претседател на државата зад кој инаку застанаа, освен СДСМ, и 31 партија од сите етнички заедници во земјава. Реакцијата на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ дека зад изборот на Пендаровски стоел Заев и дека не го избрале делегатите на Конгресот, Данаил Дени Паланков ja коментира со следниов пост: „Колку што Пендаро делегатите го избраа толку и баба Гога ја избраа делегатите“ а Лав Македонски постирал: „Како и Гордана, нели 20 дена претходно општинските комитети знаеја за баба Зумбула...“ Ване Крстевски го прашува Сашо Велјановски, „Која Македонија?“. Сашо Велјановски инаку напишал: „Не, Змицко, ти си во заблуда. Зад Стево стои цела Македонија“. На Ване Крстевски му одговара Свен Јас Свен: „Ване, не се секирај, ќе видиш која... А ти оди во Будимпешта да гласаш“. Родна Пановска со својот коментар им удира шлаканица на сите што коментираат со непримерен речник и ги потсетува: „О,о,о, за срамота, па кој сака нека е, а ваков речник? А минатите избори Грујо ги доби со притисоци, со носење луѓе со автобуси од Албанија, со мито и еден гласач да донесе +10 инаку ќе ги брка од работа...“

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG