Достапни линкови

Вучиќ малку уплашен, Тачи смирува


Тачи и Вучиќ во СБ на ОН, смирување и страв
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Тачи и Вучиќ во СБ на ОН, смирување и страв

Претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи се соочија во Советот за безбедност на Обединетите нации неколку денови откако парламентот во Приштина гласаше за трансформирање на Безбедносните сили во оружени сили на Косово. Овој потег ги налути Србите на Косово и Белград, а предизвика и загриженост кај НАТО.

Претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи се обратија до Советот за безбедност на ОН по одлуката на Косово да ги трансформира своите постоечки безбедносни сили од 4.000 војници во редовна армија.

Претседателот Тачи во Советот изјави дека станува збор за „природен чекор“ за да се зацврсти косовскиот статус како суверена држава.

„Ништо невообичаено не се случи во Косово во минатата недела. Всушност, она што се случи е сосема нормална одлука. Само во своја мисија и своја цел. Ако Косово направи грешка, тоа е само што чекаше пет години чесно да формира армија. Одлуката за армијата може да биде задоцнета, но во никој случај не е погрешна“, рече Тачи.

Претседателот Вучиќ, пак, побара од Советот за безбедност да го „скроти“ Косово.

„Морам да кажам дека сум многу загрижен, многу загрижен и малку уплашен од иднината и за иднината. Не само за мојот народ, за нашата земја Србија, туку и за целиот регион“, рече Вучиќ.

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензија, пак оцени дека формирање на косовската армија претставува крешење на резолуцијата на Советот за безбедност за Косово:

„Ние постојано истакнувавме дека ситуацијата во регионот е многу нестабилна и во секој момент, може да излезе надвор од контрола. Ние побаравме внимателен меѓународен мониторинг од Советот за безбедност. Нашите жалби се занемарени, а Приштина често беше заштитена, нејзината позицијата е заштитена и како резултат на тоа ситуацијата стана експлозивна“, рече Небензија.

Британската амбасадорка Карен Пирс, пак, изјави дека Косово мора да соработува со НАТО и со другите меѓународни фактори во врска со новите оружени сили.

„Ние веруваме дека развојот на сопствените вооружени сили е во рамките на суверенитетот на Косово како самоуправна, независна држава и го повикуваме Косово да го прави во тесна консултација со НАТО и пошироката меѓународна заедница“, рече Пирс.

Косово и Србија беа повикани да преземат чекори за намалување на тензиите и да создадат услови за продолжувањена дијалогот што е можно поскоро.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG