Достапни линкови

Тензии меѓу Белград и Приштина за царините


Царини, Интерпол и нови тензии меѓу Србија и Косово
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Царини, Интерпол и нови тензии меѓу Србија и Косово

Косовската влада соопшти дека воведува давачки од 100 насто на сите стоки увезени од Србија и Босна и Херцеговина. Со тоа дополнително се зголемија тензиите меѓу Белград и Приштина откако Косово не успеа да стане членка на Интерпол.

Тарифите стапуваат во сила веднаш и не се однесуваат на меѓународни брендови произведени во Србија и Босна и Херцеговина.

Претходно овој месец, Косово воведе данок од 10 насто на стоки од овие две земји.

Одлуката на косовската влада, според вицепремиерот Енвер Хоџај, претставува одговор на, како што изјави, „агресивната кампања против Косово на меѓународна сцена“.

Тоа го потврди и косовскиот премиер Рамуш Харадинај кој изјави:

„Последниот ангажман на Србија ја загрози нашата стабилност, нашата безбедност, па затоа одлуката на владата на Косово денеска не е арогантна одлука. Тоа е одлука донесена од потребата да ја заштитиме нашата сопствена стабилност и нашите сопствени интереси“.

Ден претходно, Косово не успеа да му приклучи на Интерпол.

Тоа, според оценките, претставува удар за напорите на земјата за зајакнување на признавањето на нејзината државност.

Рашит Ќалај, генерален директор на Косовската полиција по гласањето на собирот на Интерпол во Дубаи изјави:

„Мислам, веќе неколку месеци нашиот сосед Србија се обидува да кажува многу лоши работи, да прави пропаганда против Косово, да користи некои лоши примери и да ги шири во светот, особено во земјите каде што има добри врски“.

За Белград пак, како што оцени српскиот претеседател Александар Вучиќ, тоа беше голема победа:

„Му честитам на српскиот народ. Им честитам на Србите каде и да живеат во регионот. Знам дека поради ова се радосни. Повторувам една мала победа за нас. На голема сила наидовме или многу големи сили сакаа да не тргнат, срушат, понижат“.

Вучиќ, по воведувањето на таксите свика седница на Советот за национална безбедност на која присуствуваше целиот државен врв на Србија.

Тој притоа оцени дека на ваков начин, меѓу другото, се сакало безусловна капитулација на Белград и целосно признавање на независноста на Косово, како и изолирање и протерување на Србите од Косово и оние јужно од реката Ибар и во северниот дел на Косово.

Според Вучиќ, потенцијалната цел на Приштина со овој потег била избивање судири и целосна дестабилизација на регионот.

Тој потврди дека Србија нема да воведува контрамерки, туку, како што рече, „ќе реагира рационално, мирно и одговорно, изразувајќи надеж дека ќе се избори за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG