Достапни линкови

Која опција ќе победи на референдумот? - ваши коментари


Фановите на РСЕ инспирирани од информациите за референдумот, коментираат - кој, како и дали ќе гласа на 30 септември. Ја коментираат и изјавата на премиерот дека ќе се повлече од политиката ако референдумот не успее, а имаат свои видувања и за барањето за помилување на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација „Мост“ во неделното интервју за РСЕ порачува „граѓаните добро да се информираат пред претстојниот референдум и да излезат на гласање, ова е референдум а не се избори, не се гласа за личности или за партија, се гласа за тоа како државата ќе се развива во следните пет или десет години“.

Кажувањето на Алексов е дочекано на нож, постовите се полни со јазик на омраза, со лични навреди. Горан Тозиевски, малку е поумерен и порачува дека има „Три опции, За, Против и Бојкот, така што не дрдорете глупости. Бојкотот“, напишал, „е легитимно право. Читнете малку Венецијанска комисија“ и на крај дури со седум извичници извикува: „Соросоиди“.

Алексов - На референдум не се гласа за личности или за партии
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:32 0:00

И Александар Митревски има негативен став спрема референдумот и Договорот со Грција, а постот му е во врска со информирањето, но си го толкува Договорот по свое: „И тие што сакаат да излезат, кога ќе се информираат и ќе го прочитаат договорот, ќе се фатат за глава и ќе бојкотираат. Кој нормален ќе излезе да се самоукине како народ? Не дечко, фала ти. Ќе си бојкотираме“.

Но Драган Бошков е ироничен: „Супер ни е иднинава 27 години, посебно последните 11 со лопурдите од ДПМНЕ“. Дури и новата изјава на опозицискиот Мицотакис дека „Договорот од Преспа на соседите им отстапува македонски јазик и македонски идентитет“, посетителите на нашата веб-страница ја сфаќаат како трик и со неверба: „Ова некако ми личи на замка за да исперат понекој мозок од нашите да гласаат“.

Според постовите, посетителите на веб-страницата не му веруваат ниту на премиерот Зоран Заев кој изјави дека ќе се повлече од политиката ако референдумот не успее. Данаил Дени Паланков коментира: „Ама да не се пишманиш на 30-ти пак“. И Вики Сашо Петровски има слично мислење: „Кој може тебе да ти верува, и Господ кренал раце, дали ќе има спас од тебе?“ Реџеп Ахмеди извикува спротивно: „Напред Заев, напред Македонијо во ЕУ и во НАТО!“ И Жаклина Лазаревска е позитивно настроена и напишала: „Според рејтингот што го има Зоран Заев да излезе на избори САМ ЌЕ ГИ ПОБЕДИ СИТЕ. ДПМНЕ во моментов е партија без соодветен лидер!!!“

За тоа дека барањето за помилување на Мијалков според аболицијата од Иванов Судот го одби, Марјан Лазаровски постирал: „За овој лопов – 100 години затвор“, а Тони Русовски прашува: „... бара да биде аболициран. Абе, вмровчиња, појасно ли ви е сега?“ Игор Вики Магероски е уште поостар: „Никако помилување... Овој... Грујо... Заев...Шекерка... Ахмети... Сите во една ќелија доживотно“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG