Достапни линкови

Алексов - Граѓаните да се информираат и да гласаат на референдумот


Алексов - На референдум не се гласа за личности или за партии
please wait

No media source currently available

0:00 0:10:32 0:00

Алексов - На референдум не се гласа за личности или за партии

Од исклучителна важност е граѓаните добро да се информираат и да го остварат своето право на глас на референдумот, порачува Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Господине Алексов, дел од вашите набљудувачи се веќе на терен, дел, како што рековте, ќе бидат допрва распоредени. Дали досега некој од вашите набљудувачи биле или се соочиле со политички притисоци од страна на политичките партии?

Во овие 16 години можеме да кажеме дека имало различни реакции од страна на политичките партии, во зависност од резултатите и во зависност од тоа колку биле задоволни, односно незадоволни од исходот на изборите. Тоа што може да кажеме е дека нашата мисија во ова општество е да соработуваме со сите и да имаме комуникација со сите засегнати страни кога се изборите или каков било друг тип на гласање. Тоа што можам да го кажам е дека во овој момент нема никакви притисоци ниту врз оние луѓе коишто го спроведуваат процесот во централната канцеларија на Мост, а нити врз оние коишто се на терен. Во овој момент е сè под контрола и како што треба.

Дали според вас финансирањето на кампањата од буџетски пари е погрешен чекор?

Времетраењето на кампањата коешто всушност чини пари коишто еве доаѓаат од буџетот, најважно од сè е да видиме како тие ќе бидат искористени и дали ќе бидат искористени во јавен интерес или нема да бидат искористени во јавен интерес. Со други зборови, многу е добар пристапот на Собранието да дозволи различните две опции во Собранието да добијат дел од овие јавни средства и да ги информираат граѓаните, со аргументи, во рамките на сопствените застапувања, дали за или против, да ги информираат граѓаните зошто би требало да гласаат за едната или за друга опција и тоа е несомнено јавен интерес. Во случај кога Собранието ви е овластен предлагач и организатор на кампањата, не можеме да очекуваме средствата да доаѓаат од некоја трета страна. Сè додека тие средства се користат во јавен интерес, односно се застапуваат опциите со коишто граѓаните ќе добијат доволно информации за информирано да излезат и да гласаат на референдумскиот ден, сè дотогаш кога е исполнет јавниот интерес, средствата коишто се нарекуваат јавни се оправдано употребени. Доколку имавме само еднострано информирање на граѓаните, тоа не е јавен интерес и тогаш би можеле да разговараме за тоа дали бил добар или лош потег.

Какви се вашите очекувања од референдумот? Дали ќе биде постигнат потребниот цензус за негова успешност?

Во овие 16 години ниту еднаш не сме си дозволиле, без разлика на нашите лични анализи, во оваа фаза од еден изборен процес или едно изјаснување, да кажуваме дали и колку луѓе ќе излезат и дали ќе излезат, но тоа што можеме да го кажеме денеска е дека апелираме до граѓаните добро да се информираат и да го искористат своето право на глас, затоа што како граѓани во оваа држава ние користиме одредени бенефиции и права. Како што сакаме да ги користиме привилегиите и бенефициите, исто така треба да ги спроведуваме нашите обврски. Една од обврските е да бидеме активни граѓани и да учествуваме во процесот на донесување на одлуки, а ова е една многу важна одлука од којашто зависи како државата ќе се развива во следните 5-10 години.

Целото интервју со извршниот директор на Граѓанската асоцијација Мост, Дарко Алексов, може да го погледнете во видео снимката на почетокот на овој текст.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG