Алексов - На референдум не се гласа за личности или за партии
Сите оние кои се дел од тој процес имаат за задача на граѓаните наједноставно и најпрецизно да ги информираат за сите аргументи зошто би требало да гласаат за или против и адекватно на тоа граѓаните информирано да излезат и да гласаат според сопствено убедување, вели Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација МОСТ која веќе 16 години ги набљудува сите изборни процеси во земјава.