Достапни линкови

Консултативен референдум за името на 30 септември


Референдумот распишан без ВМРО-ДПМНЕ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Референдумот распишан без ВМРО-ДПМНЕ

Со 68 гласови „за“, без „против“ и „воздржани“, Собранието попладнево донесе одлука на 30 септември да се одржи референдум за името, кој ќе биде консултативен. Прашањето ќе гласи - Дали сте за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?

Со 68 гласа „за“, без против и воздржани во Собранието беше донесена одлуката за распишување на референдумот за името. Референдумот ќе се одржи на 30 септември, а граѓаните ќе се изјаснат по прашањето - Дали сте за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција? Референдумот ќе биде консултативен. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа присутни на гласањето.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев порача дека со одлуката се пишува и создава историјата. Според него, со одлуката ќе се обезбеди просперитетна, стабилна и безбедна иднина за Македонија.

Јас морам да бидам искрен овде пред вас и пред целата македонска јавност знам дека оваа одлука не е лесна. Знам дека на сите ни претставува сериозно прашање, дури и на моменти болно. Но, верувајте ЕУ и НАТО се единствената алтернатива што ја имаме. Ние друга можност или друг избор немаме“, рече Тунтев.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата по обраќањето на нивниот колега Никола Мицевски. Тие, иако поднесоа два амандмани за предлог одлуката за распишување на референдумот, не беа присутни на претресот и на гласањето за нив, по што веднаш беа отфрлени од другите пратеници.

Мицевски порача дека парламентарното мнозинство и премиерот Зоран Заев, иако декларативно ги повикале да го поддржат процесот, тие го терале по нивна зацртана рута без консултации со што сакаат да го изманипулираат народот.

Со самото тоа што овој референдум во член еден се планира да биде консултативен, тоа укажува дека ова за вас е само форма и отвора можност за резултатот од референдумот да го толкувате како сакате“, истакна Мицевски.

ВМРО-ДПМНЕ се противи и на референдумското прашање, кое според партијата, треба да го вклучува само договорот за името. Според Мицевски, така поставеното прашање во себе содржи три прашања и со тоа, како што рече се наведуваат граѓаните, иако не сакаат да го прифатат договорот со името да го поистоветат со влезот во ЕУ и НАТО.

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села истакна дека не ја потпишале предлог одлуката за референдумот оти не е потребно негово одржување, бидејќи договорот за името со Грција веќе бил ратификуван во Собранието.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG