Достапни линкови

Решение за името само со прифаќање на ерга омнес?


Граѓаните поделени околу прифаќање на ерга омнес за името
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:44 0:00

Граѓаните поделени околу прифаќање на ерга омнес за името

Граѓаните и упатените сметаат дека без исполнувањето на условот на грчката страна за ерга омнес за името нема да се реши проблемот. Според нив, македонската влада ќе биде принудена да го прифати тоа барање ако сака да постигне решение за спорот.

Промената на Уставот и ерга омнес, односно опсегот на употреба на договорено име е клучното прашање во спорот на кое инсистира грчката страна и без кое не би можело да се постигне решение. На истиот став се и граѓаните и упатените кои сметаат дека без исполнувањето на тој услов нема да се реши проблемот.

Македонската влада во минатото порачуваше дека е доволен меѓународен договор, но попушти во ставовите при последниот предлог Република Илинденска Македонија за кој премиерот Зоран Заев изјави дека е подготвен да прифати ерга омнес, но тоа не би важело и за евентуални други решенија. Севкупна употреба веројатно би значела дека сите официјални документи во земјата би биле издавани со новото договорено име, кое би се користело и во меѓународната комуникација. Граѓаните кои ги анкетиравме се поделени. Едни велат дека условите на Грција не треба да бидат прифатени, а други дека тоа ќе биде неопходно. Најзагрижени се за промена на личните документи.

„Името си е име. Македонија си е Македонија. Тие нема што да бараат. Уставот си е закон. Законот си е закон и не треба да се менува“.

„Не може така да не условуваат. Ова е смешно дури што така не условуваат со се и сешто. Па кој ќе менува документи и зошто да се менува на една држава име и воопшто било што“.

„Нема требало, не требало, туку мора затоа што нема друго решение. Против сум на промена на Устав и на име, меѓутоа ако мора бидејќи друга алтернатива немаме, тоа е тоа“. Очигледно е дека мора оти Грците не попуштаат и се вешти преговарачи“.

„Најверојатно би требало. Тоа си знаат самите власти кои ја водат таа процедура. Ако се промени името би требало и Уставот“.

„Единствен начин и возможно решение е Македонија да прифати Северна Македонија и ерга омнес и да се менуваат документи“.

Поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески посочува дека послабата страна плаќа поголема цена. Според него, цената на сегашниот компромис е повисока од минатото поради инсистирањето на антиквизацијата.

„Ние имавме период во којшто можевме да демонстрираме и поинакво поведение, овие 10 години антиквизација практично ја префрлија поддршката на меѓународната заедница на страна на Грција и сега ние се сносиме со последиците од она што го правевме. Сега новата власт сака да каже дека ние сме нешто друго, меѓутоа штетата е направена и цената сега се испорачува. Македонските политичари на крајот од овој процес, и власта и опозицијата, но и народот, на референдум ќе се согласат со тоа или не“, смета Малески.

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Брисел постигнаа рамка за компромис за името и се очекува средба на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG