Достапни линкови

Голем интерес за „мали научници“ во Дебар


Дебарската детска градинка „Брешија“, која е дел од европскиот проект „Мали научници“.
Дебарската детска градинка „Брешија“, која е дел од европскиот проект „Мали научници“.

Дебарската градинка е носител на проектот, а партнери и се градинки од Италија, Данска, Литванија и Турција. Проектот е за развивање на експерименталниот дух кај децата.

Дебарската детска градинка „Брешија“, која ја претставува Република Македонија во проектот „Мали научници“, кој има меѓународен карактер, постигнува мошне добри резултати во развивањето на експерименталниот дух кај децата. Интересот на воспитувачките и децата во оваа градинка за проектот „Мали научници“ е голем.

„Градинката од Дебар е вклучена во проектот „Мали научници“ и е носител на овој значаен проект. Ние сме носители на проектот и преставници на Македонија, додека како партнери во овој проект се и градинки од Италија, Данска, Литванија и Турција. Ние сме многу задоволни што сме носители на овој проект“, објаснува директорката на градинката, Ајрие Дачи.

Координаторката на проектот, Марија Василевска, вели дека во втората фаза на проектот, која се одржа во Дебар, децата заедно со своите воспитувачки покажале одлични познавања.

Цел на овој интернационален проект е размена на искуства во сферата на науката. Од нашата градинка во овој проект се вклучени 21 дете, кои се избрани по пат на селекција на сите групи во градинката по две до три деца. Имаше критериуми на изборот на децата и во текот на изминатиот период се работени експерименти. Се работеше на теми од технологија, математика, а англиски јазик го водеше посебна учителка. Активностите се одвиваат два пати неделно, во согласност со планот кој е подготвен однапред. Децата се многу воодушевени и заинтересирани за проектот и многу ги интересираат експериментите и истражувањето во темите кои се обработуваат. Треба да се нагласи дека во основа со проектот се развива експерименталниот дух кај децата, со што се создава основа за понатамошно експериментирање во нивниот живот“, додава Василевска.

Во дебарската градинка велат дека овој проект од Програмата Еразмус Плус даде можност и децата од нашата земја, односно од Дебар, да покажат дека и тие се големи љубители на науката.

  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG