Трите главни блока или групи во Италија, по се изгледа, не ќе можат да владеат сами и мали се шансите за враќање на старата влада. Професор Џовани Орсино од Луис Универзитетот вели:
„Она што се чини дека може да се каже е оти е малку веројатно дека една коалиција ќе има мнозинство во парламентот, што значи дека ќе биде комплицирано да се создаде влада во Италија“.
Сценаријата сега вклучуваат неколку евроскептични коалиции, па дури и нови избори.
Десничарскиот сојуз поддржан од поранешниот премиер Силвиo Берлускони има најмногу гласови пред антиестаблишмент Движењето Пет Ѕвезди.
Ова движење кое во 2009 година го формира комичарот и активист Бапе Грило, според првичните резултати, ќе биде најсилната самостојна партија во парламентот.
Професор Орсино вели дека ова движењевсушност е победник на изборите:
„Тоа значи дека автоматски не води и кон барање до нив да формираат влада. Многу зависи од коалициите што ќе бидат способни да ги создадат“.
Владејачката централно-левичарска коалиција е на третото место, главно поради гневот на Италијанците поради растечката сиромаштија, високата невработеност и масовната имиграција.
Запрашан за неговите очекувања по изборите, Џанкарло Демофонти, сопственик на еден бар во Рим вели дека е скептичен оти гласањето може да донесе промена на сегашната состојба во земјата:
„Не знам кој победи или кој победува, но мислам дека тоа нема да направи никаква разлика“.
На парламентраните избори право на глас имаа над 46 милиони Италијанци, а главни фаворити меѓу политичките партии беа Форца Италија, Демократската партија и Движењето Пет ѕвезди, а меѓу личностите нивните лидери Силвио Берлсукони, Матео Ренци и Луиѓи ди Мајо.